Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
На кој како му одговара така, работата беше да наброиме некои извори на протеини од растително потекло а не да расправаме кој начин на исхрана е супериорен.
Иначе не верувам дека некој од нас на темава е вегетаријанец или веган, само некој јаде повеќе месо некој помалку.

Btw @Viksa.LAL веганите добиваат комплетен амино профил со самото комбинирање на повеќе различни извори на протеини, не јадат само купуз :D
 
Кога веќе го спомнавте путерот од кикирики, од Полео на MyProtein дефинитивно 100% кикирики во него.
 
Некаде почеток на 2016 прочитав дека станал веган,така да голем дел од мускулатурата ја има постигнато претходно, не гледам дека пораснал периодов според видеата од 2016 и 2017.
Згора на се овој е на стероиди 103.5%, па не ми се ни навлегува во споредба на вакви типови дали бивало на веганска исхрана или не бива, никој не му светите какви шеми удира и колку зема, можеби со месо ќе имаше плус 5кг мускул за истиов период.

Не дека нема да постигнете протеински внес и со веганска, можеби и ќе дојдете до некоја бројка која сте зацртале, е сега колку од тој протеин ќе ви искористи телото е втора приказна и дали ќе постигнете мускулен раст како со месо е сосема друга приказна.
Не сум пробал на веганска, али деновите кога не внесувам месо, јајца, риба се осеќам „празен“, а и ќе треба да изедам по една вангла зеленчук за да се заситам само со трева :) така да додека одам да се килавам со тежиниве јас лично не би се префрлал на вегетаријанска или веганска исхрана, можеби некогаш ако почнам друг спорт, вака мие е замарање преголемо.
не сум веган, дневно по едно прасе јадам :), и јас имам такви мисли дека ако сменам на таква исхрана ке се осекам послабо ама мислам дека од старт си ставаме лимит во психата. Како и да е во план ми е барем да пробам почетокот сигурно ке биде тежок ама би требало да си дојде на своето.
@Psyside
за почеток се важи ли 50-50 месојад/веган :)
 
не сум веган, дневно по едно прасе јадам :), и јас имам такви мисли дека ако сменам на таква исхрана ке се осекам послабо ама мислам дека од старт си ставаме лимит во психата. Како и да е во план ми е барем да пробам почетокот сигурно ке биде тежок ама би требало да си дојде на своето.
@Psyside
за почеток се важи ли 50-50 месојад/веган :)

Не постои таква работа, можеби со риба да балансираш, на 100 грама сардина има = ~25г протеин. Слаб се осеќаш заради тоа што не јадеш доволно, оваа грешка нема кој не ја прави - јас иако го знам тоа 2-3 пати имам осетно ослабено кога сум бил помалце фокусиран, буквално нема сила да одам - 1200 калории на ден со активно вежбање и пешачење (секој ден) - катастрофа.
 
Не постои таква работа, можеби со риба да балансираш, на 100 грама сардина има = ~25г протеин. Слаб се осеќаш заради тоа што не јадеш доволно, оваа грешка нема кој не ја прави - јас иако го знам тоа 2-3 пати имам осетно ослабено кога сум бил помалце фокусиран, буквално нема сила да одам - 1200 калории на ден со активно вежбање и пешачење (секој ден) - катастрофа.
добро калории броиш ли ? можеш ли да постираш пример исхрана за цел ден веганска да речеме околу 2500 калории сите оброци и барем 120-130г протеин ? Ништо конкретно до калорија точно него онака општо ме интересира
 
Не бројам, али ставам 2 тона храна во голем тањир, не штедам :D

Проблемот е што кога јадеш таква храна бидејќи има многу растителни влакна, те заситува многу брзо......а те држи релативно малце поште лесна калорија е која брзо се користи.

Мене не ми смета да јадам и делумно еднолична храна која за некој друг може да биде "недоволно соодветна" за доручек на пример. Сеедно за да не куцам реферати еве слика.

Леќа
Грав
Печурки (Буковка)
Целер
Магдонос
Цвекло
Мелени бадеми и семки од тиква
Грашак
Црвено палмово масло
Пашканат
Доматно пире
Лук во прав (не мириса)
Mоркови
Тиквици
Модар патлиџан

Не се гледа убаво на сликата, тањирот е едно 10 цм нагоре полн, над 600г грама храна има во него - мора така кога јадеш вегански, затоа што полесна е калоријата, и мора малце порано да се почнува со оброкот пред вежбање, ако си јадел 1h претходно, сега ќе треба 2.


