Изедовме 1,5 тони канцерогено пченкарно брашно

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.402
Поени од реакции
35.044
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
ПО ОТКРИЕНИТЕ АФЛАТОКСИНИ ВО СРПСКИ ПРАТКИ, АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО СООПШТИ

Изедовме 1,5 тони канцерогено пченкарно брашно :вонзем:

Околу 1,5 од вкупно 10 тони српско пченкарно брашно со афлатоксини, кои предизвикуваат рак на црниот дроб, завршиле кај потрошувачите во пакувања од 500 и од 750 грама или се изедени преку пекарските производи, вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тој смирува дека не се работи за многу големо количество, бидејќи остатокот од токсичното брашно, околу 8,5 тони од рафтовите во продавниците и од 30 тони од магацините, веќе е повлечено и ќе биде уништено или вратено во Србија. "Казни ќе има ако се утврди вина кај увозниците.

Пратките се стигнати со валидни резултати за исправност од Србија, што потврдуваат дека брашното било во ред. Надлежните српски служби треба да ни кажат зошто резултатите од анализите покажале отсуство на афлатоксин, дали во моментот кога биле земени мострите брашното било исправно, со оглед на тоа што количеството афлатоксини се зголемува во случај на несоодветно складирање. Можно е анализите да биле негативни, а, во меѓувреме, да се покачиле вредностите на микототксините во брашното, ако чувањето не било како што треба", рече Рунтевски.

Според д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија, не треба да се занемарува и најмалото количество храна внесено со афлатоксини во организмот.

"Две-три консумирања на храна со овој токсин не може да предизвикаат рак на црниот дроб, но честото јадење храна која го содржи отровот може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Потоа ќе се чудиме како може некој да почине од рак на црниот дроб кога цело време здраво се хранел, не пиел и не пушел", вели Чибишев.

За да се заштитиме од евентуален увоз на нови количества токсично брашно, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили контролите на сите гранични премини и го забрани пуштањето во промет на секоја пратка пченкарно брашно наменето за човечка исхрана, додека не се добијат резултатите од најновите мостри.

Извор: Вест

Какви ќе бидат казните за овие проклетници што се обидуваат да заработат загрозувајќи го здравјето на граѓаните? Да им дадеме 2 години да се хранат себе и да си го прехрануваат семејството со истото брашно, или?
 
И јас често се прашувам , дали прати некој што влегува во Македонија , го анализираат ли составот на производите.

Еднашка купив наполитанки , кога ги отворив беа препечени , но ете од фабриката ги пакувале и нив , иако мирисот не им беше нормален.
Има други производи кои од самиот поглед кажуваат дека нешто не е во ред со нив.

Дај бе нека пазат , ќе не отрујат, што му е гајле а кинезот дали ќе се отруеме или не.

И оваа со брашното , ние откривме дека е канцерогено или од Србија ни кажаа ?

Осеќам дека ако останеше за нашите инспекции , ќе јадевме и други 10 тона.
 
Кога кажуваат дека не се работи за многу големо количество, тогаш значи вистинската бројка е многу поголема, бидејќи доколку Агенцијата за храна и ветеринарство сериозно си ја сфаќа и сериозно си ја врши својата работа, наместо да го смируваат народот, треба да излезат со препораки за заштита од ваквите отрови, како и со превентивни мерки против ваквото труење.

Во вакви околности треба и јавниот правобранител да излезе со препорака каде и како да си ја бараме правдата поради ваквото труење, а истовремено јавното обвинителство мора да отвори истрага за ваквото труење.

Се што спомнав пред малку звучи како научна фантастика за нас, бидејќи во Македонија тоа го имаме само на филм видено, а не и во реалност, додека на запад за вакви труења цели корпорации пропаѓаат поради тужби.
 
Не ме зачудува ова воопшто, во држава каде е важно богатењето, на сметка на туѓото здравје и живот ова е нормална работа. Се знае кој добива или поважно издава дозволи за увоз на храна, некој треба да виси на плоштад за вакви работи.
 
А да го препакуваме остатокот од брашното и да им го пратиме на браќата Грци? И така се во криза.
Смоките на Витаминка, ако не се лажам од пченкарно брашно ги прават. И тоа ли е од Србија увезено?
 
ПО ОТКРИЕНИТЕ АФЛАТОКСИНИ ВО СРПСКИ ПРАТКИ, АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО СООПШТИ

Изедовме 1,5 тони канцерогено пченкарно брашно :вонзем:

Околу 1,5 од вкупно 10 тони српско пченкарно брашно со афлатоксини, кои предизвикуваат рак на црниот дроб, завршиле кај потрошувачите во пакувања од 500 и од 750 грама или се изедени преку пекарските производи, вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. Тој смирува дека не се работи за многу големо количество, бидејќи остатокот од токсичното брашно, околу 8,5 тони од рафтовите во продавниците и од 30 тони од магацините, веќе е повлечено и ќе биде уништено или вратено во Србија. "Казни ќе има ако се утврди вина кај увозниците.

Пратките се стигнати со валидни резултати за исправност од Србија, што потврдуваат дека брашното било во ред. Надлежните српски служби треба да ни кажат зошто резултатите од анализите покажале отсуство на афлатоксин, дали во моментот кога биле земени мострите брашното било исправно, со оглед на тоа што количеството афлатоксини се зголемува во случај на несоодветно складирање. Можно е анализите да биле негативни, а, во меѓувреме, да се покачиле вредностите на микототксините во брашното, ако чувањето не било како што треба", рече Рунтевски.

Според д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија, не треба да се занемарува и најмалото количество храна внесено со афлатоксини во организмот.

"Две-три консумирања на храна со овој токсин не може да предизвикаат рак на црниот дроб, но честото јадење храна која го содржи отровот може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Потоа ќе се чудиме како може некој да почине од рак на црниот дроб кога цело време здраво се хранел, не пиел и не пушел", вели Чибишев.

За да се заштитиме од евентуален увоз на нови количества токсично брашно, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили контролите на сите гранични премини и го забрани пуштањето во промет на секоја пратка пченкарно брашно наменето за човечка исхрана, додека не се добијат резултатите од најновите мостри.

Извор: Вест

Какви ќе бидат казните за овие проклетници што се обидуваат да заработат загрозувајќи го здравјето на граѓаните? Да им дадеме 2 години да се хранат себе и да си го прехрануваат семејството со истото брашно, или?
Епа ај - на здравје нека ни е... :(
 
Јас не изедов....
--- надополнето: 14 декември 2012 во 17:38 ---
Освен лебот се што е од пченица избегнувам секакви тестенини, ништо од пченка царевка и соја....
--- надополнето: 14 декември 2012 во 17:40 ---
Да се засилат контролите врз пченкарно брашно за човечка употреба, ами тоа за животните и тоа индиректно оди кај луѓето преку месото, млекото и јајцата.
 
Кој знае уште што се не сме изеле...имаме најквалитетна храна,ама за жал се квалитетно извезуваме,а увезуваме ѓубришта!:mad:
 
Само едно прашање, за ова се дознало. Знаете ли за колку не се дознава? и да не се канцерогени, се далеку од нормални за конзумации, емулатори, густини, адитиви, хемии...
 
А што е со големите фирми што произведуваат леб како на пример Жито Вардар и ред други, дали тие увезуваат брашно или го произведуваат тука во Македонија?
 
Наградна игра на Владата на Република Македонија: Купи пченкарно брашно или производи од пченкарно брашно по багателни цени и без никакви контроли на квалитетот и добиј оштетувања на огранизмот. А само за најсрекните, рак на џигерот(црниот дроб). Се што треба да направите е да го купите брашното и чекате да бидете дел од најсрелните. Со среќа и среќни празници на сите граѓани на Р. Македонија.

Со почит, Владата на Република Македонија ;)

П.С. не е оф топик... озбилен сум...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom