Ајде назад малце кон темата.
Сигурно е вистина тоа со неточните преводи и изнудените толкувања од црковните олигарси, ама сепак ме интересира дали постои на светов некој примерок на Библијата во најмала рака помалце изменуван од овие што ни се нудат моментално и докоолку би го имало на Еврејски или каков и да е дали че има некој шо че можи во целост да го преводи со најмалку 90% точност за да бидат сите верници и неверници на чисто во што веруваат/не веруваат?
Еве ти линк од каде што можеш на кратко да прочиташ како настанала Библијата вклучувајќи го и нејзиното преведување на разните јазици:
http://www.veronauka.com.mk/biblijata/biblijata3.html
Новозаветните документи се пишувани во втората половина на 1от век (од околу 48 година до 100 година). Најраниот фрагмент (ракопис) од нив датира од 130г (папирусот „Џон Риланд“ - фрагмент од ев. Јован), понатаму 200г. (папурусот „Честер Бити“ ги содржи 4те евангелија и делата на апостолите), и други папируси кои до крајот на 4тиот век даваат бројка од околу
24.600 рани ракописи (манускрипти) од Новиот Завет или делови од него.
И друго што е вредно да се спомне е дека овие ракописи се најдени на трите континенти (Азија, Африка, Европа). Тоа е огромен материјал за анализа и текстуален критицизам за да се одреди вистинското значење на одреден збор или стих.
Само за споредба:
За Галските војни Јулие Цезар пишувал 1 век пред Христос, а најраниот препис (
од вкупно 10!) од ова дело е најден
дури 900г. по Христос.
Тетралогијата Платон ја пишувал во периодот 427-347г. пред Христос, а најраниот препис (
од вкупно 7!) е најден исто така
дури по 900г. по Христос.
Тацит ги пишувал Аналите почетокот на втори век, а најраниот препис датира
дури 1100г. по Христос.
Херод ја пишува неговата Историја во 480-425г. пред Христос, а најраниот препис (
од вкупно 8!) е најден
900 години по Христос.
Итн.
И не само тоа. Таканаречените „црковни отци“ од 2ри до 3ти век ги цитирале сите стихови од Новиот Завет освен 11 од нив. Ова значи дека Новиот Завет може да се состави дури и само од цитатите на „црковните отци“ до 4ти век кои цитирале од него.
Само „црковните отци“
од вториот век (Иринеј, Тертулијан, Поликарп, Јустин, Кирил Александриски, Климент Римски, Папиј, Аристид, Татијан, Кодрат итн.) цитирале од секоја книга од Новиот Завет освен од 3тото послание на Јован (книга која има само едно поглавје и која едноставно немале причина да ја цитираат)
Ова е доказ дека новозаветните документи навистина биле напишани и завршени во 1от век и биле широко употребувани во првите христијански заедници, па затоа и овие ранохристијански писатели од 2ри век можеле да ги цитираат.
Доколку некој се обидел погрешно да ги преведе цитатите, да додаде некој текст или да одземе, тешко дека ќе можел да го направи тоа на сите ракописи раштркани низ трите континенти. Ниту некој имал мотив, ниту можел да го направи.. И да би можел, не би сакал. И да би сакал, не би можел.
Таканаречените апокрифни „евангелија“ од кои повеќето се гностички текстови, се напишани многу подоцна, во крајот на вториот век, третиот век па натаму. Нивниот фалсификат и лажно авторство лесно се забележува и само со едно обично читање на текстот, а камо ли со употреба на историските тестови.
Историјата е таа. Вистината е таа. За жал денес светската публика повеќе се возбудува на различно од вообичаеното, на заговори и сл. Затоа и писателите пишуваат такви романчиња, затоа што така можат полесно да заработат пари. Од друга страна пак луѓето лесно се поведуваат по тие романчиња затоа што и самите не ја познаваат вистината (повеќето не фатиле никогаш во рака Библија), а од друга страна и ги гледаат денешниве попови и свештеници (кои исто така не читаат Библија и си ја вршат работата чисто како бизнис) и си мислат дека такви биле и првите христијани па затоа им се логични тие мистериозни заговори за кои не постои ниту еден единствен доказ, освен бујната фантазија.
Те охрабрувам што порано да го прочиташ барем Новиот Завет (една четвртина од Библијата) и самиот самостојно да пресудиш дали тој е дело на лукави манипулатори на Божјиот Збор, или пак се работи за искрено и веродостојно пренесување на очевидци или луѓе кои ги добиле информациите од прва рака.
Доволно си паметен и интелигенетен самиот да го процениш тоа. Не дозволувај јас или останативе форумџии да ти кажуваат вака било или така било, небаре тие биле очевидци на настаните

Секое добро!