Исус контра неговото семејство

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Maрија, мајката на Исус е маргинално споменувана во новиот завет. Минимално во евангелијата а воопшто во посланијата на Павле. Христијаните на Марија и посветиле посебно високо место, издигнувајќи ја речиси на ниво на божество, со цркви посветени кон неа, свештенички редови, со молитви упатувани кон неа.... Каков беше односот на исус со неговата Мајка. Дали од неговите зборови и односот кон неа можеме да ја приметиме таа боженственост на Марија
Братот на Исус - Јаков кој исто е само поменат по име на 2-3 пати низ евангелијата како и во делата и кај Павле, по смрта на Исус станува водач на Исусовите ученици и апостоли. Тој никаде не е споменат дека верувал во Исус, дека му бил апостол или ученик или дури дека му давал некаклва подршка, но по смртта го наоѓаме одеднаш на местото на исус, на чело на првата христијанска заедница (црква) - мајка на сит цркви - во Ерусалем.

Да проследиме неколку примери од евангелијата каде може да се види односот на Исус со неговото семејство

27. А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече “блажена е утробата, што те носела, и градите, од кои си се хранел“
28. А Он рече “Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо и го пазат.
Евангелие према Лука 11

Овде би сакал да напоменам дека не се слагам со преводот на на МПЦ во пасусот 28, имено во оригинал стои вака

28. At ille dixit Quinimmo beati qui audiunt verbum Dei et custodiunt illud

Значи го нема она ДА на почеток туку вели “Напротив, блажени се оние коу го слушаат и пазат зборот божји“
Како Марија да не го слушала и пратела зборот божји, како да (спрема Исус) не заслужувала да биде блажена??

Кај Матеј 13 (од пасус 54 до 57) се кажува дека исус дошол во својот роден крај и поучуваше таму по синагогите, а народот се чудеше (бидејќи го познаваа) и велеа “Не ли е ова синот на дрводелецот? Мајка му нели се вика МАрија, а браќата негови - Јаков и Јосија Симеон и Јуда? И сестрите негови не ли се сите меѓу нас? Од каде пак сето тоа при Него...... Одговорот на Исус е 57. Нема пррок без чест, освен во земјата негова и домот негов“

Исус вели дека во земјата и во домот негов го сметаа за безчесен?! конкретно не вели кој се дома тоа го мисли за него но ниту иззема некого од таа генерална изјава, значи вклучително и мајка му Марија и брат му Јаков.

Дека имаше такво мислење на неговите домашни, го гледаме и кај Марко 3

20 И дојдоа во една куќа, и пак се собра народ - така што не можеа ни леб да јадат
21 и кога чуја Неговите домашни, отидоа да Го приберат оти се говореше дека не бил на Себеси

(на латински е напишано furorem - не дека не е при себе туку дека полудел - неговите домашни сметаа дека е луд) Во денешно време луд се смета ментално болен, пореметен на нервна база.... пред 2000 години, (а и со векови по тоа) лудоста се препишуваше на демонски сили, дека особата е под власт или опседната со демони. Немаше третмани за такви особи освен молитви за да се изгонат демоните од нив. Кога семејстввото вели за Исус дека е луд, тоа значи дека мислат отие опседнат со демони, така мислат и луѓето во Марко 3

29 но кој ќе похули на Светиот дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред вечниот суд
30 Тој тоа го рече оти велеа “Нечист дух е во него“
Спрема Исус онохј кој ќе го обвини или помисли дека е луд (опседнат со нечист дух) нема да му биде простено, ни на овој ни на оној свет. Неговите домашни сметаа дека е луд. Со ни еден збор не е изземена од таму на мајка му ни братот Јаков кој после го наследил.

Исус е толку револтиран од своето семејство и нивниот однос спрема него, кога дојде мајка му и браќата и сестрите да го приберат (оти мислеа дека е луд) тој се откажува од сите нив со познатите зборови во Марко 3

33. А Он им одговори “Која е Мојата мајка, или кои се браќата мои?“
34 Па како ги погледна оние што седеа околу Него, рече, “Еве ги Мојата мајка и Моите браќа“

трогателни зборови на човек отфрлен од своето семејство.
 
Да, уште малку ако ја прошириш слободата на толкување, може да ти се причини било што, на пример дека Исус и Пилат биле еден ист човек или дека брат му бил фудбалер....
 
Марија најмногу е славена меѓу Христијаните заради тоа што била безгрешна и посебно одбрана од Бог да го роди Исус преку вонтелесно оплодување иако била девица. Исто така многупати се појавувала како привидение и пренесувала пораки на луѓето (http://en.wikipedia.org/wiki/Our_Lady_of_Fátima најпознат пример). За односот меѓу Исус и Марија не би знаел да кажам
 
Да, уште малку ако ја прошириш слободата на толкување, може да ти се причини било што, на пример дека Исус и Пилат биле еден ист човек или дека брат му бил фудбалер....
Не сум сигурен дали и јму се обратил Исус на Марија со Мајко“ или “Мамо“.
Мислам дека и се обраќал со ЖЕНО.
Како денес на пример на мајка да и се вели МОРИ
А чудно е што Марија и покрај тоа што знаела дека ќе роди од светиот дух оплодена безгрешно, и на толку абери од ангели... помислила дека Исус е луд? и отишла со другите свои деца да го прибери оти мислеше дека е луд??
А и друго е прашање, ете првото дете го имала Марија со Бог а другите (најмалку 6) со Јосиф (обичен чоек) зарем Јосиф не заслужи исто да биде некаков си светец и спомнуван? како некој си баџанак на Бог?
 
Да, уште малку ако ја прошириш слободата на толкување, може да ти се причини било што, на пример дека Исус и Пилат биле еден ист човек или дека брат му бил фудбалер....
Јебига... измислена прикаска е... може да и додаваш што сакаш.
Библијата и не се разликува многу од некои бајки...
 
Јебига... измислена прикаска е... може да и додаваш што сакаш.
Библијата и не се разликува многу од некои бајки...
Те молам, кажи го ова за Куранот јавно на телевизија со име и презиме доле. Знам дека е популарно да се зборува против христијаните, биди маж и кажи ека Куранот е приказна за мали деца. Или тој не е , само библијата е?
Инаку за темава,животот на Исус е пишуван од четири сведоци , и затоа има четири различни гледишта кои може навидум изгледаат различни, но на крајот се како четири слепци кои фаќаат слон, едниот опашката, другиот сурлата итн.
 
не беа слепци, то шо не го виделе ни слушнале Исуса, не значи дека биле слепи. Евангелијата настанале многу покасно по Исуса и во други земји и места. Наменети беа за друга “публика“ Писателите се потпирале дел на легендите дел на прикаските за Исус дел на зборови на некои други мислители и теолози, дел на други религии и нивни обреди, дел на историја и дел на актуелните политички и општествени потреби. 3-4 века потаму се ревидирани, исфрлено е то шо не треба, уфрлено то шо треба и така конечно оформени се канонизирани.
 
Јебига... измислена прикаска е... може да и додаваш што сакаш.
Библијата и не се разликува многу од некои бајки...
Измислена или не факт е дека барем како обична книга со стихови е генијално напишана. Сите тие шо ја исмеват не се ништо подобри од оние шо ја користат за лични интереси и за власт над луѓето шо во религијата гледат духовна утеха. Еден од најголемите научници шо го има човештвото - Исак Њутн поминал неколку години од животот (и од неговата научна кариера) проучувајки ја библијата,бил убеден дека ако успеј да ја дешифрира ќе ги открие божјите тајни. Најголемите умој како Ајнштајн,Кантор,Хабл,Саган па дури и Дарвин никогаш не ислучиле постоење на виша сила.
Сите оние шо се најдоја паметни по форуми преку саркастични коментари да го плукат то шо одбрале да не го прифаќат,можат барем да ја прочитат книгата чисто онака како литературно дело
 
