Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е добар шејкот, ако не, што да променам?
30 гр козја сурутка
1 банана
30 грама лупен сончоглед
лажица мед
20-30 грама чиа семе
20-30 грама ленено семе
и една рамна лажица какао
Многу масти има.
 
Дали е изводливо за исто вложени пари да се постигне добро тело со вегетаријанска/веган исхрана наспроти нон-вегеан/вегетаријан?
 
Секоја година последната недела од Велигден постам, без масло. Предлог некој, совет за добра храна што би можел тој период да ја користам
 
Дали е добар шејкот, ако не, што да променам?
30 гр козја сурутка
1 банана
30 грама лупен сончоглед
лажица мед
20-30 грама чиа семе
20-30 грама ленено семе
и една рамна лажица какао
Премногу масти друже, фактички ти преку овој шејк ги внесуваш скоро 80% од дневните масти што ти се потребни, ако се земе за факт дека просечно треба да се внесат околу 70 грама масти на ден.

Секоја година последната недела од Велигден постам, без масло. Предлог некој, совет за добра храна што би можел тој период да ја користам
Компир печен во фолија во рерна, риба, варена леќа, ориз, брокула, грав без запршка со црвен пипер и вегета, супа, овесни снегулки потопени со врела вода, салати од марула и краставици без масло, само со оцет и зачини по твој вкус, тестенини, грашок, имаш милијарда јадења за кои не е потребно масло, прогуглај ако сакаш уште.
 
Последно уредено:
Дали е изводливо за исто вложени пари да се постигне добро тело со вегетаријанска/веган исхрана наспроти нон-вегеан/вегетаријан?
па незнам тука со месо јајца етц не секогаш можеш да постигнеш посакуваните резултати а без животинска исхрана... тежко ке биде мислам
 
Можеш на веган диета, дури и подобро е затоа шо ќе имаш подобро здравје. Секако, ако е добро структуирана, не да буташ помфрит само :D Зашо не би можел? Ради протеин? :D
 
Дали е изводливо за исто вложени пари да се постигне добро тело со вегетаријанска/веган исхрана наспроти нон-вегеан/вегетаријан?

не е изводливо никако
 
Во КАМ донеле некој путер од кирики 48ден 200г, го пробав добар е, нема ништо плус додавано масла етц. само што декларацијата не им е точна, типично за КАМ хаха.
 
Во КАМ донеле некој путер од кирики 48ден 200г, го пробав добар е, нема ништо плус додавано масла етц. само што декларацијата не им е точна, типично за КАМ хаха.
Како мислиш дека ме им е точна? Како си проверил?
 
Во Македонија нема ефтина и квалитетна храна, све што не е овошје и зеленчук од пазар не е добро.

Кај нас нема евтино и квалитетно сирење, изварка, кашкавал, јајца, млеко и милион други производи.
 
Предлог за електролити?
Витарго? Само што моментално немаат во Полео спорт (свашта), ми рекоа другата недела да сум дошла. Инаку ставив прашалник зш јас тие ги имам пробано уште додека пливав професионално и нонстоп сум со нив, може има подобри, нека пишат поупатените.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom