Иванов, Керим или Бошкоски?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

За кој кандидат ќе гласате?

  • Ѓорѓе Иванов

    Гласови: 123 34,4%
  • Срѓан Керим

    Гласови: 101 28,2%
  • Љубе Бошкоски

    Гласови: 63 17,6%
  • незнам (или нема да гласам)

    Гласови: 71 19,8%

  • Вкупно гласачи
    358
Статус
Затворена за нови мислења.
Не верувам 50% да гласаат за Љубе. Тој очигледно е ставен под контрола од некого. Изборот на Љубе ќе биде голема дамка за Македонија во меѓународни рамки.

Кога сме кај самата појава, Иванов сепак делува најпрефинето и најчовечки од тројцата понудени (досега). Има држење, плус дефинитивно има познавања човекот, никако не е бос, за разлика од другиве двајца.

Исто така, Иванов се има изјаснето за нашето потекло - нешто што Керим никогаш го немам чуено да каже по тоа прашање, сходно Керим е suspect зошто никако не сакам да добиеме втор Бранко. А баш Бранко го протежира Керима. Самот тоа што Керим ја направи вртоглавата кариера во времето на побеснетиот бугароман Љубчо Георгиевски, го става на многу климави нозе.

http://www.mazedonium.org/?p=86
 
Ајде еден искрен одговор дај ми... Дали навистина веруваш дека Ѓорѓи Иванов би работел за македонските интереси?

Иако прашањето не беше упатено кон мене, јас би сакала да се изјаснам.

Да. Јас како индивидуа верувам и знам дека Ѓорѓе Иванов би работел за македонските интереси и истите ќе ги брани, затоа што е човек што навистина ја сака својата држава.

И не знам, кој сака нека го кандидира, крај краева и Амди Бајрам нека го кандидира, јас пак би гласала за Иванов, затоа што знам и сум цврсто уверена дека е вистинскиот избор за државава.
 
Не верувам 50% да гласаат за Љубе. Тој очигледно е ставен под контрола од некого. Изборот на Љубе ќе биде голема дамка за Македонија во меѓународни рамки.

Кога сме кај самата појава, Иванов сепак делува најпрефинето и најчовечки од тројцата понудени (досега). Има држење, плус дефинитивно има познавања човекот, никако не е бос, за разлика од другиве двајца.

Исто така, Иванов се има изјаснето за нашето потекло - нешто што Керим никогаш го немам чуено да каже по тоа прашање, сходно Керим е suspect зошто никако не сакам да добиеме втор Бранко. А баш Бранко го протежира Керима. Самот тоа што Керим ја направи вртоглавата кариера во времето на побеснетиот бугароман Љубчо Георгиевски, го става на многу климави нозе.

http://www.mazedonium.org/?p=86

Неблагодарно е сега вака да се однесуваме со Брат Љубе и во екот на предизборието да тврдиме дека е ставен под нечија контрола. Едноставно со ладна глава, Брат Љубе нема потенцијал за претседател. Реков многу напред во оваа тема Брат Љубе беше патриот, можеби е и сеуште, но мислам дека оваа кандидатура му е повеќе лична инспирација за да го „уновчи“ рејтингот на кој игра или мисли дека го има со се она што го направи претходно, но реков и тоа дека не значи дека сите оние кои што безрезервно го подржувавме во изминативе години го подржувавме затоа што сакаме тој да биде претседател. Го подржувавме заради околностите и делата што тогаш ги правеше тогаш, го подржувавме затоа што сакавме да кажеме дека се она што се прави против него со измислениот судски процес се прави против човек кој нема никаква одговорност, се прави против Македонија. Затоа мислам дека во овој случај кандидатурата за претседател е негов личен избор, но јас во тој случај нема да го подржам бидејќи мислам дека таа функција тој нема да може да ја обавува. Овој пат Иванов е кандидатот кој ке го добие мојот глас затоа што од скромното мое познавање мислам дека тој би можел чесно, достоинствено и вредно да се носи со функцијата.
Срѓан Керим можеби е добар и искусен политичар, но СДСМ навреме го дискредитираа отргајќи го од игра или што не верувам заедно со нив крои нешто што допрва ќе го видиме. Во секој случај со среќа на тројцата, на крај еден нека се радува на чесна победа, а јас му ја давам подршката на Иванов.
 
И не знам, кој сака нека го кандидира, крај краева и Амди Бајрам нека го кандидира, јас пак би гласала за Иванов, затоа што знам и сум цврсто уверена дека е вистинскиот избор за државава.

Шо толку, да не несе златни јајца на кои пишува property of Macedonia (и под него координати да се знае дека за нашава Македонија се работи) :toe:
 
Кој е бре овој Иванов (некој бугарин).....јас богами првпат слушам за него?! Е море македонче, македонче!!
 
Шо толку, да не несе златни јајца на кои пишува property of Macedonia (и под него координати да се знае дека за нашава Македонија се работи) :toe:

Не, не несе јајца, но е навистина човек пред се, а потоа се друго. И убаво кажа Шкариќ, он живее за, а не од политиката. Он ја сака политиката, ја сака и државава и верувај ми дека гарантирам дека цврсто ќе ги брани нејзините интереси.
 
Кој е бре овој Иванов (некој бугарин).....јас богами првпат слушам за него?! Е море македонче, македонче!!

Па да го ставиме Бајруш Сејдиу и така познат е на македонскиот народ, значи македонскиот народ гласа само за луѓе кои се познати не ми е јасно тоа :toe:
 
Кој е бре овој Иванов (некој бугарин).....јас богами првпат слушам за него?! Е море македонче, македонче!!

Ај прво убаво информирај се, а потоа зборувај. Бугарин бил.:pop: Ако нечие презиме завршува на -ов, не значи дека има било каква врска со Бугарија, исто што не значи дека некој што се презива на - ски дека е голем патриот и ја сака државата.

Иванов ја сака државава.
 
Не, не несе јајца, но е навистина човек пред се, а потоа се друго. И убаво кажа Шкарич, он живее за, а не од политиката. Он ја сака политиката, ја сака и државава и верувај ми дека гарантирам дека цврсто ќе ги брани нејзините интереси. Затоа што од тоа што досега сум го видела, тој е идеален човек за да биде претседател. Голем човек.

нешто од потесна фамилија ти е? или личен пријател на твоите? Како знаеш дека е добар човек и одличен за Македонија?
 
нешто од потесна фамилија ти е? или личен пријател на твоите? Како знаеш дека е добар човек и одличен за Македонија?

Врати се назад низ темава или пак во темата само за Иванов таа убаво рече дека и е професор и дека го познава.
 
нешто од потесна фамилија ти е? или личен пријател на твоите? Како знаеш дека е добар човек и одличен за Македонија?

Не ми е ни во фамилија, ниту пак се познава со моите. Човекот ми е професор на факултет и сум ги слушала неговите предавања, неговите размислувања, ставови, и човекот е еден од ретките што не се однесува со студентите како со стока, како што е обичај кај нас, туку се однесува спрема нас со почит.

Немам никаква роднинска врска со човекот, едноставно го почитувам како професор и кога прочитав за неговата номинација ми беше драго.
 
Не ми е ни во фамилија, ниту пак се познава со моите. .

Но другите државници не се студенти, ниту стока. Неговиот однос со луѓето и големината на личноста се секако многу важни за да биде избран, но вистинската вештина која еден претседател треба да ја има е дипломатија и големо познавање на светот и политичарите ширум него.

Во ситуација во која сме ние, нам исто така ни треба човек кој ќе знае одлично како да лобира за македонската кауза ширум светот, што би се рекло ни треба манипулант и лажго. Токму онаков како што беше БЦ, само што штета што се покажа дека тој не ја сака Македонија доволно.

На крајот, морам да признаам дека јас Иванов воопшто не го познавам, и можеби грешам во мојата проценка, но ние мораме да направиме избор врз основа на неговото минато и на неговиот став, а не на неговата политичка партија (како некои) или неговиот личен однос со нас (како ти). со оглед на тоа, за мене е тотален анонимец (а со тоа и на светот) сметам дека не е добар избор за претседател.
 
Затоа постојат кампањите, за народот да се запознае со него. Инаку не е толку тотален анонимец, Иванов.

Рано е да се зборува, кога ќе почне кампањата, народот ќе види кој е и што е.
 
Исто така, Иванов се има изјаснето за нашето потекло - нешто што Керим никогаш го немам чуено да каже по тоа прашање,
Мене не ми треба Претседател кој мене ќе ми докажува дека сум Македонец.
Не ми треба дури ни претседател кој во наредните пет години ќе ми ја објаснува историјата, и тоа што се случувало пред 100 или 2300 години.
За ова постојат историчари, академици и соодветни институции.

Мене ми треба Претседател кој ќе ми објасни, каде ја гледа Македонија во наредните 5 години од неговиот мандат. Кои ќе бидат неговите приоритети со оглед на надлежностите што ги има....на кој начин мисли од Македонија да ја направи подобро место за живеење...

Мене ми треба претседател со визија за иднината, а не со поглед кон минатото.
сходно Керим е suspect зошто никако не сакам да добиеме втор Бранко. А баш Бранко го протежира Керима. Самот тоа што Керим ја направи вртоглавата кариера во времето на побеснетиот бугароман Љубчо Георгиевски, го става на многу климави нозе.
http://www.mazedonium.org/?p=86
Керим врвот на кариерата го достигна со назначувањето на место Претседател на Генералното собрание на ООН, со сесрдна подршка и лобирање од страна на сегашнава влада и од страна на сегашниот премиер Никола Груевски.

Ова твојот "suspect" го става на многу климави нозе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom