ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Nema nikakvi pravni merki da ti pomognat zasto ova vekje bese standard vo drugite sektori, i ocigledno proagja. Dosta interesno so firmive, edna kriza i site ovie menadzeri i biznismeni so kultura i empatija si se vratija vo prirodna sostojba. Na kraj samo edno nesto e bitno, koj ima pogolem leverage.
Додека течеа пари за играње пинг понг и плеј стејшн, тим билдинци со 2-3 саата макс работа, "работа" од дома, сите добри и позитивни и уфилмани дека се над другите. Прва криза ко што пиша одма во природна состојба. Во предузеќе се виде како први почнаа ножеви да бодат оние постарите со искуство од приватизираните наши фирми каде тоа е било секојдневие и си направија негативна селекција со кодошење, пренесување делумни информации и формирање на свои екипи.
Се тоа дома што ми објаснуваа уште во почеток како било кај нив по фабриките буквално се случи. :icon_lol:
 
Pokraj tehnickoto, potrebno e i zivotno iskustvo a i srekja :D Ama duri i da prezivees, losoto e so kartite se kaj rabotodavcite. Pogotovo so generalno site industrii se vo zastoj i kratenje, pa bas i nema kaj da switchnat lugjeto.
 
Абе ова дерлево Nick и мене ми оди на нерви ама изгледа колку повеќе го спомнувате тука толку повеќе засилува со Linkedin posts. Волку - Онолку милиони, проекции, чуда, врагови. Во реалноста, пред 3-4 месеци основале правно лице тука во Македонија и којзнае како и колку плата им даваат/давале на вработените. Знае некој колку земаат во Хеј рич?? Па сигурно не колку у Сан Франциско. Нека смали доживљај малиот, ситна риба е, плус користи дупка во системот на Линкедин како што образложи некој од членовите претходно. Со еден маневар на Линкедин и промени или згаснување на Api-то кое му е exposed ќе му се сруши цел бизнис модел.Не го посакувам тоа, само си коментирам.Нек стои забележано.
Тоа со препродавање на тестови не му требаше, многу е шугаво, ама тоа е, нема животно искуство малиот.

Во однос на понг понг и такви ствари, тој што е работник во ИТ, ќе работи исто и со пинг понг и без пинг понг, и со овошје и без овошје, и со кафе и без кафе на работа

Главниот извор на проблемите е немањето на проекти и АИ хајпот кадешто многумина од овие нормални вработени (не разгалените) стануваат вишок а разгалените им ги чешкаат мадињата на менаџерите за да останат на работа. Тука е неправдата.На вработените кои добро перформирале им се измислуваат причи за да ги шутнат а оние кои се пријатели, роднини, газолижачи на газдите на фирмите и кои реално не перформираат добро, остануваат на работа.

Неодамна дознав нешто шокантно дека во едни доста познати и дискутирани ИТ приватни фирми почнале да им бараат и потврди за неосудуваност на тековните вработени кои не биле предуслов за вработување и ако вработените не донеселе потврди во одредено време, ги бркале. Ова е за жал, противзаконски и спротивно на член 106 став 5 од Кривичниот законик и навистина управителите заслужуваат да бидат уапсени и извлечкани по судови, секако во координација на обвинител и МВР како и соодветните инспекции.

Едноставно да ги има по телевизии како овој сосема друг случај од денес каде две управителки на ПЗУ биле уапсени за нехуман третман на стари лица. Епа управителиве на ИТ и менаџерите го заслужуваат истото само пресликано во ИТ сектор затоа што многу се занесуваат во последно време и сакаат да бркаат некого од работа правејќи кривично дело.

“По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи и Единицата за економски и компјутерски криминал спроведе акција за расчистување на случајот.”

Последно уредено:
Опасни хејтери сте. Ако има фирма, требало да е иновација, ако е иновација требало да прават милиони, ако прават милиони тогаш требало да прават повеќе милиони. Google да беше од Македонија ке им најдевте замерка зошто не се ширеле у Кина и Северна Кореја...
 
Мислам дека хејтот не е толку за фирмата и доменот во кој што работи, туку на начинот на кој што го презентира.
Дечкото цело време збори за парите што ги прави наместо да објасни како уствари креира вредност за клиентите.

Обично кога сакаш да купиш некој продукт, некој ќе ти ги продава функционалностите што ги има, нема да ти рече: "Ние правиме Х милиони годишно, мн јака фирма сме". "Леле профитот ни падна месецов, јас бев многу загрижен, ама еве сеа се врати, идеме јако!!!!!"

Јас кога му ги читам статусите, добивам импресија дека има таму 2-3 вработени што бркаат 7-8-9 функции и се во ептен рана startup фаза. Што од друга страна ме тера да се сомневам во бројките кои ги споделува.

И за крај мислам дека приказните од типот: "started from the bottom now we here", почнуваат да стануваат досадни. Особено кога ќе почне некој да пишува по една месечно. Кога некој се напнува да покаже колку е "успешен", обично не е.
Сеа има шанса дечкото да е исклучок и да си тера топ со овој начин на работа. Ако е така, супер за него. Ама со таков пристап, секогаш ќе добива хејт :D
 
Не е муабетот дека некој го хејта, туку дека беше пофален како успешен продукт. Реалноста е скамерски продукт (и прилично едноставен од технолошки поглед). Да беше Индиец, газдата ќе го пцуевме тука и ќе викавме „му ебам ѓупците скамерски“ :)

Ова е ноу‑брејнер и не само ова. Апсолутно, ако сега седнеме ќе ти кажам 1000 идеи кои се во црна зона. Еден куп бизниси и приватни лица би си го дале дупчето за да им го збрка некој. Проблемот е што сите тие немаат иднина на долг рок, нешто како МЛМ, игра на време. Ако успееш и не те фатат, ќе направиш пари. Ако задоцниш, може да треба да го избришеш целиот продукт и да кyцаш нов уште пред да стигнеш до клиент.

А дали прави пари не знаеме. До завчера имаше блокирана сметка, што значи (ако прави, може и да лаже), парите можеби се испрани преку странски сметки и не плаќа данок за нив. Ако е така, се надевам дека некој од УЈП му ги чита постовите и ќе го дрмнат малку, оти јбг боли другите да даваме пола на државата за даноци и придонеси, а некој да фаќа кривини.

Интересно е што има многу продукти низ државата, неколку пати посложени и поинтересни од инженерски аспект, но помалку се рекламираат и не се чаталат наоколу како вакви преваранти. Инаку имаме продукти развиени кај нас, од наши инвеститори, кои во моментов се користат од огромни градежни фирми во Дубаи, Саудиска Арабија, Англија, Германија, Америка, Австралија и тн (и не, немаат добиено пари ни во делот на иновација, немаат доволно време да прават документација :) ).
 
Не им свиѓал како се фали на Линкдин. За вас само Штерјо, Хари, Свето и такви газди. Се што е успех од сопствен hustle одма да му најдеш прљав веш за да си го оправдаш својот неуспех, а ако и тоа неможе да се најде, кажи дека не ти се свиѓа фризурата, шо го ебеш.
 
Што биднало со Damilah и SoPro знае некој? Слушам наводно имало откази/отпуштања.
 
Мислам дека хејтот не е толку за фирмата и доменот во кој што работи, туку на начинот на кој што го презентира.
Дечкото цело време збори за парите што ги прави наместо да објасни како уствари креира вредност за клиентите.

Обично кога сакаш да купиш некој продукт, некој ќе ти ги продава функционалностите што ги има, нема да ти рече: "Ние правиме Х милиони годишно, мн јака фирма сме". "Леле профитот ни падна месецов, јас бев многу загрижен, ама еве сеа се врати, идеме јако!!!!!"

Јас кога му ги читам статусите, добивам импресија дека има таму 2-3 вработени што бркаат 7-8-9 функции и се во ептен рана startup фаза. Што од друга страна ме тера да се сомневам во бројките кои ги споделува.

И за крај мислам дека приказните од типот: "started from the bottom now we here", почнуваат да стануваат досадни. Особено кога ќе почне некој да пишува по една месечно. Кога некој се напнува да покаже колку е "успешен", обично не е.
Сеа има шанса дечкото да е исклучок и да си тера топ со овој начин на работа. Ако е така, супер за него. Ама со таков пристап, секогаш ќе добива хејт :D
Тоа "фалењето" е честа пракса кај indie hackers заедницата, solopreneurs кои почнале со некој micro-SaaS и најчесто работат сами или со уште еден-двајца во тимот.

Во држава во која кај добар дел од народот владее некој затуцан менталитет наследен од претходниот систем, дека ако имаш пари или за да направиш пари мора да си криминалец, политичар или партиски тендераш, вакви ликови како овој од HeyReach се повеќе од добредојдени.

Искрено, не знам зошто на некој би му сметало "фалењето" и успехот негов, баш напротив, треба да влијае инспиративно.
 
“300 евра платичка на први” менталитетот е убиствен. Лажната скромност ни е најголема одлика како нација. Да, тешко е кога гледаш некој друг од населба како го прави тоа што ти го сањаш. И со право си го сменил називот на Линкдин во Nick пошто тие Никола што го викаат го чекаат со копач да го акнат на првата кривина.
 
Ne se zamaraj, ne za dzabe rekol Tome Hobski "Kjaur na kjaura e volk".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom