Ивана Рожман: Одлуката на МОК ме уништи и ме натера да се откажам од атлетиката

Статус
Затворена за нови мислења.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.875
Поени од реакции
23.336
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=10147

Најдобрата македонска атлетичарка Ивана Рожман со соопштение до нашата редакција ја известува јавноста дека се откажува од атлетиката поради одлуката на Македонскиот Олимписки Комитет да не и биде дозволено да настапи на ОИ во Лондон. На само неколку часа пред отворањето на Олимписките игри во Лондон, голем удар за македонскиот спорт и за МОК.

Во продолжение го објавуваме во целост соопштението на Ивана Рожман испратено до ЕКИПА.

ivana%20rozman%20Peking2008.jpg

Почитувани,

Би сакала да Ве информирам дека Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) ми ја уништи кариерата и ме откажа од атлетиката. И покрај тоа што сум најдобра атлетичарка во Македонија меѓу жените и мажите, која е единствената во последните 7 години што има постигнато резултат кој вреди повеќе од 1000 бодови (100 м - 12,01 = 1011 бодови) според таблицата на Меѓународната атлетска федерација ( ИААФ), МОК не ми дозволи да учествувам на Олимписките игри во Лондон.

Имено, МОК донел одлука, (поточно директорот Владимир Богоевски како што тој кажува дека тоа било негова одлука) еден спортист кој учествувал еден пат на Олимписки игри со вајлд карта, да не може да учествува по втор пат на ОИ ако нема олимписка норма, па макар и да е апсолутно најдобар во својот спорт или да е со резултат и на само една стотинка до олимписката норма.

Во Пекинг на ОИ јас учествував во трката на 100 м кога имав личен рекорд 12,48 сек. и успеав да победам 16 претставнички од други земји, а сега кога имам многу подобар резултат ( 100 м-12,01 сек), МОК не ми дозволува учество на ОИ, туку на мое место ќе учествува далеку послаба атлетичарка која на 400 м има резултат 58,98 сек кој според таблицата на ИААФ вреди 904 бода.

МОК (читај: Владимир Богоевски) на место да ми пружи можност да исполнам олимписка норма со доделување олимписка стипендија и да ми обезбеди подготовки како што обезбедуваше подготовки и стипендија за 10 спортисти од други спортови од кои никој не исполни олимписка норма, а нивните меѓународни федерации не предвидуваат учество на ОИ со вајлд карти, не ми дозволи да учествувам на ОИ и покрај тоа што ИААФ и Македонската Атлетска Федерација (АФМ) ме одредија мене како најдобра атлетичарка во Македонија во женска конкуренција јас да ја претставувам нашата земја на ОИ.

МОК се стави над ИААФ која е единствено компетентна да каже кој може да учествува на ОИ во атлетика и која ги одредува олимписките норми. Во правилата за натпревари на ИААФ се вели: Национална атлетска федерација која нема исполнето Олимписка норма на ОИ може да учествува со своите најдобри атлетичари во машка и женска конкуренција.

Во Статутот на АФМ во член 5 стои: АФМ се зачленува во МОК и при тоа си го задржува правото да го одреди олимпискиот тим. Согласно овој член Извршниот одбор на АФМ на ден 5 јуни 2012 донесе одлука на ОИ во женска конкуренција да биде пријавена Ивана Рожман за трката на 100 м, во машка конкуренција Кристиан Ефремов за трката на 400 м, а тренер да биде Ѓорги Вучков - тренер на Рожман и на Ефремов. Во истата одлука се вели доколку МОК не ја пријави Рожман, тогаш во женска конкуренција да не учествува друга атлетичарка.
Бидејки пријавувањето до ИААФ за ОИ оди преку Националните Олимписки комитети, а врз основа на оваа одлука, АФМ испрати званична пријава до МОК. Како одговор на пријавата МОК писмено одговори дека поради таа нивна одлука Ивана Рожман не може да биде пријавена до ИААФ и на нејзино место АФМ да пријави друга атлетичарка.

