Исус контра неговото семејство

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Неверници вс верници 10:1 :pos:
Што не идете да си го гледате тоа атеизмот?
Што се замарате, прашањето е апсолвирано во
поглед на верата......или нешто уште ве копка...кој да знае.

10 неверници, еден верник, и еден изгубен...

;)
 
Исус секогаш беше пример за оние кои го следеа, па дури и во омразата кон своето семејство.

Дури и на самрт Исус е крајно ладен и нечуствителен кон мајката, кога Марија стои кај крстот и ученик на Исус тој вака се обраќа

26. А Исус штом ја виде мајка Си и ученикот кој го љубеше, како стои, и рече на мајка Си “Жено ете ти син“
27 Потоа му рече на ученикот, “Ете ти мајка“ И тој час ученикот ја зеде при себе.

“Жено ете ти син, Ете ти мајка“ какви емоции има овде? какви мисли.. чуства/... како да дава некој предмет кој му се згадил кој не сака повеќе да го има, да го поседува. Марија ниту со “мајка “ не и се обратил за последен пат, на ученикот не му рекол “Еве ја мајка ми, земи ја грижи се за неа...“ туку “Ете ти мајка“. Ладно, професионално..

Kako samo zborovite od boldot gi protolkuva deka se necuvstvitelni, deka s eupateni so omraza i nepocit kon sopstvenata majka?:eek:

Mene licno mi dleuvaat mnogu dostoinstveni, duri vlevaat stravopochit, bidejki se iskazhani na smrten chas na edna individua, i voopshto ne pokazhuvaat zhalenje za sopstveniot zhivot, a ushte pomalku nosat vo sebe tezhina koja bi trebalo da ja pochuvstvuvaat majka mu i ostanatite poradi negovata zaguba, tuku naprotiv ladno i smireno im preporachuva da prodolzhat so zhivotot i negovite dela. APSOLUTNO PROFESIONALNO, NELI?

Kolku i da ima Biblijata kontradiktornosti vo sebe, kolku i da e menuvana i pishuvana za potrebite na valdetelite, ova so semejstvoto na Isus deka go smetalo za lud e premnogu, duri i za tvrdokorni ateisti i lobotomirani muslimanski fanatici:confused:
 
Ајде назад малце кон темата.
Сигурно е вистина тоа со неточните преводи и изнудените толкувања од црковните олигарси, ама сепак ме интересира дали постои на светов некој примерок на Библијата во најмала рака помалце изменуван од овие што ни се нудат моментално и докоолку би го имало на Еврејски или каков и да е дали че има некој шо че можи во целост да го преводи со најмалку 90% точност за да бидат сите верници и неверници на чисто во што веруваат/не веруваат?

Еве ти линк од каде што можеш на кратко да прочиташ како настанала Библијата вклучувајќи го и нејзиното преведување на разните јазици:
http://www.veronauka.com.mk/biblijata/biblijata3.html

Новозаветните документи се пишувани во втората половина на 1от век (од околу 48 година до 100 година). Најраниот фрагмент (ракопис) од нив датира од 130г (папирусот „Џон Риланд“ - фрагмент од ев. Јован), понатаму 200г. (папурусот „Честер Бити“ ги содржи 4те евангелија и делата на апостолите), и други папируси кои до крајот на 4тиот век даваат бројка од околу 24.600 рани ракописи (манускрипти) од Новиот Завет или делови од него.
И друго што е вредно да се спомне е дека овие ракописи се најдени на трите континенти (Азија, Африка, Европа). Тоа е огромен материјал за анализа и текстуален критицизам за да се одреди вистинското значење на одреден збор или стих.

Само за споредба:

За Галските војни Јулие Цезар пишувал 1 век пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 10!) од ова дело е најден дури 900г. по Христос.
Тетралогијата Платон ја пишувал во периодот 427-347г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 7!) е најден исто така дури по 900г. по Христос.
Тацит ги пишувал Аналите почетокот на втори век, а најраниот препис датира дури 1100г. по Христос.
Херод ја пишува неговата Историја во 480-425г. пред Христос, а најраниот препис (од вкупно 8!) е најден 900 години по Христос.
Итн.

И не само тоа. Таканаречените „црковни отци“ од 2ри до 3ти век ги цитирале сите стихови од Новиот Завет освен 11 од нив. Ова значи дека Новиот Завет може да се состави дури и само од цитатите на „црковните отци“ до 4ти век кои цитирале од него.
Само „црковните отци“ од вториот век (Иринеј, Тертулијан, Поликарп, Јустин, Кирил Александриски, Климент Римски, Папиј, Аристид, Татијан, Кодрат итн.) цитирале од секоја книга од Новиот Завет освен од 3тото послание на Јован (книга која има само едно поглавје и која едноставно немале причина да ја цитираат)

Ова е доказ дека новозаветните документи навистина биле напишани и завршени во 1от век и биле широко употребувани во првите христијански заедници, па затоа и овие ранохристијански писатели од 2ри век можеле да ги цитираат.

Доколку некој се обидел погрешно да ги преведе цитатите, да додаде некој текст или да одземе, тешко дека ќе можел да го направи тоа на сите ракописи раштркани низ трите континенти. Ниту некој имал мотив, ниту можел да го направи.. И да би можел, не би сакал. И да би сакал, не би можел.

Таканаречените апокрифни „евангелија“ од кои повеќето се гностички текстови, се напишани многу подоцна, во крајот на вториот век, третиот век па натаму. Нивниот фалсификат и лажно авторство лесно се забележува и само со едно обично читање на текстот, а камо ли со употреба на историските тестови.

Историјата е таа. Вистината е таа. За жал денес светската публика повеќе се возбудува на различно од вообичаеното, на заговори и сл. Затоа и писателите пишуваат такви романчиња, затоа што така можат полесно да заработат пари. Од друга страна пак луѓето лесно се поведуваат по тие романчиња затоа што и самите не ја познаваат вистината (повеќето не фатиле никогаш во рака Библија), а од друга страна и ги гледаат денешниве попови и свештеници (кои исто така не читаат Библија и си ја вршат работата чисто како бизнис) и си мислат дека такви биле и првите христијани па затоа им се логични тие мистериозни заговори за кои не постои ниту еден единствен доказ, освен бујната фантазија.

Те охрабрувам што порано да го прочиташ барем Новиот Завет (една четвртина од Библијата) и самиот самостојно да пресудиш дали тој е дело на лукави манипулатори на Божјиот Збор, или пак се работи за искрено и веродостојно пренесување на очевидци или луѓе кои ги добиле информациите од прва рака.
Доволно си паметен и интелигенетен самиот да го процениш тоа. Не дозволувај јас или останативе форумџии да ти кажуваат вака било или така било, небаре тие биле очевидци на настаните :)
Секое добро!
 
Kako samo zborovite od boldot gi protolkuva deka se necuvstvitelni, deka s eupateni so omraza i nepocit kon sopstvenata majka?:eek:

Mene licno mi dleuvaat mnogu dostoinstveni, duri vlevaat stravopochit, bidejki se iskazhani na smrten chas na edna individua, i voopshto ne pokazhuvaat zhalenje za sopstveniot zhivot, a ushte pomalku nosat vo sebe tezhina koja bi trebalo da ja pochuvstvuvaat majka mu i ostanatite poradi negovata zaguba, tuku naprotiv ladno i smireno im preporachuva da prodolzhat so zhivotot i negovite dela. APSOLUTNO PROFESIONALNO, NELI?

Kolku i da ima Biblijata kontradiktornosti vo sebe, kolku i da e menuvana i pishuvana za potrebite na valdetelite, ova so semejstvoto na Isus deka go smetalo za lud e premnogu, duri i za tvrdokorni ateisti i lobotomirani muslimanski fanatici:confused:

Па комунистите имаа повеќе емоции од исус во своите последни моменти пред бесења и стрелања. На мајка да му речиш Ќено!, на ти син??
Достоинствено.... не знам на мајка ете во обична ситуација да му речеш Жено, дај вода!! Жено камо ми влечки... Жено, испеглај ми кошула... би било доста непријатно... али шо велиш, разни луѓе разни карактери...
Инаку дека го сметале за луд си стои во евангелието. Не е тоа некаја контрадикторност, значи неговите домашни рекле за него дека е луд, пошле да го приберат, тој не сакал ни да излезе кога стигнале мајка му браќата и сестрите туку и се одрекол од нив велејќи “која е мојата мајка, кои се моите браќа и сестри, и посочил на други луѓе велејќи ова е мојата мајка, браќа и сестри. Сега некој верник и од ова може да исфилозофира дека се работи за страшно племенито и достоинствено дело , али то е разбирливо, така мора да каже. Не е до него.
--- надополнето: Nov 11, 2011 6:59 PM ---
Новозаветните документи се пишувани во втората половина на 1от век (од околу 48 година до 100 година). Најраниот фрагмент (ракопис) од нив датира од 130г (папирусот „Џон Риланд“ - фрагмент од ев. Јован), понатаму 200г. (папурусот „Честер Бити“ ги содржи 4те евангелија и делата на апостолите), и други папируси кои до крајот на 4тиот век даваат бројка од околу 24.600 рани ракописи (манускрипти) од Новиот Завет или делови од него.
И друго што е вредно да се спомне е дека овие ракописи се најдени на трите континенти (Азија, Африка, Европа). Тоа е огромен материјал за анализа и текстуален критицизам за да се одреди вистинското значење на одреден збор или стих.

Ова е папирусот Џон Риланд

P52_recto.jpg

големина 8,9 сантими со 6 сантими. Тешко е да се датира али се става во распон од 100-150 година од нова ера (70-120 години ПО Исуса)
содржи 7 делчиња од линии на евангелие по Јован од едната и 7 од другата страна (само почетни зборчиња)

Колекцијата Честер Бити, не е онаква кава шо сака да ја престави Чорбаџоијата. Таа колекција на папируси содржи ДЕЛОВИ на стар и нов завет датирани од прва половина на 2 па се до 4ти век од нова ера.
Од стар завет тука се ПОМАЛИ ДЕЛОВИ на Битието, Броеви, Мал дел на Исаја, Еремија, Егзекеил... значи еден помал дел на стар завет
Од нов завет ги нема како што тврди Чорбаџија четирите евангелија туку имаме

глава 20-21 од евангелие по Марко, делови на евангелие по Лука (6-7 и 9-14) делови на евангелие по Јован (4-5 и 10-11) и дел од делата апостолски (4-17)

Од Павлови посланија состојбата е подобра, имаме до Римјаните 5-6 и 8-15, и комплетни посланија до Евреите, Галантјаните, Филипјаните, Колосјаните, двете до Коринтјкјани и дел од Солуњаните (1-2 и 5)

Она што Чорбаџијата заборави да го каже е дека таа колекција содржи и за денешните христијани НЕПОЗНАТИ текстови кои ги нема во денешната Библија (Нов Завет). Се работи за книгата на Енох 97-107 и текст на Мелито Сардски

Тоа ни докажува дека денешната Библија (новиот завет е и те како ревидирана, преправана, делови од неа се исфрлани или уфрлани а и преработувани.
 
Дека Исус во новозаветните документи не и се обраќал на блажената Марија со „мајко“, туку со „жено“ тоа е факт. Исус е Господ (Господар) и на Марија. Таа имала потреба од покајание и вера во Него исто како и останатите грешници.
Сигурно Исус знаел дека ќе дојдат времиња кога многу луѓе ќе ја култивизираат Марија и од неа ќе направат божество (со многу поголеми и помногубројни титули од Бог) па затоа и благовремено реагирал не давајќи им личен повод на тие луѓе.

Но тоа не значи дека не ја сакал или не ја почитувал. Крајната несебичност на Исус додека висел на крстот е покажана и кон блажената Марија. Тој иако бил на смртниот час сепак несебично мислел на тоа да ја згрижи Марија предавајќи ја на апсотол Јован веројатно затоа што Неговите браќа се уште не верувале во Него т.е. не биле христијани.

Еве доказ дека Исус им бил послушен на блажената Марија и Јосиф:
„И слезе со нив (Марија и Јосиф) и дојде во Назарет, и им беше послушен.“ (ев. Лука 2:51, Библијата)

Вистина е тоа дека Исусова мајка, брат и сестра бил секој кој ја исполнувал Божјата воља, но да не заборавиме дека Марија и неговите браќа подоцна станале следбеници на Исус а со тоа станале и Негова мајка, брат и сестра заедно со сите Христови следбеници.

Темава е претендиозно срочена за неупатениот да го убеди во намерите на авторот на истата.
 
Но тоа не значи дека не ја сакал или не ја почитувал. Крајната несебичност на Исус додека висел на крстот е покажана и кон блажената Марија. Тој иако бил на смртниот час сепак несебично мислел на тоа да ја згрижи Марија предавајќи ја на апсотол Јован веројатно затоа што Неговите браќа се уште не верувале во Него т.е. не биле христијани.

Аман бе Чорбаџија!? пишуваш како да не ја читаше библијаѕта и не ги знаеш фактите !
Исус не се грижел за мајка му ни додека бил жив па се најде да ја згрижува ко умирал. Марија си живеела со своите деца, а исус не бил со неа, Исус не бил единствениоѕт нејзин син, таа имала уште 4 сина и најмалку 2 ќерки. При живи браќа и сестри Исус мајка си му ја дава на друг? И тоа со наредба “Жено на ти син, тебе ете ти мајка“ со кое право располагал со неа па да ја дава ваму - таму?? Со кое право ја одзема кајката на своите браќа. Јаков брат му стана негов наследник и водач на неговите ученици. Марија беше мајка и на Јаков. Ова е мнооогу себично појаснување. Воопшто не е христијанско!
 
Христијанските заедници (цркви) од првиот век, вториот век, третиот век итн. ги препознавале за автентични и ги користеле само четирите евангелија. За тоа има огромен број на историски докази. Нивната автентичност и веродостојност е неспоредливо поголема од било кое друго античко дело. Стотината пророштва од Стариот Завет кои се исполнуваат во животот и делото на Исус исто така индиректно го потврдуваат новиот завет, Христовото распнување и воскресение. Христијаните од првиот век немале ниту причина, ниту мотив да лажат. Секој од нив попрво би плукнал на гробот на лажниот Месија отколку да загине проповедајќи Го воскреснатиот Спасител. Еден двајца би можел да скрене со умот и да халуцинира, но не и стотина независни сведоци и маченици. Еден или двајца би можеле да лажат, додаваат, одземаат, но тоа не можеле да го направат врз илјадниците ракописи раштркани низ три континенти. Тоа не можеш да го направиш ниту денес, иако има посовремени алатки и можности за превоз.
Исус Христос е Божјиот Син и Спасител кој умрел за гревовите на луѓето и воскреснал на третиот ден. Тоа е вистината, за некого болна, за некого живот вечен.
 
Вистина е тоа дека Исусова мајка, брат и сестра бил секој кој ја исполнувал Божјата воља, но да не заборавиме дека Марија и неговите браќа подоцна станале следбеници на Исус а со тоа станале и Негова мајка, брат и сестра заедно со сите Христови следбеници.

Ај некој доказ за ова?
--- надополнето: Nov 11, 2011 7:30 PM ---
Христијанските заедници (цркви) од првиот век, вториот век, третиот век итн. ги препознавале за автентични и ги користеле само четирите евангелија. За тоа има огромен број на историски докази. Нивната автентичност и веродостојност е неспоредливо поголема од било кое друго античко дело. Стотината пророштва од Стариот Завет кои се исполнуваат во животот и делото на Исус исто така индиректно го потврдуваат новиот завет, Христовото распнување и воскресение. Христијаните од првиот век немале ниту причина, ниту мотив да лажат. Секој од нив попрво би плукнал на гробот на лажниот Месија отколку да загине проповедајќи Го воскреснатиот Спасител. Еден двајца би можел да скрене со умот и да халуцинира, но не и стотина независни сведоци и маченици. Еден или двајца би можеле да лажат, додаваат, одземаат, но тоа не можеле да го направат врз илјадниците ракописи раштркани низ три континенти. Тоа не можеш да го направиш ниту денес, иако има посовремени алатки и можности за превоз.
Исус Христос е Божјиот Син и Спасител кој умрел за гревовите на луѓето и воскреснал на третиот ден. Тоа е вистината, за некого болна, за некого живот вечен.
Чорбаџија, раните оци критиковале и пишувале и за други текстови нае само за евангелија, имаме и апокрифи кои датираат од време кога се споменувани и евангелијата, најдени се доста и папируси со апокрифи, постоеа доста цркви кои за исус велеа дека не бил син божји туку пророк, постојат и оние кои го слават култот на брат близнак на Исус, постојат цркви кои во се се раководеа по стариот - јудејски закон, постојат црковни оци кои Марија неќеа да ја признат или зпоменуваат како дсветица и богородица... не е се така како од бајките во раното христијанство, дури и Павле кој проповедал своја верзија на христијанството, во своите посланија се жали и пишува за оние кои проповедаат поинаков Христ, за оние кои се Јованови, Аполонови, Јаковлеви, за оние кои одат како него по заедниците на верниците и кажуваат различни верзии на христијанството од неговото. А на почеток, речиси секоја црква си имала некоја своја верзија на текстови кои ги признавала и користела. Затоа и требаше нна собор да се канонизира еден универзален нов завет и библија. Да беа сите исти... немаше ни да помислат за тоа.
 
Дека Исус во новозаветните документи не и се обраќал на блажената Марија со „мајко“, туку со „жено“ тоа е факт. Исус е Господ (Господар) и на Марија. Таа имала потреба од покајание и вера во Него исто како и останатите грешници.
И што Исус роден од грешница е? Добро избрал гласникот кој да роди божествен син евреин кој што наместо да спасува евреите забегал :)
Добро е што го констатиравме ова!
 
Исус не бил единствениоѕт нејзин син, таа имала уште 4 сина и најмалку 2 ќерки.

А кој рече дек бил единствениот? Да не ме помеша со православните кои тврдат дека блажената Марија останала вечна девица? Јас тоа што ти го тврдиш сега го тврдам по форумиве од 2007 година па наваму и ти се најде на семкарот семки да му продаваш :)

При живи браќа и сестри Исус мајка си му ја дава на друг? И тоа со наредба “Жено на ти син, тебе ете ти мајка“ со кое право располагал со неа па да ја дава ваму - таму?? Со кое право ја одзема кајката на своите браќа. Јаков брат му стана негов наследник и водач на неговите ученици. Марија беше мајка и на Јаков. Ова е мнооогу себично појаснување. Воопшто не е христијанско!

Не е тоа давање на својата мајка како што ти го толкуваш. Се разбира дека Марија продолжила да си живее во својот дом и таа не се откажала од останатите синови и ќерки, ниту Јован од својата мајка доколку таа била жива. Едноставно, како што кажав, во тој момент Исусовите браќа се уште не верувале во Него и затоа Исус ги спојува со Јован, а можеби и заради некоја друга причина која ние денес не би можеле да ја знаеме.

„И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа.“ (Дела 1:13-14, Библијата)

Од овој цитат гледаме дека блажената Марија заедно со Христовите браќа еднодушно и постојано биле со Христовите апостоли во првата Христијанска заедница (Црква). Во таа заедница сите постари жени биле мајки, сите помлади жени сестри, сите мажи браќа, а Бог им бил Таткото Небесен, а Исус Господар на Кого Му биле послушни до смрт.
Од овој текст читаме дека
 
Тиа апостоли беа јудејци и од делата како и од посланијата на павле, знаеме дека ја почитувале саботата, се клањале во храмот, се обрежувале, принесувале жртви и во се живееле спрема јудејските закони.
 
Аман бе Чорбаџија!? пишуваш како да не ја читаше библијаѕта и не ги знаеш фактите !
Исус не се грижел за мајка му ни додека бил жив па се најде да ја згрижува ко умирал. Марија си живеела со своите деца, а исус не бил со неа, Исус не бил единствениоѕт нејзин син, таа имала уште 4 сина и најмалку 2 ќерки. При живи браќа и сестри Исус мајка си му ја дава на друг? И тоа со наредба “Жено на ти син, тебе ете ти мајка“ со кое право располагал со неа па да ја дава ваму - таму?? Со кое право ја одзема кајката на своите браќа. Јаков брат му стана негов наследник и водач на неговите ученици. Марија беше мајка и на Јаков. Ова е мнооогу себично појаснување. Воопшто не е христијанско!

Ti covece navistina ne znaes sto pisuvas, takvi izmislici ne sum cula do sega. Ako zboruvas za Svetoto Pismo, sedni i citaj kako treba, a ne kazuvas nekakvi si tvoi nebulozi.
 
Ti covece navistina ne znaes sto pisuvas, takvi izmislici ne sum cula do sega. Ako zboruvas za Svetoto Pismo, sedni i citaj kako treba, a ne kazuvas nekakvi si tvoi nebulozi.

Јас пак, а верувам и останатите, имам впечаток дека Лет 3 подобро го познава "светото" писмо од тебе...
 
Ti covece navistina ne znaes sto pisuvas, takvi izmislici ne sum cula do sega. Ako zboruvas za Svetoto Pismo, sedni i citaj kako treba, a ne kazuvas nekakvi si tvoi nebulozi.
еве уше еден “верник“ кој со душа чека коледе да со вино, ракија колбаси го прослави Исуса уз оган и откачена до даске Стоја, па да види после за Василица на кој Исус ќе му го додели парето в зелник....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom