Испукајте се

Macka12345

Модератор
Член од
14 октомври 2021
Мислења
613
Поени од реакции
1.052
Мислам дека ваква тема нема.

А ни треба на сита.

Место карање и вреѓање по други теми, ако ве изнервира некој, на форумов, во личен живот, пишете си овде.

-вреѓање членови е забрането
-тагнување членови исто.

Може да пишете дека некој негде ве изнервирал, без да го спомнете бидејќи ќе настане караница.

-ЦИТИРАЊЕ Е ЗАБРАНЕТО.

Јас прва мислам дека ќе ја користам темава доста.

пример.
Комшијава над мене буши од 8 саат активно, што е многу, многу е, ако сака да се тера у три лепе.
 
Добро, дали само мене ме нервира досаден персонал во продавниците? Шеташ, те пратат, ко да се истите тетки од Еуро Азија од пред 15-20 години кои идеа по тебе и ти дишеа во врат… Многу безвезе се осеќам, ко да мислат доаѓам да крадам, па ме пратат низ цела продавница
Се надрндав денес, а баш имав во план свашта да купам
 
Нема потреба од ваква тема. Постојат многу начини за лечење комплекси, филтрирање негативна енергија и подобрување на мудот.
Наједноставниот е слушање музика што ви го покачува адреналинот и ве испукува.
Пуштете си метал, панк или друга музички агресивна музика и медитирај те т.е. не правете ништо. Отворете чакри и восприемајте го секој тон и риф.
Ако тоа ви е малце дојдите на свирка, ќе се ишуткаме и ќе немате потреба да се испукувате по теми.

Peace :angel:
 
Да го закачам на женатаму од комшијата.

Во принцип сум кул гај, никој од форумов не ме нервира освен аномалијата наречена Флеш. Такви блесоци на неписменост, неповрзани мисли и општа празноглавост би ја натерале секоја жива единка во Универзумов на одбранбена реакција која оддекнува низ сите паралелни нивоа.

Мацка фала за темава, Ацид фала за перма банот на Драга Кајгана. СтолеД и неговите луди приказни ќе продолжат. Во суптилен формат, под радар.
 
Сфаќам дека уште луѓе плаќаат во ќеш.
И јас имам до 500 денари.

Ама кога у гужва некој ќе плати сметка од 534 денари со 1000ка, или 2000ка, се брои касиерката, купувачот си ги препроверува парите, дур ги напика, у ќесата не доставил нешто, тука редот чека.
Ме имаш мене често превртувам очи.
Поготово после работа кога бар јас кај што живеам, во 3/3 маркети обавезно има гужва, и ќе почнат со книжните..

Фак оф
 
Сфаќам дека уште луѓе плаќаат во ќеш.
И јас имам до 500 денари.

Ама кога у гужва некој ќе плати сметка од 534 денари со 1000ка, или 2000ка, се брои касиерката, купувачот си ги препроверува парите, дур ги напика, у ќесата не доставил нешто, тука редот чека.
Ме имаш мене често превртувам очи.
Поготово после работа кога бар јас кај што живеам, во 3/3 маркети обавезно има гужва, и ќе почнат со книжните..

Фак оф

Ти беше таа значи пред некој ден на каса се утепа од превртување очи, ја позади тебе бев.
Пиши што. Може може да ти помогнеме или некој ќе се понуди.

Не е толку сериозно , само се испукав моментално.

Ова забрането ли е патем на темава?
Изгледа не смее вака со реплики.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom