Господине Маркес, обидите за иронија и сарказам/мајтап на страна: Сѐ додека Иран имаат активен ПВО, нема многу Иранци да гинат... Потоа? All bets are off. Земи ги Газа/Либан за репер, само х10 побрутално.
Притоа да се земе во обзир и дека и Иранците имаат неколку прилично брутални оружја во репертоарот, плус и такви со многу поголем домет. Да спомнеме само дека и Бoндcтил е на граница на дометот - како илустрација на бројот на базите кои се во домет, а повеќе од сигурно не се бранети од ПВО а би имале прилично кратко време за предупредување (и евакуација) ако бидат нападнати.
Потоа нешто уште поопасно за западните: Иран може економски сите арапски вазали да ги помножи со нула во рок од неколку часови. Да направи таква штета на рафинериите и нафтените извори да цела планета биде во тешка економска криза барем една деценија. Скраја да е, ама можат. Ако решат... Е сега секој може да се праша: Ако се пред пораз, ќе се либат да го направат тоа?
Прашањето е реторичко.
Почнувањето на војнава е тежок бринкманшип и коцкање. Има милион начини како работите да се сјебат неповратно и многу. И само малку можни сценарија каде западните глатко добиваат победа. Скроз неразумна одлука да се води оваа војна, настрана морал и етика. Логички е неразумно.
Автоматски споено мислење:
Најпосле: Колку и Иранци да изгинат во војнава - повеќе ќе изгинат ако истата ја изгубат и западните им приредат балканизација. Таму има десетици народи и куп разни вери. Тоа кога мocад ќе почне да сее хаос? Ќе биде хорор многу полош од сите други „демократизации“ што ги испонаправија западните (Либија, Ирак, Југославија, Сирија, итн).
Гледаш дека кога сакаш можеш да одговориш како човек без да вреѓаш (индиректно) и да напаѓаш директно? Е за ова ти зборам, ова ти фали во дискусијата со останатите членови, ваков “тон“. Затоа пола форум ти кажува дека за голем дел од работите си во право само грешен начин одбираш, а и спамаш во добар дел од ситуациите и затоа оставаш таков впечаток.
Иначе Иран ја погодил најголемата рафнерија на СА. Исто така соборил Ф-15 авион. На Трамп очајно егзит му треба, но не верувам дека сеуште ќе му го дадат.
Викаат дека господ ги пожалил грдите луѓе, па тие кога се гледаат во огледало се гледаат како лепотани.
Така и со луѓето кои не сакаат да ја видат вистинската слика.
Пререален Иранчанец за разлика од онифанс моделиве што изнаснимаа видеа со солзи радосници.
Ова го зборев и претходно. Премногу залуфтаа со некои работи. Велат најчесто авторитарните држави проповедаат дека од Господа власта им е дадена да владеа. Ама па и Сад и западниве како од Господа да се навикнати да го узурпираат цел свет. Секуларни држави разрушија, поставија некои болни скети. Финансираа муџахедизам за сега да цмиздат.
Па сам бе Трамп се фалеше за Џулиана пред буквално 4 дена. Мислам еј. Абе несаглам творевина.
Секако, овој е Ирачанецот кој треба да ни биде reference point. Заеби илјадници видеа од луѓе кои се во екстаза кога ја слушаат веста дека ајатолахот е мртов, кои неконтролирано плачат, или се радуваат, имаат излив на емоции кои не можат да ги контролираат затоа што го чекале тој момент цел живот, танцуваат по улици, свират во сообраќај како да освоиле светско во фудбал, како да им е најубавиот дел во животот.
Се тоа е неважно, тие се онлифанс модели, овој пререален Ирачанец ќе го следиме како Брајан од Назарет, тој ја има вистината и самото негово присуство на интернет ги елиминира сите други видеа. Дај линк да му кликнеме лајк и фолоу и да му пратиме 100 денари.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.