Москвичот, кога се појавил на времето дизајнерски бил во согласност со тогашните стилови, и се сметал за модерна кола. Е, оние подоцнежните се варијација на тема на овој со типичниот источноевропски кич, и се навистина за никаде.
Ладата...нели ФИАТ 124 е...онаа под името Жигули...Подоцнежните се бледа копија, со некои дизајнерски измени од Советите на ФИАТ 124 специал, а и посилните машини 1500, 1600 ццм се зголемување на обемот на основниот мотор, и стандардниот источноевропски кич.
Застава е посебна приказна. моделот 1300 до 1972 (според информации кои ги имам) е knocked down car од ФИАТ 1300.
Доаѓа школката, мотор и останато, од Застава се вградуваат сопствени шофершајбни, фарови, маски, раткапни, натписи и сл...се фарба и се склопува. На таквите на секое едно делче има FIAT и Made in Italy.
Слично е и со 750 и 101/128.
Дури подоцна се усвојува сопствено производство на сите компоненти во производството на автомобилите.
Сите автомобили од Застава се ФИАТ-ови модели дизајнирани од Dante Giacosa. 1300 е направена во дизајнерски манир на Chevrolet Corvair од 1960

Дури и Запорожец има понешто украдено од Corvair.
ceza, што стана со фабриката кај вас каде се правеа Москвичи? Кој сега ја има, произведува ли нешто или се отиде у ПМ?