8nVY-yodTLiCuBKqCUp7Yg.png


И уште една, слична но овде е со интегрален ориз, спанаќ, бабњи мелен сончоглед и ораси, сенф, лененo семе, шампињони, грашак и малслиново....

0We4rCoNRMK85B1RC7qy1w.png


После вежбање, имам спремно микс од семки од тиква, сусам, лен, и бадеми со кој стои 2h така за да се направи како желе, - некои 60-70 грама......тоа ме држи додека да го јадам главниот оброк, во кој по ново имам и леб од соја со ленено семе. Јадам иначе и кашкавал некогаш, тој ми е слабост :D
 
Последно уредено:
vo 200 grama pilesko 50 grama protein. vo edno jajce 5 grama protein,vo tuna 22-24 grama protein, vo ovezot 100 grama 10 grama protein,vo 100 grama indiski orevi 15 grama protein vo 100 grama kikiri 22 grama proteini,vomelenoto meso na 100 grama 25 grama proteini, se slozuvate ili sodrzat pomalce proteini ovie produkti!
 
Што е битно дали се сложуваме, иначе точни се податоците.

Поентата не е да се стане обавезно веган, или вегетеријанец, него да се проба и да се осети каква разлика прави за во иднина да не ве лажат кое што и дали прави во телото. Постои многу мала група на луѓе која може да јаде дури и животински протеин во големи количини без некои посебно големи проблеми ако го прават тоa во континуитет, предуслов за тоа се тренинзи со висок интензитет - и континуитет, не само на кратко да се издуваш на крај него да одржаваш тоа темпо во текот на скоро целиот тренинг со едно 80% од својот максимум. Класичниот билдинг ретко вклучува вакви вежби па тешко е да се постигне ефектот кој го имаат индивидуите кои ги спомнав, а и осетно помал оксадативен стрест имаат воедно.

Станале вегетеријанци или не, ви препорачувам да зголемите внес на антиоксиданти - заштита да имате, а тоа се зачините: турмерик, црно семе, каранфилче, рузмарин, цимет, ѓумбир (најпотетните генерално)





Доколку ги користите овие редовно ќе имате значајна заштита од животинскиот протеин на долг и краток рок. Друга опција за оние кои сакат уште поголема заштита, се суплементите,

Na-Rala
Resveratrol
Tocotrienol
Coq10
Methylselenocysteine
Vitamin C
 
Последно уредено:
За ова остај што треба да се малтретираш оти не јадиш месо, треба и време за подготовка на храната, месото фрли го во рерна 1 кило и за два дена имаш да јадеш месо, туната/сардината во џеб се носат каде и да одиш, филетите во рерна или во грил тава се за 10мин готови, јајцата 5минути.
Па за оваа храна што ја имаше Psyside ставено во тањир треба да мелам и да дробам саат време, па дали се ќе може да се направи во една тава или ќе има грд вкус и уште пола саат да јадам, додека да ја доџвакам пак ќе огладнам :)
За ова треба и време бе луѓе, време да готвите и уште повеќе да џвакате цел ден :D
 
Грешка си xd

Храната ја готвам 1 на 3 дена, во фришидер седи - спремна секое време...

Семињата и јатките се сомелени во тегли...исто така спремни, само ставам по 1 лажица од сите.

Џвакањето е единствената валидна замерка....но решение за тоа е што почнуваш да јадеш 15 мин порано и готово
 
Последно уредено:
И колку време готвиш тој ден за следните 3 денови?
Јас додека го испечам месото, го варам оризот (земам ориз од оној полуподготвен, 15мин се вари, со златна мешавина е топ) и ги дробам салатите, салатите без масло-сол-оцет стојат по 2 дена без проблем, така да за 1 саат грубо имам храна за 2 денови.
Е тие 15 минути :) Најчесто по 30 минути имаме пауза на работа, рачунај на два пати да ги поделиш по 15 минути, пак веганствово си бара повеќе замарање.

1h, се готви храната до 90 минути. Месо се вари - пече горе доле исто време, друга придобивка е разликата у цена, осетно е поефтино.
 
буквално нема сила да одам - 1200 калории на ден со активно вежбање и пешачење (секој ден) - катастрофа.
aaaaaaaaa SI SE CHISTEL GAZDOOO
SE ISCHISTI
hahahahahhaha
ahahahha
 
1h, се готви храната до 90 минути. Месо се вари - пече горе доле исто време, друга придобивка е разликата у цена, осетно е поефтино.
Сепак би се придржувал до месото :) кој има желба може да стане веган, мене доволно ми е овој зеленчук што го внесувам во моментов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom