Ај, збор два за Љубе Бошковски, моја перспектива:
1.Мендела фазонот ми се допаѓа. Ама, од него кога доаѓа го става во положба за прелесна девалоризација во Македонија, денеска. Нема помирување без чистење на сите можни компликациско-тенденциозни случаи, какви и да се по форма. Кога тоа се обидуваш да го прескокнеш, ќе налеташ на дупка.
2.Ова му е единствениот момент да профитира политички од ситуацијата во која беше. Доколку овој воз го пропушти, за 4 години ќе е доцна. Или ќе е додатно дискредитиран и отпишан, или ќе го заборавиме - такви сме ко народ. Дневни сензации сакаме, не трајни.
3.Со кој бекграунд сака да и помогне на земјата која ја сака? Не сакам да бидам нечувствителен и груб, но дипломатско искуство од дружење со затвореници незнам колку може да стекне. Паралелно, мене никогаш не ми оставил впечаток на некоја "црвста рака" или неодолива харизма која ќе му помогне да биде одбран и да обавува некоја функција колку толку коректно.
4.Ванчо Михајлов, рехабилитација...Можам да простам, никогаш да заборавам. Налет, цела историја ни е полна со (на моменти, помалку или повеќе) заблудени синови. Не се плашам од никаква можна идна "вулгаризација" на земјава од негова страна бидејќи тој не го поседува мојот ум, нити твојот, нити на некој друг...но не сакам уште еден срам еден ден, срам каков имам од уште еден веќе историски лик, негов другар, "голобрадо момче какво немало во земјава".
5.Љубе Бошковски сето што го напишав добро го знае. Не е тој толку наивен и да падне на можниот симулиран циркуз режиран од некој друг... Верувам барем, дека се му е јасно однапред. И затоа, верувам дека сака да го искористи моментот, за да се испазари што подобро може. Друго објаснување, немам.
За него глас,
само во КРАЈНА нужда.
Ете, тоа е накратко.
За другите, став ќе дадам кога официјално ќе поднесат кандидатури.
Иако, едниот од преостанатите двајца, се сомневам дека ќе треба да го анализирам воопшто.
Доволно демократски?