Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Како беше лепотанот тука кој секогаш даваше одлични совети и се бавеше со „тревки“?
Едно прашање:
- Дали ќе може со нас да сподели некој од неговите специјалитети и додатоци во исхраната поврзани со здрав начин на живот, пошто дечкото е ѕвер за микро нутриненти кој најчесто ги забораваме сите ние...
@Psyside
 
Не знам дали мислиш на мене, ама ме обележи @Anon, кажи што те интересира?
Луѓе извинете го моето незнаење но не е „не здрав“ овој стек? По составот гледам 300 глупости во него па затоа прашувам. Ова глупости е по мое не сум доволно запознаен со овие работи па затоа прашувам може сите се од органско потектло

Не постои такво нешто како здрав стек, ако сакаш од планина купи го, џабе е. Месо се јаде за мускулна маса, перформанси, IGF-1 - за здравје не е правилен
 
Последно уредено:
Не знам дали мислиш на мене, ама ме обележи @Anon, кажи што те интересира?

Не постои такво нешто како здрав стек, ако сакаш од планина купи го, џабе е. Месо се јаде за мускулна маса, перформанси, IGF-1 - за здравје не е правилен
Покрај со суплемент, како веган би внел доволна количина на омега 3 (али животинските DHA и EPA) не ALA?
 
Покрај со суплемент, како веган би внел доволна количина на омега 3 (али животинските DHA и EPA) не ALA?

Нема друг начин, има компромис со лен, и омега 3 од алги.

Eдит, јас препорачувам риба, некој вид на модифицирана веган диета, сардини колку сакаш и било каква риба со омега 3, која нема проблем со контаминација.
 
Омега од лен нема ист absorption rate ко омега од риби.
Ни блиску, дали фракција од тоа.
Риби се единствено решение, ако си веган, не биди пошо ггвп.
 
Омега од лен нема ист absorption rate ко омега од риби.
Ни блиску, дали фракција од тоа.
Риби се единствено решение, ако си веган, не биди пошо ггвп.

Да де, јасно ми е тоа. Затоа реков со риба, иначе и без риба можеш да тераш, ако зимаш омега 3 од алги. Работи, не е 100% идентично али е блиску. Веганите имаат толку многу микро нутриенти во диетата, како и антиоксиданти, полифеноли, флавоноиди, витамини што практично скоро да немаат никаква инфламација - па дури и без омега 3 од риба, ќе бидат неспоредливо поздрави од грото од популацијата кои не се вегани. Добар дел од таа популација нема милијадра работи, не само омега 3 - па не гледам да имаат некои опасни проблеми, малце изваден од контекст е моментот со омега 3 кај вегани....
 
Нема друг начин, има компромис со лен, и омега 3 од алги.

Eдит, јас препорачувам риба, некој вид на модифицирана веган диета, сардини колку сакаш и било каква риба со омега 3, која нема проблем со контаминација.
Нема компромис, DHA, EPA имаат различна функција од ALA, различен период на метаболизирање, така да веган мора да конзумира суплементи со омега 3 (од алга или риба, негов избор) :)[DOUBLEPOST=1503902360][/DOUBLEPOST]
Да де, јасно ми е тоа. Затоа реков со риба, иначе и без риба можеш да тераш, ако зимаш омега 3 од алги. Работи, не е 100% идентично али е блиску. Веганите имаат толку многу микро нутриенти во диетата, како и антиоксиданти, полифеноли, флавоноиди, витамини што практично скоро да немаат никаква инфламација - па дури и без омега 3 од риба, ќе бидат неспоредливо поздрави од грото од популацијата кои не се вегани. Добар дел од таа популација нема милијадра работи, не само омега 3 - па не гледам да имаат некои опасни проблеми, малце изваден од контекст е моментот со омега 3 кај вегани....
Иако твојот омилен доктор Грегор од нутришн фактс ти вика дека DHA нема улога во подобрување на мозокот, не би се сложил.
 
Нема компромис, DHA, EPA имаат различна функција од ALA, различен период на метаболизирање, така да веган мора да конзумира суплементи со омега 3 (од алга или риба, негов избор) :)[DOUBLEPOST=1503902360][/DOUBLEPOST]
Иако твојот омилен доктор Грегор од нутришн фактс ти вика дека DHA нема улога во подобрување на мозокот, не би се сложил.

Повторно, 1 супстанца и нејзн недостаток, се балансираат заради храната богата со еден тон микронутриенти. Иначе и јас сум за омега3. Грегор не ми е омилен доктор, Ронда Патрик, и Брус Ејмс ми се, мада не се баш доктори. Многу луѓе го хејтаат Грегор бидејќи им прави debunk, или им ја вреѓа нивната омилена диета, сети се дека живееме во свет на екстремно сензитивни ликови, кои се вреѓаат од се и сешто, па така се обвинува за некаква агенда, а проблемот е што човекот не прави ништо на своја рака него само ги пренесува студиите кои НЕ се напишани од него, и НЕ се правени од вегани доктори, тоа е поразителнот факт.

Еве го најголемиот доказ за демант на било каква агенда,

Грегер има добри видеа, не би рекол дека држи вода се што има на видеата, али со дел од работите би се сложил.Е сега колку и тие 19 истражувачи успеваат да сегментираат само тоа што е вистина и само тоа што е правилно е под знак прашалник, затоа јас лично ги гледам ваквите работи со резерва.
John Bergman и Dr. Mike имаат исто одлични видеа, дел од работите се косат со она што ќе го сретнеш тука на нутришн дата, дел се поклопуваат...како и да е, најтешката работа што се провлекува во текот на човековото опстоење и што ќе се провлекува и понатаму е „што е вистина и правилно“, далеку сме уште од факти кои може да ги забетонираме и да важат додека постои човештвото.
Основна особина на секој научник е да истражува и понатаму, не смее да се зема здраво за готово, а нема ни лутење кога некој друг те побива или ти дава пример дека тоа што е дадено како откритие не важи 100%, тоа е основен драјв да се истражува и понатаму се додека не се кристализираат работите до перфекција.
Можеби месото не е 100% добро за исхрана, посебно не ова каде што на животните им се даваат хормони за да израснат или да се поправат побргу и т.н, али не значи дека треба и да се исфрли целосно. Јас сум фан на рибите (без разлика морски или од слатки води), можеби ми е дел од она што сум фасциниран од Јапонската култура каде што најголем дел во исхраната доаѓа од морето, али еве се покажува и дека е можеби најдобра за телото, најдолг просечен живот има баш во таа земја и ги препорачувам како дел од исхраната на секој човек, посебно во бодибилдинг каде што се одличен извор на протеин и „чиста храна“.
Умереност и добар баланс е според мене клучот за одржување на здравјето, секоја крајност прави штета на физичкиот и духовниот баланс.
 
Морската храна не предизвикува спајк на TNF-a, CRP, IL6, COX1/2 итн, па така ја препорачувам и немам ништо против таа храна, уствари јас немам ништо против ниедна храна, имам против рационализациите. Самиот конзумирам животински протеин, не можам да одолеам на квалитетен кашкавал на пример, но знам како се осеќам кога сум на тотална веган диета одреден период, и што ми се случува кога ќе почнам со кашкавал, споредбата е буквално ден и ноќ, за месо нема ни да зборам.

На пример, никогаш не сум тврдел дека ако си веган имаш се во диетата и не ти треба ништо, тоа е тотален BS, не постои диета што може на човек да го направи да нема потреба од никаква суплементација, ако беше така јас на изедени најмалце 50 грама семки од тиква, треба да имам некои 250 мг магнезиум на ден, ако на ова се додае уше толку сусам доаѓам до некои 500мг на ден, а сепак кога ќе испијам магнезиум глицинат, осеќам голема разлика во тоа како се осеќам, ова никогаш до сега без разлика каква диета имам не сум го избегнал - нутриентите по парче храна вариаат премногу за да се ослонуваме на референтни вредности, па имаш комплексност на дигестија, абсорција, намалена стомачна киселина, оксалати, фитична киселина итн.

Има неколку работи со кои не се согласувам со Грегор, тоа е на пример дека холестеролот е проблемот. Холестеролот никогаш нема да биде проблем, ако не е дел од инфламаторната храна/воспалено тело - ако конзумираш кокосово масло, истиот ќе се зголеми, но нема да направи никаква штета на ѕидовите на артериите, или ќе има било каков ефект на инфламацијата, дури и анти инфламаторен ефект има. Така да кај сите има по малце вистина, е сега од друга страна ако ти е многу низок холстеролот, тоа во голем дел од случаите е асоциација или показател за ниска инфламација во организмот, па така и Грегор до негде има поента што е ептен против холстерол т.е. дека во студиите во кои има такво ниво на холстерол (ептен ниско) скоро е невозможно особата да страда од кардиоваскуларни проблеми.

Месото е хорор, не прави голема разлика дали е органско или гмо/со хормони и слично, таквото месо е помалце штетно, но не промовира добро здравје, повторно е атерогено и силно инфламаторно. Многу е лесно да се види кој во каква состојба е, ама сега да му кажеш на некого да плати 200е за да провери се со напредни тестови, никој нема да се нафати, тоа е проблемот. За тоа кој е во право или не, можеш сам да си тестираш, стај се на веган диета 2 недели, и осети ја трансформацијата.
 
Последно уредено:
Јас практикувам 7 дневна детокс диета, ја има во МИ40, последнава година два пати и има навистина резултати, не можам пдф да го прикачам, па ја конвертирав во jpeg, еве ги ако сака некој да проба, на нет ретко се наоѓа фри целата програма.
MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_01.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_02.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_03.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_04.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_05.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_06.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_07.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_08.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_09.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_10.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_11.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_12.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_13.jpg MI40-X-7-Day-Detox-Diet_Page_14.jpg
Едитирано од модератор
 
Детокс диети се глупост. Иаме бубрези, џигер, потни жлезди и тон други работи кои исфрлаат токсини.
 
Одлично е тоа што препорачува масовна доза на зеленчук, што би сменил лично од оваа диета.

Наместо brown rice, rice bran. Наместо пилешко и јајца, сардина и кефир ако веќе мора животински протеин.

Кај овошјето би ги одстранил од сликата јаболките, бананите, грозјето. Би додал капини, малини, киви, наместо нив.
Детокс диети се глупост. Иаме бубрези, џигер, потни жлезди и тон други работи кои исфрлаат токсини.

Стај се 1 недела на веган диета, и ќе се смееш на ова што си го кажал.
 
Детокс диети се глупост. Иаме бубрези, џигер, потни жлезди и тон други работи кои исфрлаат токсини.
Кај бодибилдинг не би рекол дека стигаат да исфрлат, посебно за време на балк кога низ телото минува огромна количина на храна и тоа најчесто монотона исхрана, а и ретко кој зема пробиотици за да ја подобри цревната флора за да биде способна да одговори на побарувањата.
 
Не само кај бодибилдинг, кај скоро сите диети, толку многу токсини има во опркужувањето, храната, воздухот и други фактори кои допринесуваат до масовна оксадација и инфламација што не само што треба да се чистиш, него мора.

Многу добар компромис е употреба на зачини, кои во едно испитување (микс од турмерик, оригано, цимет, и каранфилче) доведоа до 40% намалување на штетниот ефект на џанк фуд оброк, како rl cheat се без малце :D

Видеото не е за тоа испитување, али you get the idea.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MD_

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom