Изградба на мотор

Вака скицава делува дека нема да работи. Прво што на целата конструкција ти и додаваш само предница од чопер. Односно, моторот ти е насредина. Башка имаш остатокот позади од колата. Во теорија, нема да имаш добар баланс и архитектура на возилото (зборуваме за трицилк). А и кај ќе седиш, над хаубата? А позади ќе биде место за багаж? Или боца со пиво? :)

За трицикл, најдобро е моторот да биде позади (со задна влеча). Затоа бубиве се најпознати и најлесни (и најсигурни) за правење трајк.

Ако стварно сакаш да правиш нешто слично од 2цв, јас би ти дал еден предлог (а верувам и дека е единствена опција).

Да го исечеш предниот дел, да прикачиш мотор и рачки, а позади да остане школката. И ќе изгледа вака:

2CV_trike1.jpg


2CV_trike2.jpg


Или евентуално да го оставиш некако моторот и патосот, и така да го шибаш, само наместо волан да му ставиш рачки?

Во секој случај, трајк не можеш да го направиш со мотор напред. Единствено да го оставиш моторот како што ти реков, и некако да го изведеш со рачки, едноставно да му ги тргнеш лимовите и се да се гледа, и да ставиш пвц околу него, како хот родовиве. Ќе биде кик ес сигурно.

Или да потсобериш пари и да го направиш вака...

MuscleDyane1024.jpg
 
Не се разбираме... Од цитроенот, јас би искористил само мотор, менувач, дел од потпирањето и држачите за моторот (баш како што прават со моторите од буба, со таа разлика што Цитроеновиот мотор е 650 кубици, и е далеку поекономичен од буба). Се останато би отишло за старо железо. Машината би дошла позади, а напред би го додал тркалото од предницата од чоперот. Инаку цитроенчето во оригинална форма е прекршено шасиски ( и наликува на патика) со мал напор предните тркала би се одделиле од задните. Кој имал Дијана знае, тука им е слабата точка. Така да друго од неа не бива, и ако не бидне трицикл ке заврши на отпад за старо железо.
 
Океј, сега те разбрав. Јас мислев дека и дел од задното парче ќе го оставаш.

Е сега, пак имаш "мал проблем". Менувачот ќе биде позади моторот. Значи ти пак ќе мора да седиш зад моторот. Додека кај буба, менувачот е пред моторот, и така ти седиш позади него. Од ова сега што го објасна, само ова го гледам како проблем.

Евентуално, моторот некако да го пикнеш под газ и да возиш над него.
 
Да, ама не си свесен колку мали се и моторот и менувачот на Цитроенот. Една дијана имам растурено комплетно, од неа имам менувач, така да верувај родена е за трицикл. Е сега дали ке почнам со работа летово, или пак само ке го земам моторот и деловите кои мислам дека ке ми требаат.... останува мистерија. Ке видиме имам 1.000 планови :)

Вака мислам дека би ги сместил под задното седиште кое ке се наоѓа измеѓу тркалата и ке биди малку повиско од предното. Напред би додал едно додатно седиште за управување. Е заебанцијата е како да се изведи менувачот, малку глупо е да менуваш брзини со рака, а менувачот е стандард како на секој автомобил.
 
а некако да се изведи со автоматски менувач па да не се заебаваш?
или намести си една брзина и терај така хаха
 
Абе зезајте се вие... Штета што ми испаднаа неиспланрани трошоци, инаку ке го правев летово тоа. Ама ништо од бизнисот, ке чека подобри времиња :)
 
ako resis toa da go gradis,kakva idea imas za sasijata???? zavareni cevki???
karoserijata:lim ili stakloplastika???
 
Па познавам еден човек кој направи трицикл задвижуван од машина од Буба (од него ми дојде идејата за трицикл, само тој баеги ја запусти работата со додавање на калници над тркалата и правење безвезни конструкции). Шасијата од цевки, добро заштрафени (или заварени, ама посигурен сум во 8.8 штраф системот), и додаден напред тимонот од чопер. Не планирам моторот да го покривам, воздушно ладен е, со одличен изглед само фарба со бронза.

Идејата ми е нешто налик на ова,
350x.jpg

со таа измена што моторот ке биде во правец со задните тркала, и седиштето ке биде од 2 дела: еден што ке управува ке седи напред, додека над моторот ке има додатна клупа која ке биде повисоко и на која ке можат да се сместат уште 2 патници. Резервоарот од чоперот ке си остане и ке се искористи, а делот каде што се држи машината или ке се одстрани, или ке се затвори некако да не биде само цевки.
 
Да не знаете некој да продава Циндап, по можност сосе приколката? :)
 
Back
На врв Bottom