1. Не, секој таск има посебен бренч
2. Околу 30-40% од развивањето нова функционалност ни оди во пишување автоматизирани тестови и дополнително мануелно тестирање ( кога може ). Интеграциските тестови мислам дека се најмалце застапени, при комплицирана логика секогаш се стремиме да имаме добар unit coverage, но не и за обични круд операции. Најголем дел од тестовите се е2е, и тука гледаме да опфатиме најголем број од сценаријата и било какви инфраструктурни проблеми.
Како што и реков, самите девелопери сме веќе експерти во домејнот. Нас ПО-то ни кажува што сака да имплементира и тоа е тоа, не седнуваме на целодневен планинг кај што пишуваме сториња со стриктни чекори и acceptance criteria. Пошо веќе 80% од функционалноста ни е позната, со ПО расчистуваме детаљи во итеративен процес.
Начинот на работа ни е моб програмирање, ние 4 денови неделно работиме заедно, тоа значи сите истовремено работиме на еден таск. Затоа и knowledge sharing оди многу брзо за нови девелопери. Тимот од стартна постава со 4 девелопери, се разви во три подтимови со 10 девелопери, така да во поглед на скалабилност не наидовме на некои големи предизвици. Домејнот го сецнавме на три помали домејни кои се тесно поврзани, но оваа поделба ни дава каде каде помал cognitive load.
Во поглед на регулативи, нема регулатива која вели дека секоја функционалност мора да помине низ qa, па тука немаме проблем. Е сега секој инцидент кој афектира поголем број корисници се пријавува на регулаторно тело. На ниво на фирма, досега можам да се сетам на три прилично големи инциденти кои завршија и во јавноста. Два од нив беа од инфраструктурна природа, еден беше грешка на конкретен тим. Зависи од типот на грешката, некогаш се поминува со казна, некогаш лош ПР е полош.
Бекендот е микросервисна архитектура во сопственост на тимот, додека веб и мобилната се монорепо, така да фиксање багови на бекенд е многу поедноставно, едноставно креираме посебен бренч и мерџаме. На веб доколку има фикс за пуштање се стопира се останато, исто е и за мобилната со тоа што багови таму потешко се хендлаат. Најчесто во мобилната пуштаме нови функционалности со feature flag и пуштаме прво за вработени, па постепено зголемуваме процент. Така правиме и интересни експерименти со А/В тестирање.
Постов може е каша попара ама го пишувам три денови, courtesy of my toddler