ПВО то е по вокација најважна алатка против таков надмоќен непријател на небото. Да не биваме поголеми католици од Папата, Иран го има смислено и организирано тоа на високо ниво. Ама и атакувачкиот дел им е за машала, се виде сега дека царот е гол.
Во добро уредена фирма и без директорот процесот може да се одвива непречено долго време. Така и во добро осмислена и организирана армија. Колку и да е децентрализирана, си има доктрина разработена за овие 50 години. Не прв пат западниве им прават вакви фајерверки на Иран. Знаат од Иран дека има инфилтрирани израелски шпиуни по структурите, затоа е тој противотров.
И смирени се со фактот дека Иран никогаш нема да биде пријател и во добри односи со западот, толку. За разлика од РФ која сеуште мисли, дека еден ден на запад нешто ќе се смени и тие ќе станат пријатели.