не беа слепци, то шо не го виделе ни слушнале Исуса, не значи дека биле слепи. Евангелијата настанале многу покасно по Исуса и во други земји и места. Наменети беа за друга “публика“ Писателите се потпирале дел на легендите дел на прикаските за Исус дел на зборови на некои други мислители и теолози, дел на други религии и нивни обреди, дел на историја и дел на актуелните политички и општествени потреби. 3-4 века потаму се ревидирани, исфрлено е то шо не треба, уфрлено то шо треба и така конечно оформени се канонизирани.
Тоа е филозофски проблем. Четири слепци допираат слон и го опишуваат. Еден вика, изгледа на нога, бидејќи ја допира ногата . Другиот вика, не , личи на стапало бидејќи го допира стапалото. Така и овие четири евангелија, секој ја пишува својата страна. Помодерно Рашомон ете да го спомнам. А тоа што сега има теории на заговор, да сменето е нешто во Библијата, ама не тука кај овие евангелија, туку кај Понтиј Пилат кој требало да биде мост помеѓу Римјаните и Христијаните и да го направи полесно конвертирањето од многубожци во Христијани на Римската Империја.
 
Let3, man, whassup?

Пак некој непознаница, не? Е ми, не оди то така лесно, разбираш, стај го Светото Писмо под мишка, цитирај стихој (ка некои овдеа на форумов...) и оп-завршена работа...
 
Let3, man, whassup?

Пак некој непознаница, не? Е ми, не оди то така лесно, разбираш, стај го Светото Писмо под мишка, цитирај стихој (ка некои овдеа на форумов...) и оп-завршена работа...

Мики еДен, јас ем цитирам ем образложувам ем преведувам ем појаснувам... не сум така лош да опнам линк и то на туѓ јазик па еве ви јас си кажав своето. Кај мене се гледа труд, разбирање, искуство, ученост, сексипил, бистрина, начитаност, ентелигенција, убавина....
 
Убав тој на мајка...Има све што требит...:D

П.С.
Се шегувам де...

А што се тиче Твојте објасненија, признавам дека патат од полесен случај на овосветовен рационализам и субјективизам, ама шо знајш, ако Го бараш Бога, можно е и до Го најдеш...
 
Убав тој на мајка...Има све што требит...:D

П.С.
Се шегувам де...

А што се тиче Твојте објасненија, признавам дека патат од полесен случај на овосветовен рационализам и субјективизам, ама шо знајш, ако Го бараш Бога, може и ќе Го најдеш...
Јас го најдов Бог и тој м најде мене, јас го поштувам него и не му се мешам во работата - тој ме поштува мене и не ми се меша мене во работата, си имаме кохабитација.
 
Измислена или не факт е дека барем како обична книга со стихови е генијално напишана. Сите тие шо ја исмеват не се ништо подобри од оние шо ја користат за лични интереси и за власт над луѓето шо во религијата гледат духовна утеха. Еден од најголемите научници шо го има човештвото - Исак Њутн поминал неколку години од животот (и од неговата научна кариера) проучувајки ја библијата,бил убеден дека ако успеј да ја дешифрира ќе ги открие божјите тајни. Најголемите умој како Ајнштајн,Кантор,Хабл,Саган па дури и Дарвин никогаш не ислучиле постоење на виша сила.
Сите оние шо се најдоја паметни по форуми преку саркастични коментари да го плукат то шо одбрале да не го прифаќат,можат барем да ја прочитат книгата чисто онака како литературно дело

Како литературно дело, Библијата е ужасна литература. Полна со недоречености, нелогичности или едноставно чисти бесмислици. А фактот што Стариот и Новиот завет одат заедно, под името Библија, е злосторство против добриот литературен вкус...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom