Иран не треба да се посматра исклучиво предку призмата на војната.
Гледав документарец околу масивниот проблем со наркоманијата кој го имаат. Мислев дека е модерен феномен. А тоа, персијанците 5000 години употребувале опиум. Легендарниот средновековен персиски лекар Авицена пишувал за опиумот во суперлативи.
Дури за време на шахот Иран имал 1,5 милиони наркомани на популација од 22 милиони.
Денес се 11 милиони на популација од скоро 90. После илјадници смртни казни изречени на лица кои поседувале повеќе од 30 грама доп, бил донесен помек закон према кој за јамка околу врат требало најмалку 2кг жуто. Се отварале и првите заменски центри со метадон а се делеле и бесплатни шприцеви.
Иранските дилери наводно мешале хероин со сода бикарбона и некои други примеси со што стварале хероински еквивалент на крекот. Скоро секоја куќа имала скаламерија за пушење на тој хероински крек.
Имаше снимки од 60+ баби кои влечат дим како да нема утре

Поради репресијата цените скакале у небо па така се појавиле стандардните проблеми со ХИВ и проституција. Денес во време на све помалку роба од Афганистан, персијанците се вртеле кон алтернативи на хероинот.