Зборев за интервјуата (влегување на работа). Пред 5 години, кога сите фирми бараа луѓе, беше лесно. Одиш на техничко интервју и толку. Сега кога има повеќе кандидати него ли работни места, треба да гледаш да понудиш нешто плус. Така да покрај техничките вештини, треба да покажеш дека имаш и соодветни меки вештини и добар mindset.
Не беше стално вака

Ама овој пристап: "јас можам сам да го искуцам цел нивни систем" не ти е добар. Ако тоа е вистина, зошто тогаш не го направиш тоа и не им го земеш бизнисот?
Во софтверските фирми што прават свои продукти, куцањето код не е ни 20% од работата што се одвива таму. Програмирањето најчесто е најлесниот дел. Одлуките во која насока да тргнеш, кои функционалности да ги развиеш, што да ти биде MVP, како ќе им го продадеш на клиентите, колку ќе наплатиш, како ќе мериш колку се клиентите задоволни од твојот софтвер, која ќе ти биде стратегијата за retention а која за маркетинг итн, се каде каде побитни од самото развивање на софтвер.
Ако им покажеш на интервју дека покрај програмирање имаш капацитет да помогнеш со некои од овие работи, ќе имаш голема предност пред останатите кандидати. Тоа е тоа што сакам да го кажам.