Така МОК не само што ги прекрши правилата на ИААФ, туку го прекрши и Статутот на АФМ. Но, Статутот на АФМ го прекрши и ново избраниот претседател на АФМ, Крсто Серафимовски, и неговиот Извршен одбор. Имено, на 23 јуни 2012 година на Изборно собрание на АФМ Крсто Серафимовски беше избран за претседател на АФМ кој го прекрши член 5 од Статутот на АФМ, ја суспендира одлуката на претходниот претседател Цветко Гроздановски и неговиот Извршен одбор и по сугестија на МОК донесе одлука на место Ивана Рожман за ОИ да биде пријавена Христина Ристеска.

По сето ова, мене не ми преостанува ништо освен да се откажам од атлетиката и правдата да ја барам на суд. Со таа своја одлука, МОК стана екзекутор на спортските кариери на најдобрите атлетичари во Македонија. Кога слушна за одлуката на МОК, најпрво се откажа од атлетика Реџеп Селман кој заедно со мене ги бранеше боите на Македонија на ОИ во Пекинг, а еве сега мора ми јас да се откажам.

Да немаш ниту денар стипендија од клуб, од АФМ, од МОК, од АМС, да немаш 10 години соблекувална, да се соблекуваш во зима и во лето на трибините од стадионот, да немаш туширање по напорните тренинзи, да немаш да се напиеш чај по тренинзите, да немаш подготовки, да немаш пари за засилена исхрана за витамини, родителите да ти ја купуват спортската опрема, да не можеш да се вработиш никаде, да бидеш најдобра во својот спорт, а да не ти биде дозволено да учествувашна ОИ, тогаш која е мотивацијата јас да продолжам со тренинзи?!

Би Ви била крајно благодарна доколку го објавете ова мое писмо и ја запознаете јавноста со таа ирационална одлука на МОК, која е штетна за македонскиот спорт и ги уништува најдобрите спортисти во Македонија.

Со почит,
Ивана Рожман - прогласувана за најдобра атлетичарка
во Македонија од 2006 до 2012 г.
 
i posle nekoj ke se zaprasa, zosto ni begale.........
sramota.
ako e i barem 5% tocno ova devjokava so go pisuva,
treba cela atletska federacija na kloci da se digne.
i ova ne go mislam figurativno, tuku bukvalno da im
se vleze vo kancelarija i na kloci.
e kako me napnuvaat vakvi raboti...
kako moze zborot na nekoj nas mamlaz da bide pojak od olimpiska norma??
aj ako sum sfatil pogresno, neka me ispravi nekoj.
 
ако е ова вистина, пакувај коферите и веднаш заминувај одовде, верувам дека голем број на западни држави и ќе платат да те имаат кај себе, и потоа мавни им на идиотиве овде!
 
И да е вистина и да не е вистина уште не сваќам од каде наоѓа храброст и оправдување да плаче за wildcard. Ако беше толку добра ќе отидеше со тоа што ќе исполнеше норма, а ако не успеала да земе медал од европско или светско првенство некое, зошто мисли дека со wildcard ќе земе медал на олимиските игри.
Македонски менталитет ли е да се плаче зошто некој не ти дал нешто?
 
+1
Само за илустрација шо направила на последниот голем настан.
http://daily.mk/forward/881673/rozhman-vo-ramkite-na-ochekuvanoto
 
Во пракса, девојката заслужила Македонскиот Олимписки Комитет да ја испрати на Летните Олимписки Игри 2012, но МОК одлучил да испрати некој со послаби перформанси од нејзе.

Македонскиот менталитет е таквите како тебе да плукаат по најдобрите македонски спортисти кога ќе се осмелат да отворат уста и да им ја исплукаат вистината во лице на корумпираните и неспособните лидери на спортските федерации и организации во Македонија.

