Здраво на сите,
Се регистрирав на форумот за да посочам нешто.
Како е можно Александар, Гоце, Кираца, Зорица и сите останати кои во тие денови вршеле активна истрага да не поврзат веднаш дека цитроенот што им е сомнителен е веќе запален?!
Како?
Тие на Илон Маск му пишувале, а на гугл не пребарале - цитроен, велес, панче, исчезнат... Помислиле дека Панче ја грабнал, а не пребарале вести за Панче и цитроенот? Интуицијата на Кираца се сетила на Панче и таа рече дека се` пребарала за него и помислила да не е педофил, ама оваа вест од средата, 29.11.2023 не ја видела ни таа ни никој?
Досега никој од тие што истражувале не рече дека сватиле дека цитроенот е запален.
Рекоа дека два дена на снимките се фокусирале да ја најдат Вања пеш, а кога сватиле дека ја нема, почнале да ги гледаат возилата. Така го нашле цитроенот. И посочиле на полицијата дека возилото е сомнително. Ама не пребарале на гугл ништо повеќе. да побарале. уште во средата ќе нашле дека цитроенот е запален во понеделникот во Бразда, на денот на исчезнувањето на Вања.
Во сведочењето, Кираца вели вака:
Два дена се бараше девојчето на снимки за да се види пешки дали ја има, а третиот ден решија да бараат коли. На една снимка видоа издувни гасови од кола која тргнува во тој момент, и бело возило пикап пред тоа возило. Кога ја најдоа сомнителната кола, најдоа информација дека е исчезнат Панче Жежовски. Гоце провери преку пријатели, дозна каква кола има Жежовски, дека е истата боја како на снимките што ги гледавме. Ние се посомневавме во Жежовски. Помисливме дека тој ја зел, му ги проверив сите профили на Фејсбук… сешто помисливме, да се извинам на семејството на Жежовски. Јас го поврзав со еден мој роднина од Велес, јас сум по мајка велешанка, најдовме и други снимки.
Ова е крајно сомнително.