2500-3200 е вкупниот број на војници и морнари по MEU, од кои 1000-1200 се десантна пешадија. Две MEU моментално пратија накај Иран, USS Boxer и USS Tripoli ( знам дека се водат под други имиња али целата група е под контрола на лесните носачи на авиони). Значи некој 2000-2500 маринци, и очекувам и тие нивните "специјални сили" ќе имаат улога, со што би очекувал првиот бран да е 3000 минимум. Ако убедат и некој од "сојузниците" да помогнат, или донесат платеници би можеле да соберат едно 5000 - 7000 професинална пешадија за десантот без проблем. Можеби и повеќе зависно од тоа колку навистина Емиратите сакаат отворено да се вмешаат. Зошто Емиратите имаат Странска Легија со 3000 платеници. Ако се вмешаат и они тие гарант ќе одат курбан во прв бран зошто на кој му е гајле за платеници.
82ра воздушно-десантна дивизија, од 17 000 војници, околу 10 000 се падобранци. Што значи ако првиот бран успее да воспостави стабилен мостобран. Би можеле во рок од 48-72 часа да имаат некој 10-20 000 војници на терен.
Али моментот кога би се обиделе да направат десант, тоа ќе биде најголемата коцка на сите времиња. Посебно дека Боксер и Триполи и разурнувачите ќе треба да дојдат до 50 км од обалата за да започне десантот. Ако немаат комплетно изненадување, и Иранците лансираат дронови како воздушни така и поморски. Нема да има борба ќе има масакр. Исто така Боксер, Триполи и разурнувачите ќе бидат во огромна опасност.
Ако Иранците имаат вкопана пешадија која ќе си ги држи позициите и нема да бега + ФПВ дронски тимови. И да успее првиот бран, вториот бран со падобранци не слетува. Зошто хеликоптерите при слетување се лесна мета за дронови. А ако не успее вториот бран да го прошири мостобранот, тогаш ќе имаш заглавена пешадија на крајбрежјето и ловеќе на зајци со дронови. Па ќе парадираат Иранците, амерички маринци на телевизија.
Од друга страна ако Американците успеат, Холивуд и Battelfield и Call of Duty ќе имаат материјал за следните 50 години и тоа комплетно оправдано.