Два пати во последниов период го минам цел процес на интервјуирање, од првото со ХР, до практичен тест кој трае со саати, до последното со Executive, и двата пати сум одбиен на крај. Втората компанија, тие ме контактираа, немав аплицирано.
Крајно фрустрирачки е да потрошиш толку време и енергија, да поминеш низ 3-4 интервјуа, за на крај да добиеш негативен одговор.
Патернот е ист. Процесот на интервјуирање е релативно брз, компанијата е доста проактивна и гледа да ме помине низ истиот што е можно побрзо, добивам позитивен фидбек низ секој чекор, и на крај ме оставаат на чекање неколку недели, за да одберат друг кандидат.
Каде грешам? Или не грешам никаде, таков е пазарот?
Еве сега, и трета е на повидок, кои, повторно они ме контактираа, и веќе поминав двe интервјуа.