Источноевропски возила

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.348
Возраст
47
Локација
Струмица
Веб-сајт
www.kajgana.com
Ги памтите ли источноевропските возила? Освен „домашната„ Застава, имаше и 125 П, Полонез, Вартбург, Лада, Шкода, Москвичи, запорожец... Интересни количиња од едно минато време. Постарите да се потсетиме, а помладите и да научат понешто.

Освен Лада, Застава, ФСО и Шкода кои имаа каков таков квалитет, остатокот беше далеку од западната конкуренција.
Подоцна ке постирам и некоја слика од нив.
 
eve edno fice za hipicite na foruov :

voiture-divers-fiat-selinunte-italie-345617.jpg
 
Трабант :)



Еве ја и Шкода 110 ЛС, а под неа е мојата омилена 1000 МБ :)





Ова е Запорожец



И Москвич од 1966

Еве и Полонез:



Дизајниран од Џуџаро (кој и не се потрудил баш) во народот е употребуван за макнење товари во последно време. А интересна кола иначе. механика од 125 ПЗ, значи Фиат 1300
 
Една исправка писијодамастер:

Тоа на сликата е Fiat 600, според чија лиценца настанало фиќото. Интересно, во секој случај.

А еве и понекој мотор:

МЗ:



Јава:



Чезет:

 
pcjodamaster напиша:
eve edno fice za hipicite na foruov :

Незнам колку примети или знаеш, ама ова како прво не е Заставиното „Фиќо“ туку оригинален FIAT 600! И носи италијански таблици од времето додека Италија не беше дел од ЕУ! Нема врска со темава зашто не е источноевропско возило, а и нема воопшто хипи -еементи во декортацијата туку „фолк“!

За оние постарите кои ги служи добро сеќавањето, еве нешто од некогашниот СССР, Москвич 403, модел од 1962. Денес во Русија е ужасно баран овој модел за реставрација и средување во олд тајмерски манир!
300px-Moskvitch_403.jpg
 
Кој студирал машински сигурно ќе му текне еден цитат на проф Андоновиќ (Предава САD и Конструирање)

Студенти има еден парадокс во констриурањето, на пример ајде да споредиме Мрцедес А класа од 1998 и Трабант од 1960. Мерцедесот кошта 30000 марки а трабантот 30 марки. Мерцедесот се обрна на тестот а трабантот гајле нема. Епа вие видете какво возило ке купите хммм
 
Еве уште нешто од СССР. Волга од времето на Брежњев:) Инаку Волгите јас лично ги паметам од овој модел:
23_1b.jpg
 


Волгата од Хрушчов од времето



А богами и од Брежњев

П.С. Мандрак, прво е Хрушчов, а по него Брежњев :)
 
Ај ставите застава 1300 легенда од кола

Тристач народно кажано
 
Еве го и врвот на некогашниот Источноевропски луксуз, „ЗИЛ 41041 лимузин“ еден единствен модел кој се изработувал исклучиво по нарачка на врховниот президиум на К.П. на СССР:), или едноставно, само ЗИЛ, наменет за највисоките партиски функционери
74.jpg

76.jpg
 
Специјален поздрав за ОБИ ВАН : :)



Друмската лаѓа застава 1300. своевремено директорска кола.

Еве и некој Вартбург, кој името го добил по дворецот Вартбург, кој се наоѓа близу неговиот „дом„ во Ајзенах (Германија)



Моделот 311 од крајот на 50-тите



Моделот 353 кој бил низ 70-тите, 80-тите...

Чехословачкиот државнички автомобил Татра:

Првиот е Татра Т-87 од 1936:



закон дизајн

Следува Татра 603 од 60-тите:




И Татра 613 од 70-тите (Ваков примерок најдов на еден отпад пред 10 дена




Мотор и погон отпозади... Mандрак може да каже нашто повеке тука...
 
Татра и Шкода од некогашната Чехословачка се едни доста интересни производители на патнички и товарни возила. Кај патничките модели заедничко им е кај оние од постара дата тоа што кај сите моторите и менувачите зе назад, со таа разлика што кај Татра моторите се секогаш со поголема запремнина, поснажни како и големината на целото возило додека кај Шкода запремнината на моторите никогаш не надминувала 1200 ццм кај постарите модели со мотор позади и димензијата на целото возило и комфорот се знатно помали одколку кај Татра. Татра престана да произведува патнички автомобили, додека теретната програма ја соедини со Шкодиниот Лиаз, додека Шкода подоцна стана дел од групацијата Фолксваген најмногу благодарение на беспрекорните менувачи кои се познати по својот квалитет и издржливост и кои одамна се користат како концепција за трансмисија кај Фолксваген и Порше.
 
Еве ја и многу популарната во тоа време, руска Чајка:
chaika1a.jpg

chaika1b.jpg

модел „ГАЗ-13”, и поновата „ГАЗ-14”:
Gaz14.jpg
 
Ееј луѓе сликиве се супер нема што иако во тоа време бев мал сепак се сеќавам бледо на некој од овие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom