Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.280
Maрија, мајката на Исус е маргинално споменувана во новиот завет. Минимално во евангелијата а воопшто во посланијата на Павле. Христијаните на Марија и посветиле посебно високо место, издигнувајќи ја речиси на ниво на божество, со цркви посветени кон неа, свештенички редови, со молитви упатувани кон неа.... Каков беше односот на исус со неговата Мајка. Дали од неговите зборови и односот кон неа можеме да ја приметиме таа боженственост на Марија
Братот на Исус - Јаков кој исто е само поменат по име на 2-3 пати низ евангелијата како и во делата и кај Павле, по смрта на Исус станува водач на Исусовите ученици и апостоли. Тој никаде не е споменат дека верувал во Исус, дека му бил апостол или ученик или дури дека му давал некаклва подршка, но по смртта го наоѓаме одеднаш на местото на исус, на чело на првата христијанска заедница (црква) - мајка на сит цркви - во Ерусалем.
Да проследиме неколку примери од евангелијата каде може да се види односот на Исус со неговото семејство
27. А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече “блажена е утробата, што те носела, и градите, од кои си се хранел“
28. А Он рече “Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо и го пазат.
Евангелие према Лука 11
Овде би сакал да напоменам дека не се слагам со преводот на на МПЦ во пасусот 28, имено во оригинал стои вака
28. At ille dixit Quinimmo beati qui audiunt verbum Dei et custodiunt illud
Значи го нема она ДА на почеток туку вели “Напротив, блажени се оние коу го слушаат и пазат зборот божји“
Како Марија да не го слушала и пратела зборот божји, како да (спрема Исус) не заслужувала да биде блажена??
Кај Матеј 13 (од пасус 54 до 57) се кажува дека исус дошол во својот роден крај и поучуваше таму по синагогите, а народот се чудеше (бидејќи го познаваа) и велеа “Не ли е ова синот на дрводелецот? Мајка му нели се вика МАрија, а браќата негови - Јаков и Јосија Симеон и Јуда? И сестрите негови не ли се сите меѓу нас? Од каде пак сето тоа при Него...... Одговорот на Исус е 57. Нема пррок без чест, освен во земјата негова и домот негов“
Исус вели дека во земјата и во домот негов го сметаа за безчесен?! конкретно не вели кој се дома тоа го мисли за него но ниту иззема некого од таа генерална изјава, значи вклучително и мајка му Марија и брат му Јаков.
Дека имаше такво мислење на неговите домашни, го гледаме и кај Марко 3
20 И дојдоа во една куќа, и пак се собра народ - така што не можеа ни леб да јадат
21 и кога чуја Неговите домашни, отидоа да Го приберат оти се говореше дека не бил на Себеси
(на латински е напишано furorem - не дека не е при себе туку дека полудел - неговите домашни сметаа дека е луд) Во денешно време луд се смета ментално болен, пореметен на нервна база.... пред 2000 години, (а и со векови по тоа) лудоста се препишуваше на демонски сили, дека особата е под власт или опседната со демони. Немаше третмани за такви особи освен молитви за да се изгонат демоните од нив. Кога семејстввото вели за Исус дека е луд, тоа значи дека мислат отие опседнат со демони, така мислат и луѓето во Марко 3
29 но кој ќе похули на Светиот дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд
30 Тој тоа го рече оти велеа “Нечист дух е во него“
Спрема Исус онохј кој ќе го обвини или помисли дека е луд (опседнат со нечист дух) нема да му биде простено, ни на овој ни на оној свет. Неговите домашни сметаа дека е луд. Со ни еден збор не е изземена од таму на мајка му ни братот Јаков кој после го наследил.
Исус е толку револтиран од своето семејство и нивниот однос спрема него, кога дојде мајка му и браќата и сестрите да го приберат (оти мислеа дека е луд) тој се откажува од сите нив со познатите зборови во Марко 3
33. А Он им одговори “Која е Мојата мајка, или кои се браќата мои?“
34 Па како ги погледна оние што седеа околу Него, рече, “Еве ги Мојата мајка и Моите браќа“
трогателни зборови на човек отфрлен од своето семејство.