Италијанско првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар италијански клуб?


  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.
на калчо страната како е така ке биде!
на гоал.ком џенова е четврта!
 
Еве го успехот.:smir:

Оо, па ти колку имаш? Над 200 години па сите ги имаш доживеано а ? Ко деца мали, истите па истите муабети.

Juventus_SerieB.jpg
 
Клуч имаше од Фантом темава пред некој ден, баш поради ваквата дискусија . . . онака, ко предупредување само . :smir:
 
ццц заврши и сезонава, отиднаа неколку големи играчи од неа капата доле за Паоло, Луис и Недвед прави легенди

Него слушнав дека Недвед немал да се пензионира ќе одел у Лацио точно е тоа ??

А и криво ми е Џенова што невлезе у ЛШ :nesum:
 
Еве предлог за дискусија на темава,
Анализа на изминатово првенство од фановите.
Еве ја мојата:

Пред почетокот на првенството како фаворити за Скудетото се спомнуваа три екипи, Интер, Милан и Јувентус, па и донекаде Рома од втор план како четврта екипа. Сепак сезоната не почна сјајно за претендентите за титулата со оглед на нерешените резултати на Интер(со Сампдорија на гости), Јуве(во гости со Фиорентина, што и не е некое големо изненадување) и поразот на Милан дома од Болоња. Сепак како што одминуваа колата работите си доаѓаа на свое место и овие три тима активно се вклучуваа во борбата за Скудетото. Бевме сведоци на доста интереснии мечеви и што е нетипично за Калчото, исполнети со многу голови. Можам да кажам дека што се однесува до ефикасноста на екипите оваа е една од најдобрите сезони во Италијанското првенство од кога го следам.

Што се однесува до натпреварувачкиот дел, можам да кажам само дека Интер беше најконстантен во текот на целата сезона и сосема заслужено го освои Скудетото на крајот. Беа најприбрани дури и кога не им одеше најдобро и успеваа да ги свртат резултатите во своја полза. Како и секоја екипа и тие имаа некои неочекувани киксови но конкурентите Јуве и Милан не знаеја да ги искористат. Сепак треба да му се оддаде признание и на Мур кој одлично ја уигра својата екипа и знаеше да го извади максимумот од своите играчи (исклучок се Кварезма и Мансини). Истото ова за жал или за радост на конкурентите, не можам да го кажам за тренерот на Јуве, Раниери. Човекот во текот на целата сезона беше како изгубен Германец и особено при крајот на истата (2 месеци пред неговиот отказ) почна да ги потврдува моите сомнежи и тврдења дека на почетокот на Јуве му одеше добро, не затоа што тој е добар стратег, туку затоа што тоа е моментална инспирација на играчите. За моја среќа тој е сменет па сега се надевам дека во иднина ќе гледам многу посилен Јувентус од овој сезонава. Навивачите на Јуве тоа го заслужуваат а и на Калчото му е потребен посилен Јувентус.

Милан... Сезонава беше приказна за себе. Толку многу врвни играчи во својот состав а таков пласман. Јас лично иако не сум го искажувал тоа, Милан го сметав за најголем претендент за Скудетото. Многу одлуки на Анчелоти ми останаа нејасни ама ете резултатите се видоа. Пример кој веднаш ми текнува кога е во прашање кукавичкиот пристап на Карло, е оној со Џенова. Како можеше тренер кој води екипа од светски димензии како Милан, при водство од 1-0 да се повлече на екипа како Џенова и тоа да го чини победа. Јас Џенова ја сметам за солидна екипа но сепак во никој случај тоа не е екипа од која Милан треба да се исплаши. Има уште многу вакви примери сезонава каде Анчелоти се повлекува на послаби екипи од Милан тоа исто така го чинеше испаѓање од купот на УЕФА и навистина нивниот пласман сезонава непријатно ме изненади. Очекував многу повеќе од Милан чиј состав пред почетокот на сезоната влеваше надеж дека се спремни да тргнат по трофеите.

Имам да кажам уште збор-два и за Рома и Фиорентина. Од Рома лично јас очекував многу повеќе и мислам дека одиграа под своите можности. Имаат капацитет да се борат за највисок пласман, а сепак беа отпишани од борбата за ЛШ уште пред неколку кола. Премалку за екипа како Рома. За Фиорентина можам да кажам дека одиграа стандардно добро и заслужено си го обезбедија своето учество во ЛШ наредната година.

На крајот уште, честитки за Лацио за освоениот куп и нека им е со среќа во европската лига во наредната сезона.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Фиорентина не успеа да го победи Милан, Јувентус очекувано го победи Лацио, Интер подобар од Аталанта, Болоња избори опстанок во Серија А победувајќи го Киево, по поразот од Рома, Торино се сели во Серија Б.
Заврши и последното коло од оваа сезона во Серија А, кое беше и многу емоционално со збогување на Паоло Малдини, Павел Недвед и Луис Фиго. Интер сезоната ја завршува освојувајќи го своето четврто Скудето во серија, Нероазурите денеска во интересен натпревар ја победија Аталанта со 4-3.
Честито титула(Интер) ....:)
 
Темата за Интер користете ја за вакви работи :) .
Што се однесува за сликите од прославата, бујрум, и тука можете .
 
Одлично последно коло, многу голови што докажува дека знае да се игра и доста офанзивен фудбал во Италија а не само катанаџо и со по 1-0 резултат.
Браво за Удинезе, 6 гола не се малце... :)

Реџина конечно отпаѓа, неможе секогаш да се ваѓа во последни кола.
Баш не сакав да испадне Торино ама тоа е толку им беше силата сезонава, очекувам Серени, Росина, Абате и Бјанки да го напуштат Торино, добри играчи не заслужуваат да играат во Сериа Б :)
 
Последново коло најефикасно по првите 20 мин цела сезона:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom