О|ивер シ
Анти.
- Член од
- 14 октомври 2011
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.018
Рандом текст што мене ми се допадна.
1 дел
Толку.
1 дел
Се викам Стивен и сум од Волверхемптон - градот и тимот. Сега ќе ви раскажам за двајцата мои потстанари од Македонија.Студент сум во Бирмингем - учам корпоративно право. Работам како практикант во елитна фирма. Со мајка ми решивме малку да си ја подобриме финансиската состојба и зедовме станари дома.Сакавме да бидат бели и од Европа, за да не ни сметаат културните разлики. Имавме многу кандидати, но избравме двајца Македонци.Изгледаа надежни. Платија две кирии однапред (800 фунти) со сите можни банкноти, монети и 17 долари по среден курс. Беа облечени во брендирана спортска опрема (едниот дури имаше кожна јакна заврзана на тренерките), но изгледа беа многу сиромашни.Вечерта ги поканивме на вечера со нас. Мајка ми направи од моето омилено говедско месо. Македоците донесоа шише со бледо жолтеникава течност. Ја викаа ракија, а јас отров.Пиеја и се напија здраво, бараа уште јадење без срам. Мајка ми беше презадоволна затоа што многу им се допаѓа нејзиното готвење. Ми го испија сето пиво кое јас ќе си го пиев цела недела.Со изненадувачки добар англиски акцент се заблагодарија за вечерата, помогнаа да се собере масата и слегоа во собата на долниот кат - утре биле на работа во фабрика за конзервирање зелечук.Заборавив да ви ги кажам нивните имиња - Александар и Ѓорги. Потоа сватив дека Македонците имаат по две имиња - првото име за во пасошот и второто име за пред луѓето.Така што тие се викаа Саше и Ѓоко. Многу чудно. А имаа и прекари - Сашо Багажникот и Ѓоко Був. Но тие не користеа ниту едно од тие имиња и се обраќаа со називи како: брат, клошар, педер... и многу други.На почетокот Македонците беа многу тивки и некако загрижени. Купуваа само леб и супа. Но кога ја зедоа првата плата - шок, промената ја разбра целото сосетство. Се напија брутално и се веселеа на некаква чудна музика.Во неделата не поканија заедно со мајка ми на Македонски ручек. Не предупредија да не доручкуваме.Во 12:00 тропнавме на нивната врата, ни отвори Багажникот, беше непријатно изненаден затоа штодојдовме навреме. Ни рекоа да си ги соблечеме чевлите. Ми наредуваат во мојот дом, но како и да е, ги соблековме чевлите и пред да седнеме имаа задачи за нас - ти измиј го ова, ти донеси го ова. Був правеше салата на најчуден начин - сите зеленчучи ги насецка на ситно и ги измеша. Потоа истури огромно количество масло и оцет, стави грст сол и измеша.Багажникот правеше скара на терасата, а покрај меленото месо печеше леб, кромид, магденос и што уште не. После еден час седнавме, ни ставија од одвратниот алкохол. На мајка ми многу и се допадна комбинацијата ракија и салата. Мене не.Изроди! Беа весели и воопшто не се воздржуваа во однесувањето. Пуштија прегласна музика, препија, зборуваа со висок глас и ја несмејуваа мајка ми со бесрамни приказни. Малите форми на мелено месо беа прекранси (им го заборавив името), но изедов само едно од гнев. Ги мразев, бедници дошле од другиот крај на светот па уште и се среќни. А јас претставник на Британската империја не сум среќен. Ги прашав со што се занимавале претходно во Македонија, ми одговорија дека главно се занимаваат со дестилација на високо алкохолни пијалоци.Деновите на Македоците минуваа така - наутро беа нервозни и се караа (можеби и се тепаа), потоатргнуваа на работа во последен момент. Се враќаа од работа со огромно расположение, кеси полни со јадења и како што велеа „алкохол за резерва“. Многу се плашеа пијачките да не им завршат.Се капат брзо а потоа готват. Се им е организирано до секунда.По закон смее да се седи до 10 часот, а тие седат до доцна во ноќта.Забавата им почнува со метал, а завршува со нивниот турбо фолк.Филмови не гледаат, игри не играат, туку само зборуваат и се смеат на своите глупости.Викенди ја шетаа околината со нивната нова чанта-ладилник. Се враќаа изморени, весели и пијани.Само во недела вечер не пиеја, туку гледаа телевизија.Секогаш го поминуваа дворот во дијагонала - направија патека. Скратија неколку метри - малоумници. Од каде и како запознаваа девојки, не знам, но редовно ги носеа кај нас.Носеа пакистанки, украинки или пољакињи. Понекогаш носеа и Англичанки. Јас цел живот сум бил со помалку девојки отколку тие за 1 месец. И тоа не беше обичен секс - девојките вриштеа со цел глас (среќа што мајка ми е малку глува).Девојките кога излегуваа како да преживеале вселенска катастрофа, а Македонецот задоволно си го чеша стомакот и оди по неа. Уморен сум од тие смотанковци.Знаат ли дека ние Англичаните сме ја покориле оваа планета, дека цел свет го зборува нашиот јазик. А тие доаѓаат да ни слугуваат од земја за која прв пат од нив слушнав дека постои.Решив да им ја истражам на Гугл нивната кратка историја. Пак проблем - тие имале држава пред нашата, а нивниот Александар Македонски го освоил светот пред нас, ги победил Грците, Персијците, па дури и Индијците со слонови, а Египќаните сами му се предале и го прогласиле за врховен бог и фараон.И така низ вековите на нивната територија постојано се водела војна и секој сакал да биде Македонец.
2 дел
Ние Англичаните сме познати фудбалски навивачи во светот. Возбудата и огнот пред натпревар се
неспоредливи. Секакви луѓе сме обединети од религијата - нашиот тим. Сите сме еднакви пред него. Го сакаш клубот до гроб. Понекогаш си мислам: да бев навивач на Манчестер Јунајтед (пример), колку повеќе победи и успеси ќе доживеев, наместо со Вулвс. Но тоа поминува секавично, како што и доаѓа. Не ми е гајле за успесите на другите тимови, ме интересираат само нашите. И така една сончева сабота бевме домаќини на омразениот ни непријател Вест Бромвич и изгубивме. Болката е многу поразлична од другите видови духовно страдање - едноставно ти е мнооогу глупо.
Си отидов, а дома беше чудно тивко како за викенд. Кај Македонците светеше, но немаше трага од
вообичаената саботна забава. Тропнав на вратата и несвесно си ги собув патиките. Ми отвори Ѓорѓи - Ѓоко - Був. Извика: „Газда (имиња не постојат за нив), горе главата другиот пат ќе победите“. Седнав на каучот и погледнав наоколу - собата беше исчистена како болница, завесите испрани, ламинатот исчистен со скапи препарати, сè беше чисто повеќе од вообичаеното. Се лигавеа со некакво евтино вино и мезеа некаков зеленчук во тегли. Утре бил натпреварот со нивниот голем непријател – се подготвуваа. Од љубопитност прашав како се вика нивниот Македонски тим. Се викал како името на нивната најголема река?! Брзо се качив во својата соба, видов на интернет кога е дуелот – и почнав да стискам палци за противничкиот тим, демек (Македонско суеверие) да им донесам среќа. Во неделата ме повикаа итно на работа, но го следев натпреварот во живо на еден сајт. Тимот со име на река – убедливо изгуби. Јас бев пресреќен и одвај чекав да ги видам веселите Македонци. Веднаш повикав такси, немав сили од возбуда да чекам автобус. 120 фунти – кој го е*е, како што велат Македонците.
Пристигнав, платив, слегов пред куќата... и на местото се скаменив - Македонците пееја. Ептен се изнервирав. Се качив во нивната соба.
Бесрамно нервозно прашав: - Зошто се радувате дебили едни... Сашо Багажникот ја згасна музиката и рече: „За нас поразите и дрвата-фудбалери немаат никакво значење, единственото што вреди е навивањето, ние навивачите сме клубот!“ Веќе немав сили - сакав да умрам од срам, сакав да сум силен и различен... сакав да сум Македонец.
Тие двајцата купија Ауди А6, произведено 1999-та. Задолжително зеле бензинец за да му ставеле плин (што е тоа плин не сфатив). Беше лута машина (македонски израз) - под неа теча разновидни течности, немаше огледала , бришачи, лев трепкач и заден браник. Автомобилот имаше преживеано и удар од напред. На Македонците им беше сеедно – го гледаа со импресивна гордост. Прво ја измија колата - водата се измеша со автомобилските течности и тревникот ненадејно ни се исуши. Ме поканија да учествувам во реновирањето. Да си признаам ми беше мило затоа што побараа помош од мене. Што не можевме да најдеме половно го лепевме. Никој од нас не беше квалификуван мајстор, но тоа за моите луѓе не беше проблем, а веќе не беше ни за мене. Пиевме ракија и здружено се боревме со механичките предизвици. Кога чеканот го удираше мојот прст велев "фак" ... ако тоа се случеше со некој од Македонците, тие силно ќе извикаа: „Пи*ка ти матер“ и додаваа: „Да ти ја е*ам пи*ката мајчина во га*от“ - Македонците не признаваат дека можеби тие се виновни за неуспешните работи - чеканот беше за еб**е.
Ми објаснија дека за нив тоа бил начин на медитација и на ослободување од негативната енергија.
Летото ме поканија на гости во Македонија. Планиравме да патуваме со Аудито (се разбира), кое не знам од каде, но веќе беше опремено со бришачи, огледала (во различна боја) и се останато. Со денови правев планови, од каде да одиме, за да разгледаме што е можно повеќе знаменитости. Македонците сепак рекоа дека немало ништо интересно во досадни градови како во Париз , Виена и др... Во нивната татковина имало многу повеќе знаменитости и интересни работи за гледање. Патувавме вкупно 30 часа до нивното село во Македонија, застанувавме само да одиме во тоалет, гориво натоваривме во туби од некој Албанец во Лондон. Не пречекаа како кралеви - прегратки, бакнежи, солзи во очите. Прекрасни топлите луѓе – прв пат ме гледаат, а ми се радуваат како да им бев дете. Мајка ми цел живот ми се нема израдувано така како што ми се израдуваа овие непознати луѓе. За прв пат во животот почувствував како и е на кралицата кога се шета низ Англија.
Стигнавме во недела, па не успеавме да се искапеме, бидејќи сите во Македонија се капеле во недела, зошто само во недела имало ефтина струја, а инаку им била двојно поскапа од нашата (а платите 20 пати помали). Имало и многу други аномалии како оваа, ми објаснија домаќините, кои биле карактеристични само за оваа земја, единствено во сончевиот или кој и да е друг систем. Пример не сакаш да користиш парно и го отстраниш радијаторот, сепак продолжуваат да ти наплаќат „кориснички“ (?!) такси и нема сила или Бог, кој може да ги запре.
Седнавме на долгата претрупана софра на дворот. Пуштија музика и забавата започна. Бев поднаучил Македонски и ми беше супер, интересно да комуницирам со овие луѓе. Се испостави дека моите станари биле женети дома, но постои една локална изрека „На пијано не се важи“, па така моите пријатели немаа гајле што во Англија секоја недела дома носеа различни девојки. Истата вечер го продадоа аудито за 120.000 нивни пари профит. Ми дадоа 1.000, затоа што им помагав - бев толку горд. Го крстиле мачорот на моето име - Стивен. Нормално, не го викаа по име, туку го викаа Чеф.
Тоа беа најубавите две недели во мојот живот. Ги обиколивме сите роднини на моите пријатели, се
запознав со нивните пријатели - секаде ме гледаа како да дошол принцот од Англија. Ме запознаа и со многу македонски девојки - не се како нашите со тркалезни глави и тела. Македонките се слаби, со издолжени лица и големи очи како на елени - нема таква убавина никаде на земјата. Сфатив дека Македонец нема да станам, но сакав барем да си најдам жена од нивната крв. Мисијата не беше многу тешка затоа што Македонките многу ме сакаа. Сеуште не ми е јасно дали затоа што сум духовит, бидејќи многу се смееја на моите шеги или цел живот сум бил во заблуда дека не сум многу убав. Така, после две недели се вратив во Лондон со избраничката, се вика Вера - типична Македонка - убава, остроумна.
Сега живееме во Лондон и имаме двајца синови - Гоце и Даме. Македонците, моите пријатели уште
живеат кај мајка ми, но не плаќаат станарина. Успеаја во конзервиот бизнис и исто така имаат деца.
Среќен сум што ги сретнав. Кога влегувам да се туширам, сеуште несвесно погледнувам во телефонот да не е случајно недела...
Толку.