Изградба на мотор

redneckmotorcycleclassixf0.jpg


еее после ќе ми велат “трeбало кинематики.. вакви челици, онакви заварувања, вакви штрафови...“
 
Дрвен.... Со ова на некој покалдрмест пат можно е машинчето да ти замине сосе едното тркало, а ти да останеш со тимонот во рака :). Сепак не верувам дека е толку страшно пошо гледам има амортизери. А сетете ја свирката во вид на труба напред што е закачена.
 
Е да имав една идеја (веќе користена до сега али е добра) Еднаш ја споменав овде, значи градба на мотор со машина од Буба. Инаку строго земено то би било само составување пошто рамка би зел од некој Руски Ирбит Урал или Днепар од 60 сетите (ги има на тони во Русија и тие заедници таму)

Плус пар ситници како ... трансмисија или менувач... али боже мој....



Прочитај за AMAZON од Бразил или Мексико. Тоа беше моторцикл со мотор од Буба и имаа своја трансмисија и менувач.

Инаку не знам како ги во извел тоа ти...само заради менувачот. Потребна е изработка на мењач или некаков си кардански пренос.
 
Плус работа ...

Како ќе ја правиш рамката?

За тоа треба многу многу прецизна работа и ти треба шема...шаблон за правење на добра рамка. Најлошо е да имаш неправилно конструирана рамка.
 
Кога сме кај правење од ништо нешто, имам луда идеја да направам трицикл од Дијана 6 и мотор. Машината од Цитроенот сосе менувач кочници и тркала да остане назад, а напред да се додаде предното тркало од чопер. Само ке видиме дали ке остане на идеја или ке се премине и на реализација :)
 
другар не ти е лоша идеата ама како ке го регистрираш трициклот, глдам по битолава се возат 2 ама не заприметив дали се регистрирани
 
Кога сме кај правење од ништо нешто, имам луда идеја да направам трицикл од Дијана 6 и мотор. Машината од Цитроенот сосе менувач кочници и тркала да остане назад, а напред да се додаде предното тркало од чопер. Само ке видиме дали ке остане на идеја или ке се премине и на реализација :)

Подобро земи од пегле отколку дијана. Иста кубикажа, исто воздушно ладење а за пеглето имаш делови за моторот во месарница:vozbud:
 
Џиш...дефинитивно најди нешто со мотор+погон назад. Со Дианата тешко ќе ти оди.
Освен ако не сакаш трицикл кој ќе има едно тркало назад.
 
Zosto???moze da se izvede semata, ako veke ima takva mehanika, malku poveke struktura....
..........................inaku so peglicka bi bilo navistina lesno...:)
 
Zosto???moze da se izvede semata, ako veke ima takva mehanika, malku poveke struktura....
..........................inaku so peglicka bi bilo navistina lesno...:)

Само што ќе тресе повеќе од Триумф Боневил (од првата генерација).

Полошо креирана машина од пегле неам видено. Се си работи како што треба, ама како се движат клиповите тоа чудо!

Замајач како на дизел...:pos2:
 
Абе не сте имале Дијана, затоа така велите. Со старио мој имавме дијана 10 години не слегувавме од неа. Освен бензин друго нешто незнам дека и фалеше. Од време на време масло и се менуваше и свеќички...

Пегле... не е тоа тоа. Моторот е многу поразличен од Дијана, и не верувам дека делови има баш во месарница. Башка сите што имале пегле кукаат дека им се сипи :kesa:, а цела дијана можам да ја зеам за 100 евра. Инаку не гледам зошто мора моторот да е исклучиво од возило кое влечи на задна... Едноставно е каде што се наоѓа маската и отворите за вентилација, од таму се додава третото тркало, немора да биде обратно.
 
Кај ќе најдиш Дијана во одлична механичка состојба (зборам мотор кочници) за 100 евра?!
 
Најдена е :). Повеќе ме мачи кај ке најдам предница од чопер за да ја составам во трицикл. Башка колку работа има во тоа, а мене ме мрзи на Yamahata што ја имам да му ставам машина, можеби побрзо ке ја шитнам така.

A вака ми е замислата да го составам моторот. Насоката на движење е иста, единствено треба да се фиксираат тркалата кои се подвижни поради воланот, а во прототипот ке дојдат позади.

805029slice.JPG
 
Не знам како ќе изгледа ова...вака делува смешно. Ако имаш слика клај ја!
 
Ке видиме како ке делува доколку се премини од план во реализација :). Инаку незнам како би одело со регистрацијата, бидејки можам број на шасија и број на мотор да ги оставам од Дијаната, па да се напрам на улав и да одам на технички :pos:
 
Back
На врв Bottom