Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
За путер од кикиритки совет од мене
не се купува туку се прави домашен бидејќи ова е македонија храната што ја јадиме е со најслаб квалутет а висока цена и ништо не е сигурно.
Затоа земи кикири печени не солени и изблендирај ги во блендер додај малку маслиново масло колку да не е сув и толку барем ќе знаеш што јадиш
 
Витарго? Само што моментално немаат во Полео спорт (свашта), ми рекоа другата недела да сум дошла. Инаку ставив прашалник зш јас тие ги имам пробано уште додека пливав професионално и нонстоп сум со нив, може има подобри, нека пишат поупатените.
Па и јас ги користам тие, ама не се баш ефтини а да бидам искрен немам почувствувано некој бенефит за цената особено во споредба со оние ефтините од зегин. Па се мислам за некој од изотоничниве прашоци од продавнициве за суплементи...
Башка пред некој ден прочитав на кесичката дека содржи Аспартам а гледам сите го избегнуваат.
 
Ова е мојот план на исхрана, кој што го применувам наназад два месеци:

Доручек:
-Од сабајле цеден лимун со една лајца мед и малку куркума во млака вода
-Мусли (комбиниран овсени/јачмени снегулки + корнфлекс без шеќер + чиа семки + ланено мелено семе) и една банана/портокал. Алтернатива од сабајле 2 варени јајца + јогурт + банана
-Меѓуоброк од банана + јогурт
-Главен оброк пилешки стек/ослич + салата
-Меѓуоброк микс од суво овошје и семки но не во големи количини
-Вечера (бидејќи сум на работа ова ми иди и како втор ручек) околу 17 часот, што ќе спремат дома но без леб и количински помалку. Алтернатива туна + салата, или пак пак две варени јајца + салата + јогурт.
-Меѓуоброк јогурт или пак мусли но помала доза од сабајле. Евентуално повеќе овошје освен банана + јогурт. Овој оброк иди околу 19 часот.

Од суплементи користам следно:
-Спирулина
-Омега 3
-Бедоксин
 
Ако е ова план за дефиниција/cut имаш премногу овошја и банани и премногу калории најверојатно

Ако ова е план за маса/раст имаш малку ЈХ

и така и така не чини )

во мусли стават многу шекери и кој знае што, замени ги со чисти овесни снегулки
Многу е битно што јадеш во 17 час дома, ако ти дават компири бел ориз, тогаш си го зезаш цел план

Ова не се суплементи туку витамини што ги наброи од суплементи изгледа ништо не користиш ама тоа не е страшно.
 
@alekso.mk ти благодарам на сугестиите.

Не користам пакувани мусли од Виталиа или слични компании, сам го комбинирам корнфлек (без шеќер) + овсени или јачмени снегулки. Колку што читав, најверојатно ќе преминам на чисти јачмени снегулки.

За 17 часот обично знајш како е домашни манџи (ориз/компир) но гледам да не е премногу.

Ти благодарам уште еднаш на сугестиите, ќе гледам што е можно спореед условите да корегирам.
 
нема на што ), корнфлекс не ти е најдобар избор како извор на хидрати, сеа ако ти се свигат ептен ок е, јади ги:) ама генерално повеке се препорачуваат сложени јагленохидрати со низок гликемички индекс, и тука од овесни снегулки нема подобра опција) скоро сите ги јадеме како прв оброк
 
Овесни со јогурт или со млеко/вода прајте најчесто, јас со јогурт ги мавам
 
Секоја чест каков желудник имате ви се дивам... Јас веј ако измешам со овез повеќе гасови имам него ли грав да сум јадел...
 
Секоја чест каков желудник имате ви се дивам... Јас веј ако измешам со овез повеќе гасови имам него ли грав да сум јадел...
Аман бе, јас секое сабајле ги мешам во нутри булет. Млеко, овес, веј, неколку бадеми, нешто овошје. Никакви гасови :icon_lol:
 
Ако е концентрат ништо чудно, дури и очекувано е желудникот да си има мака при обработка на Веј-от... Секој организам не го поднесува исто, јас немам проблем со ниту една храна/додаток во исхраната...
 
Шо и да е чудно е :D 90% пијат концентрати, кој има пари за изолати..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom