Jас без да сум на ничиjа страна во вашата дискусиjа,го ставам част од Меморандумот на ВМРО до големите сили-1922, со потписите на Александров, Протогеров и Чаулев:
Г-н претседателе,
Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Бугари - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Грци - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %. Таа е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа делење е сосем произволно и неприродно. Долните текови на реките Места, Струма и Вардар, крај кои врват главните патишта од континентот кон морето, се во пределите на Грција; средните и горните текови на овие реки се во бугарско и српско владеење. Поради тоа е и економското назадување на градовите крај морето и на тие во задгрбнината. Кога ќе се додаде и несигурноста како резултат на непријателствата меѓу владетелите и победените, мизеријата меѓу населението се зголемува постојано, 90 % од жителите на Македонија, имено Бугарите, Турците, Албанците, Власите, Евреите се против тоа распарчување и поради изложените погоре причини, тие се држат на својот стар идеал - од Македонија да се формира независна држава, под протекцијата на општеството на народите или на ополномоштена сила од него.