Таа истрчала 100 метри за 12,92 секунди на ЛОИ 2008, а ти со 3 реченици во период од само неколку секунди го демонстрираше македонскиот менталитет на дело - плукање по сопствениот народ само затоа што се осмелил да отвори уста и да им ја исплука вистината во лице на ѓубрињата кои го водат македонскиот спорт.

Уживај во твојата патетична агонија и низок коефициент на интелигенција и те молам, поштеди не од твоите бисери, бидејќи токму таквите како тебе го намалуваат коефициентот на интелигенција на членовите и читателите на форумов, а и општо на македонскиот народ.

+1
Само за илустрација шо направила на последниот голем настан.
http://daily.mk/forward/881673/rozhman-vo-ramkite-na-ochekuvanoto

Таа барем се обидела и не успеала.

А ти каде беше додека таа се обидувала и не успеала ?

На што го трошеше времето ?
 
ficdogg Јунајтед

па подобра нема ... незнам зошто иронија од ваша страна ...
фактот дека се у спортот ни е искорумпирано, труло итн останува факт ...

загреови сме ...
--- надополнето: 27 јули 2012 во 23:10 ---
ficdogg Јунајтед

па подобра нема ... незнам зошто иронија од ваша страна ...
фактот дека се у спортот ни е искорумпирано, труло итн останува факт ...

загреови сме ...

ПС: а ако продолжиме како што сме тргнале никогаш ни нема да имаме подобра/подобри ...
 
Бла бла бла, get a norm.

Ако некого мрзи да ја прочита целата тема, дозволете да дадам краток опис:
- Ивана Рожман за себе вели дека е најдобра атлетичарка
- Ивана Рожман нема исполнето норма за учество на ОИ
- Ивана Рожман сепак сака да оди
- МОК одбива да ја испрати бидејќи и на претходната Олимпијада (2008 година) нема исполнето норма, но сепак ја има испратено со wildcard (моја забелешка: wildcard е тип на дозвола за учество во ОИ без да имаш исполнето норма, односно прикажан особен успех измерен во милисекунди)
- МОК оваа Олимпијада одлучува да испрати друг атлетичар, за да не биде на секоја Олимпијада да учествува еден ист атлетичар иако истиот нема прикажано особен успех во атлетиката (моја забелешка: одлука сосем на место)
- Ивана Рожман е лута, се жали и вели дека повеќе нема да трча за РМ.
 
Се наведено е точно, ова последново дури и по малку потсетува на Калиопи која спомна дека никогаш нема повторно да настапи во Македонија, но ете, ја претставуваше Македонија на Евровизија 2012.

Но со Рожман ситуацијата е поинаква, девојката вели за себеси дека е најдобра македонска атлетичарка, а за да го докаже тоа ги потенцира статистиките од Меѓународната Атлетичарска Федерација, доколку има некоја подобра атлетичарка од нејзе во Македонија, јас би бил меѓу првите кои би барале таа некоја подобра атлетичарка да ја претставува Македонија на ЛОИ 2012, а не Рожман.

Најверојатно од МОК би се оправдувале велејќи дека треба да им се пружи шанса на тие на кои досега не им била пружена, како на пример таа девојка која ќе ја претставува Македонија на ЛОИ 2012 со послаби перформанси од Рожман, но ЛОИ се одржуваат еднаш на секои 4 години, немаме време за да им пружаме шанси на тие кои не се докажале, ова не е Лига на Шампиони.
 
Но со Рожман ситуацијата е поинаква, девојката вели за себеси дека е најдобра македонска атлетичарка, а за да го докаже тоа ги потенцира статистиките од Меѓународната Атлетичарска Федерација, доколку има некоја подобра атлетичарка од нејзе во Македонија, јас би бил меѓу првите кои би барале таа некоја подобра атлетичарка да ја претставува Македонија на ЛОИ 2012, а не Рожман.
Значи ако еден спортист (од било кој спорт) е толку добар што постигне норма (олимписки минимум) тогаш тој по автоматизам учествува на ОИ, без wildcard.
Проблемот е што (најверојатно, не водам евиденции, не сум многу по спортот) ниту еден наш спортист нема постигнато норма па сите се праќаат со wildcard. Претпоставувам (пак) дека има одреден број на wildcard-и. Затоа и се одбираат подобро кому ќе му се дадат.
Е сега, правило на МОК (нашиов) е ако еден спортист учествувал на претходната олимпијада со wildcard, ако на наредната Олимпијада истиот нема норма, да оди друг спортист со wildcard. Што е сосем во ред.
Замисли кое незадоволство (меѓу спортистите, и моето) ќе беше ако на Олимпијадите секогаш учествувал со wildcard еден ист спортист.
Нема тука ништо нејасно друже.
Ако имаш норма - одиш на ОИ.
Ако немаш норма - одиш на ОИ со wildcard.
Ако и на наредната Олимпијада пак немаш норма - друг спортист оди на ОИ со wildcard и ти немаш право да мрчиш поради 2 критични причини
а) немаш норма
б) веќе си бил со wildcard

Се надевам се разбираме.
Она со дволичностите не сакам ни да го дискутирам.
Уште нешто. Ивана не е добар спортист. Ниту пак онаа другана, и го заборавив името, што се жалеше на тренерките. Добрите спортисти се покажуваат колку се добри само и исклучиво на спортски терен. Нема тука текстови, писма, бла бла. Ако си добар на терен, ако имаш добар резултат (барем норма), тогаш си добар спортист.
 
Princ

и во цел муабет ги забораваш правилата на ИААФ и статутот на АФМ

но како и да е

ова од тебе напишано е точно и се дешава баш поради овие работи ... не финансирање во спортот и никаква подршка на погоре наведениве спортистки ...
и ни Ивана ни онаа другана никогаш нема да бидат добри спортистки но на некое светско ниво ... но подобро немаме ...

е веќе кога она е „најдоброто“ од тоа шо го имаме и според некои правила на ИААФ и статут на АФМ треба да оди ... нема тука Ејј .. не те биваше лани ... ај да не се лути другана па ќе ве вртиме ...

како и да е .. bottom line ... за жалење ни се АФМ ФФМ u name it било како ФМ :)
 
Значи вајлд карта е. Покана од организаторот, онака, на добротворна мајка Тереза база. Пошо те знае дека си дупка и нема ништо посебно да направиш. Како да си на улица и некој да дојде да те смести. Јас не би квичела олку за вајлд карта па што сака нека е. Си беше еднаш Рожман, видовме што направи, со ГПС ја бараа меѓу последните. Нека оди некоја друга сеа кога веќе е со вајлд карта.

Тоа норми се предавале од еден спортист на друг, не па учества со вајлд карта.
 
Princ

и во цел муабет ги забораваш правилата на ИААФ и статутот на АФМ

но како и да е

ова од тебе напишано е точно и се дешава баш поради овие работи ... не финансирање во спортот и никаква подршка на погоре наведениве спортистки ...
и ни Ивана ни онаа другана никогаш нема да бидат добри спортистки но на некое светско ниво ... но подобро немаме ...

е веќе кога она е „најдоброто“ од тоа шо го имаме и според некои правила на ИААФ и статут на АФМ треба да оди ... нема тука Ејј .. не те биваше лани ... ај да не се лути другана па ќе ве вртиме ...

како и да е .. bottom line ... за жалење ни се АФМ ФФМ u name it било како ФМ :)

Мојот став е дека не треба да сожалуваме спортисти кои немаат исклучителни резултати, или дека не треба еден единствен wildcard кој го имаме да го трошиме на еден ист спортист до неговото пензионирање, иако истиот има опција да учествува на ОИ со постигнување на норма но никогаш во својот живот го нема постигнато тоа.
Кој е твојот став? Цел живот да и ја даваме единствената wildcard на Ивана? Жалам но не се согласувам со тебе. Попрво не сакам учество на Олимпијада.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom