Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Наводно нашле некоја дупка која се поврзува дури со најблискиот рудник, околу 10 м биле тунелите, сеа таму пребаруваат пожарникари во случај да не паднало таму.
точно е тоа, затоа донесле багери, за да ги расчистат трњето над дупката
 
Коментар од читатели за прошетката на семејството, дента дувало и врнело иначе. Башка куќарката била заклучена

Trudna zena na onu groznu livadu po losem vremenu dovodi dvoje sitne dece... a pritom tamo inace nisu dolazili...
 
Во Србија алармантно е колку е често чедоморството. Јас тоа што го работам моментално има врска со убиства на деца и Србија е на врвот убедливо. Да не речам и секое трето убиство е чедоморство кај нив. Можам да ви раскажувам случаеви до утре.
 
Зошто го сликала девојчето со мобилен тој ден и зошто бришела податоци на телефонот(повици и пораки)!????
Ова станува се поморбидно :place:
 
До кога овој напатен народ ќе биде занимаван со црна хроника стории, изчезнувања, убијства,сообраќајки кои се случуваат во Србија?
Кога беше случајот со Вања, на српските телевизии имаше цели емисии посветени на тоа, со експерти, психолози итн. нешто што и кај нас го немаше. Така да не пишувај нешто и на се да се дава етнничка конотација. Пред се, луѓе сме...
 
Се упатува накај родителите за жал.

Онака од фб го пратам случајот али полиграфи, дупки во меморија, рурални места каде што рандом селектирано киднапирање е помала шанса за разлика од густи населени места ... Не изгледа добро, се надевам грешам.

Како ќе одминува времето српската полиција ќе прави повеќе притисок, имаат страшни специјалци за ова тематика. Тешки изроди у Србија бе, дали од тоа ураниумот од 99та али во право е @Хоуп многу случаеви на убиства на деца и чедоморство во 21 век.
 
Пред месец дена бев во Романија, и поминав низ Бор. Има 2 гранични премини со Романија во близина, на 50-60 километри. Едниот поминува низ Бугарија, од вториот се влегува директно во Романија, а се стига до него за 60-70 минути, и многу лабаво се поминува таа граница. Ако детето е исчезнато околу 14 часот, а Амбер Алерт е огласена во 19 часот, тоа е бајаги време да се помине границата.
 
Зошто го сликала девојчето со мобилен тој ден и зошто бришела податоци на телефонот(повици и пораки)!????
Ова станува се поморбидно :place:
Затоа што најверојатно е продадено за пари.
 
И во тунелот ништо не пронајдоа, никакви траги, значи се поизвесно е дека девојчето е украдено од некој познаник или свесно предадено од мајката.
Шансите да е украдено се помали ако веќе одиме спрема првата нејзина изјава дека само 5 минути го оставила само, нема шанса за тоа време некој да ја укради и никој да не примети, плус на камерата се гледа само едно возило во моментот кога е пријавено за исчезнато а се работи за комшијата, значи мајката крие колку време беше оставено девојчето.
Пешки нема шанса некој да стигни далеку со мало девојче, веднаш се вклучија да ја бараат и полиција и сите служби.
 
Кога беше случајот со Вања, на српските телевизии имаше цели емисии посветени на тоа, со експерти, психолози итн. нешто што и кај нас го немаше. Така да не пишувај нешто и на се да се дава етнничка конотација. Пред се, луѓе сме...
Тоа е нивна политика да направи заеднички виртуелен, телевизијски и музички простор со централа во Белград и преку тоа да влијаат и политички, наивни души како тебе не ја гледаат поголемата слика.
Башка тоа со Вања е посебен случај, на другата страна имаш и најобиочна сообраќајка која се случува во некоја паланка во Србија и се пренесува тука.

А највише зошто треба да се прекине таа пракса е што народот ментално се оболе од црнила.
 
За тоа што вестите ни се 90% црна хроника, во право си, премногу е.

Второ, немој да користиш ваков случај трагичен да го насочуваш во пропагандистички цели..Тоа со музика,пинк,задруги итн. е друга тема, а ова со исчезнато девојче сосема друга.
 
Жалосно греотка душиче мало, децата се невини ангелчиња на земјата, дај Боже да ја најдат здрава жива.:place:
 
До кога овој напатен народ ќе биде занимаван со црна хроника стории, изчезнувања, убијства,сообраќајки кои се случуваат во Србија?

Како и да е ова е мало дете пред се, девојче и е жалосно и чудно да исчезне.
Србија и близу до нас и лоши работи од таков тип не би требало никаде да има.
Дај боже ова детенце да е живо и здраво сеуште.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom