Каква диверзификација еве ти ја пак над 90 долари. Ќе прогласи Доналд апсолутна тотална мега екстра победа и ќе го заборави Блискиот Исток со надеж дека ќе се среди некако.
Моментално ги користат стратешките резерви да ја супресираат цената со тоа што ослободуваат огромни количини на пазарот по ниска цена, али тоа има рок на траење. Теснецот е сеуште затворен, патем гледам тука некој пишуваат глупости како 5%, малку нафта било, танкери поминувале. Низ теснецот поминува помеѓу 20 и 25% од светската нафта. Но тоа е само една цифра, 30% од светското производство на вештачко ѓубриво е од таму, само Катар е 20% од светското производство на ЛНГ, 20% од авионското гориво произведуваат, итн ... Има еден куп на рафинирани продукти каде што они имаат огромен удел, над 15-20% од светското производство.
Ако теснецот остане затворен, цените на се ќе отидат низ плафон. Ниту една држава освен Кина нема залихи на гориво за повеќе од 40 дена, а и они немаат за повеќе од од 90 дена, Југо Источна Азија и Далечниот исток имаат за по 10-20 дена. Ако блокадата продолжи повеќе од месец дена, сите овие берзански игри ќе станат безначајни зошто едноставно ќе нема што да се купи. Ќе има некој 15-20 милиони барели нафта од Русија, Бразил, Мексико, Либија, Ангола, Нигерија и цела Европа, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Америка со побарувачка од 40 милиони ќе надаваат за истата што значи дека некој ќе остане покус, тоа цената ќе ја експлодира зошто дел од побарувачката не е опционално тука е задолжителна и која и да е цената ќе биде платена, зошто во спротивно ќе прекине државата да функционира.
Ние на пример увезуваме примарно од Грција, Грција увезува примарно од Ирак. Ирак го намали произвдството од 4.5 милиони барели на помалку од 1.5 милиони барели. Грција кога ќе нема од каде да увезе од каде ќе увеземе ние?
А за крај тој теснец не го деблокираат, додека Иран не реши дека ќе биде деблокиран. Едноставно е невозможно. Целиот теснец е во досег на торпеда лансирани од копно. Плус ако Иранците се навистина очајни можат да решат и да го минираат или едноставно нивните танкери да ги репозиционираат да ги потопат и физички да го блокираат, само 200 метри е длабок теснецот.
А најлошото што веќе го најавуваат и Саудиска Арабија и Кувајт и Ирак е дека ако не се деблокира извозот на нафта, ќе бидат приморани да почнат физички да ги затвараат бушотините зошто нема каде да се складира производството. Тоа првин ќе значи дека и да се деблокира теснецот, ќе им треба некој месец да го рестартираат производството, што е повторно временски прозорец каде ќе биде хаос, втора работа физичко блокирање на бушотините колку што прочитав значи и неповратно оштетување на истите и никогаш во иднина нема да имаат исто ниво на производство. Алтернативата е да ги запалат, али со тоа ќе направат еколошка катастрофа.