- Член од
- 14 октомври 2018
- Мислења
- 397
- Поени од реакции
- 539
Не беше ли Иран потписник на договорот за неширење на нуклеарно оружје и под инспекција на меѓународната агенција за атомска енергија, а некој друг, на пример Израел не само што не е потписник и не подложи на инспекции него и не крие дека поседува нуклеарки. И со други зборови не прифаќа Иран некакви услови наменети само за него, надвор од меѓународното право и меѓународни договори.Не се непроменливи разлики, само треба воља за вистински мир. Зошто на Иран му е толку тешко да прифати да ја запре целата нуклеарна програма освен во научни и медицински цели, и да се снабдуваат со ураниум за централата од странство? Зошто му е тешко да прекине со поддршка и финансирање на хезболах и остали срања? Зошто му е тешко да го отвори заливот за слободна пловидба? Тоа е битното што од нив се бара. Во замена добиваат мир и без никакви санкции да тргуваат со светот. Мене ми звучи сосема разумно и во интерес на сите.
Инаку постигнат договор за примирје од две недели преку прифаќање на иранските услови. Очигледно САД не биле сериозни ( не дека им е првпат) , им требало само привремено примирје за да можат во меѓувреме да го надополнат својот арсенал и да довлечкаат дополнителни сили , да се подготват за второ полувреме од воената операција. Е сега кој го крши примирјето преку наметнување на блокада на иранските пристаништа и заплена-пиратирање на ирански бродови во меѓународни води? Условите:
Добивме предлог од 10 точки од Иран и веруваме дека тоа е функционална основа за преговори. Речиси сите точки од претходните несогласувања веќе се договорени меѓу САД и Иран, но двонеделниот период ќе овозможи договорот да се финализира и склучи“, рече Трамп.
Предлогот за прекин на огнот од 10 точки на Иран вклучува следново:
– Гаранција дека Иран нема повторно да биде нападнат
– Траен крај на војната, а не само привремен прекин на огнот
– Прекин на израелските напади во Либан
– Укинување на сите санкции на САД против Иран
– Прекин на сите регионални конфликти насочени против сојузниците на Иран
– Повторно отворање на Ормускиот теснец за поморски сообраќај
– Наметнување патарина од 2 милиони долари по брод што поминува низ Ормускиот теснец
– Иран ќе ги дели приходите од патарината со Оман
– Иран ќе воспостави правила за безбеден премин низ Ормускиот теснец
– Иран ќе ги користи приходите од Ормускиот теснец за реконструкција, а не за репарации.
Автоматски споено мислење:
Верувам дека и оние 2 милиони ќе се откажат да ги наплатат доколку им исплатат оштета заради бомбардирањето, се разбира тоа нема да се случи