Harry Potter
Imperius
- Член од
- 14 септември 2005
- Мислења
- 2.653
- Поени од реакции
- 1.677
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.macedonianfootball.com
Јес да не одам во кладилници може 4-5 години али со оглед дека следам италијанско има една интересна ситуација т.е. период кој ми беше многу сомнителен , а се однесува на Каљари . Тимот победуваше многу ретко , беа укотвени на дното , беа казнети и со 3 бода и наеднаш казната им ја повлекуваат и еве ги резултатите кои следуваат по повлекувањето на казната
*Каљари - Емполо 2 : 0
*Ливорно - Каљари 1 : 2
Mилан - Каљари 3 : 1
Каљари - Рома 1 : 1
Сампдориа - Каљари 1 : 1
*Kaљари - Аталанта 1 : 0
*Каљари - Торино 3 : 0
Катанија - Kaљари 2 : 1
*Кaљари - Џенова 2 : 1
Сиена - Каљари 2 : 1
*Kaљари - Лацио 1 : 0
Податок : Oд Декември 2007 до Март 2008 ( до укинувањето на казната ) биле укотвени на дното по што следат горенаведените резултати
Моментално имаат 9 победи , 8 нерешени и 17 порази . Од тие 9 победи 6 се извојувани по укинувањето на казната т.е. во последните 11 натпревара ( значи останатите 3 победи ги имаат отстварено во претходните 23 натпревара ) што им овозможи од самото дно моментално да бидат 15то место со 5 бода повеќе од зоната за испаѓање . Да не заборавиме дека не доживеаа порази од Сампдорија , Рома и Јувентус ( мислам дека два натпревара пред укинувањето на казната играа со нив ) .
* Можно е Каљари да се влезени во период на добра форма , но за тим кој беше катастрофален цела сезона наеднаш по укинување на казната почнува да игра доста добро , капак на се не доживува порази од екипи кој се борат за титулата и за место во Лигата на Шампионите , мислам дека сепак има место за сомнеж иако истото не го тврдам .
а дали друже барем еднаш си ги глеал Каљари оваа сезона? уште од почеток играа момците супер само го плаќаа данокот на неискуството. поради нивната супер игра многу ми беше жал за нив шо беа последни и се надевав дека ќе успеат да се спасат и еве сеа конечно им тргна. многу млади играчи играат во тој тим и затоа воопшто не ми е чудно што постепено почнаа да победуваат.
иначе почнаа со победи уште пред да им ја изречат казната. таман им се доближија на Реџина и Ливорно им беа одземени 3 бода а со нив ќе беа пред овие дав клуба. тие си продолжија со победи, а казната која стварно беше престрога потоа им ја избришаа, а бодовите им ги вратија.

