Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
А Хамас не си ја побараа бељата со нападот на концертот во Израел? Или тоа не се важи? Ок знам, false flag беше тоа. :toe:
Што има врска нападот со бомбардирање на цивили и геноцид?
 
Тешко е да се дискутира со дел од вас, за жал. Најчесто поради Straw Man Fallacy кој ви се случува цело време, а верувам несвесно. Ти никаде не побиваш ништо што сум кажал. Поставуваш своја теорија, дека моето мислење е „релативизирање“ и понатаму ги побиваш тие што релативизирале нешто.

Јас никаде не ти релативизирам ништо. Немам ни агенда ни коњ во тркава. Тоа што ти го пишувам се ноторни, видливи факти. Кога ќе се дигнеш против посилен, трпиш последици. Секаде е така, и затоа тие што трпат последиции бараат помош.

„Неминовно“ не е ни релативизирање ни оправдување. Неминовно е неминовно. Фактичка ситуација. Шаблон повторен безброј пати. Не значи дека немам емпатија кон тие кои неминовно ќе загинат. Значи само дека го констатирам тој факт.

Ти ако внесуваш лични емоции во моите зборови, или ако дискутираш со мене со недоверба во мојата искреност, секој пат ќе ти се случува истово, ќе се распишеш на големо за работи кои нити ги мислам нити сум ги кажал.

На страна тоа, ако е ова се организирано од Израел и САД, делува многу аматерски. Поверојатно во моментов е дека муџите ќе потепаат едно чудо народ и се ќе продолжи како што и беше. Повеќе ми делува како немирите да ги фатија неподготвени па сега се мобилизираат.

Го забележувам само тоа дека твои ставови (како неминовно) автоматски преминуваат во нормативни (добро е така), а одат во пакет со политички желби (да се вооружат). Не те читам погрешно туку логички ги раздвојувам категориите. И затоа имаме различни заклучоци.

И не, во целава дебата тврдиш дека со неутрален а ги обвинуваш другите за анти-семити. Ако некој не се согласува со тебе не е антисемит.

Артументот дека “теократијата е најлошто” не е аргумент туку е вредносна предуда. Преку него градиш теза:
-дека револуцијата е оправдана
-дека жртвите се прифатливи
-дека вооружувањето е нужно

Ова е твој идеолошки став кој е летитимен но треба да се призне дека е идеолошки а не емпириско. Став =/= факт.

Можам уште да ти анализиеам што напиша ама ај нека.

Знаеш ќе ја заворам полемикава за тие што не ја познаваат целата историја на Иран и што се имаат проживено они од Западот.

Во 1953 Мосадег беше урнат од власт. Преку Британија, Сад. Причина беше дека Иран си ги национализира нафтента индустрија. Тука беше и стравот дека ќе се случи што се случи со Ирак, Сирија, Афганистан и тн. А тоа дека Иран ќе биде пријателски настроен кон СССР.

Што следуваше? Диктатура. 25 години авторитарен режим под Шахот со амин од ЈуЕсЕј и Британија.

Што говори тоа?

Теократијата не се појави од пичкин дим ака од вакум. Иран веќе беше демократски ама некој им се исра на цел тој демократски процес. Репресиите на шахот доведоа до создавање услови за радикалната исламска револуција.

САД и Британија директно придонесоа за појавата на системот што денес го нарекуваат „најголема закана“.

И токму ова е основата на аргументот лицемерие и двојни стандарди.

Јас само ова ќе напишам. Доколку се урне Иран. Очекувајте тектонски поместувања на Б.Исток а тоа значи нов бран бегалци кон Еу. И тоа мене ама баш никако не ми се допаѓа.
 
Според застапниците на теоријата дека се е однапред испланирано, до сега требаше да паѓаат бомби врз режимот. Не мислам на членовите на форумов да не бидам сфатен погрешно, туку глобално, сите кои ја застапуваат таа теорија дека се е однапред добро смислен план на Евреите и САД.

На терен, делува како САД и самите да се изненадени од шансата што им се укажа, па сега Дони им вика издржете уште некое време, ќе пробаме да стасаме. Правиме напори...

Се плашам дека нема да стасаат и ќе биде ова уште еден случај на задушени протести во Иран.

Ако некој има таква моќ, досега ќе беше завршена работа не само со Иран, туку со сите држави.

САД пренасочија ресурси накај Средна Америка, ама не треба да се заборави фактот дека пред Иранско-Израелската војна во Јуни, САД префрлија голем број на воена опрема и персонал на Блискиот Исток, голем дел од таа опрема и персонал е останата таму.

Не би рекол дека се изненадени, туку дека глумат изненадени, со цел да го задржат факторот изненадување при евентуална интервенција. Мое мислење.

За другиот аспект, гледам дискусија за моралноста на нападите, протестите... Мислам дека е смешно да се зборува дека државата како ентитет има некаква емпатија кон било што. Постои само интерес и начини на остварување на истиот. Како тоа ќе биде изведено, дали ќе умрат милиони луѓе или ќе биде киднапиран само еден, комплетно не ја допира државата тоа. Така да дискусија за лицемерие, емпатија или не знам што кај државниот ентитет е однапред промашена тема.

Другата страна, народот, или дискутантите тука, дали на некој му е гајле за некој таму на другата страна на светот, исто така мислам дека е во најмала рака небитно. Искористено тука за да се плука (пропаганда?) по одреден народ/држава, кога буквално полоши работи се случуваат паралелено.
Ете, примерот со Палестинците, кој патем и самиот е пропаганда дека се случувал геноцид или не знам што. Дури и да е така, збор не се спомна за масовните убиства во Судан кои се случија пред некој месец, или за огромните убиства предизвикани од глад во Јемен пред некоја година. И тука мислам дека треба да заврши секоја дискусија со секој што ќе го спомни едното, а не другото, како човек. Особено ако со години вергламе за едно исто, игнорирајќи многу полоши работи кои се случувале паралелно.

Да не навлегувам непотребно, ќе има плачки.
 
абе се покакавте од Иран, само морална поддршка некако @Vartolu се скри во дупката. :kafence:
 
Последно уредено:
Според застапниците на теоријата дека се е однапред испланирано, до сега требаше да паѓаат бомби врз режимот. Не мислам на членовите на форумов да не бидам сфатен погрешно, туку глобално, сите кои ја застапуваат таа теорија дека се е однапред добро смислен план на Евреите и САД.

На терен, делува како САД и самите да се изненадени од шансата што им се укажа, па сега Дони им вика издржете уште некое време, ќе пробаме да стасаме. Правиме напори...

Се плашам дека нема да стасаат и ќе биде ова уште еден случај на задушени протести во Иран.
Па што мислиш дека се дешаваше?
Или инсинуираш зошто не се дешаваа подрастични работи (штом веќе usual suspects биле вмешани)?

Тоа е критериумот дали ова се спонтани народни државни удари бунтувања и протестирања? Дали паѓале „бомби по режимот“? Зошто немаше конкретен воен напад врз Иран од страна на САД и Израел?

Тоа е барем лесно:
- прво затоа што со авијација не можат да го победат Иран
- второ, затоа што ако нападнат со авијација тоа ќе биде само за времено да направат поголем хаос и да им направат услови на уфрлените елементи и петтоколонашите да успеат со државен удар од внатре во Иран

И да, овој воз им помина. Но на Иран ова им го прават со години во надеж дека еднаш ќе успее. Нема да се откажат, пак ќе пробаат кога ќе почуствуваат прилика.
Автоматски споено мислење:

престметките се тие на Израел. Дека Иран ќе претставува безбедносен проблем за нив. Сепак Израел е 10 милионски а Иран е веќе 90 милиони. Можеме само да претпоставуваме како би се развивал Иран доколку се остави на мира.
Иран е закана за Израел само затоа што Израел активно работи против Иран уште од исламската револуција. Таа е генезата на ситуацијата. И не е работата (барем не е почната) заради ирански закани за безбедноста на Израел, работата (срањава) е почната заради враќање на Иран по западна/еврејска контрола (како пред револуцијата).

Тоа е основниот и главниот проблем што они го имаат против Иран.
Тоа што Иран сега почнува да размислува и за напад (како дел од одбраната) тоа е целосно на сметка на другиве. Не се глупи пасивно да чекаат на другиве еднаш да им успее да ги уништат.

Ете нели С.Арабија не е секуларна но спред вас уво ве боли за нив и е развиена. Катар, ОАЕ,Малезија, Малдивите и тн. Суштината е ниту една од нив не претставуава безбедносна опасност за Израел и поради не е на тапет. А не филмовите права на жените, права на педерите, секуларна ова она. Тоа можеш на некој неписмен да му го продаваш. Јбг.
Ајде сега со ватабаутизми. Знаеш дека зборуваме за Иран, не за сите-други-многу-полоши-муџи-за-кои-се-правиме-на-мутави-зошто-се-први-другари-со-америте-евреите. :)
Автоматски споено мислење:

На страна тоа, ако е ова се организирано од Израел и САД, делува многу аматерски. Поверојатно во моментов е дека муџите ќе потепаат едно чудо народ и се ќе продолжи како што и беше. Повеќе ми делува како немирите да ги фатија неподготвени па сега се мобилизираат.
Тоа како нешто ти делува тебе субјективно, не е аргумент во дискусијава.
Најпосле што е за тебе критериум за вмешаност од Израел/САД? Ако операцијата е успешна? Не е можно и другите да бидат способни да се одбранат? Пошто ипак има и такви примери.

Ако повеќе ги следиш работите би требало да знаеш дека во неколку прилики се давани директни изјави за работење на нивни агенти внатре во Израел. Еве нешто последно такво:

In Israel, Minister Amichai Eliyahu told Army Radio last week, “When we attacked in Iran during ‘Rising Lion’ [Israel’s June attack on Iran], we were on its soil and knew how to lay the groundwork for a strike. I can assure you that we have some of our people operating there right now,” stopping short of claiming that Israeli agents were seeking regime change.

And Israel’s pro-Netanyahu Channel 14 reported on Tuesday that “foreign agents” were behind the arming of protesters in Iran, leading to the deaths of members of the security forces.

Writing on social media earlier this month, former US Secretary of State Mike Pompeo, who is also a former director of the CIA, did acknowledge the presence of Israeli agents operating on the ground in Iran, wishing “Happy New Year to every Iranian in the streets. Also to every Mossad agent walking beside them.”

Тешко е да се дискутира со дел од вас, за жал. Најчесто поради Straw Man Fallacy кој ви се случува цело време, а верувам несвесно. Ти никаде не побиваш ништо што сум кажал. Поставуваш своја теорија, дека моето мислење е „релативизирање“ и понатаму ги побиваш тие што релативизирале нешто.

Јас никаде не ти релативизирам ништо. Немам ни агенда ни коњ во тркава. Тоа што ти го пишувам се ноторни, видливи факти. Кога ќе се дигнеш против посилен, трпиш последици. Секаде е така, и затоа тие што трпат последиции бараат помош.
Овде си нефер, и ова и во други прилики сум ти го замерил. Koга си во тесно, избегнуваш дискусија со вакви моменти. Но можеби несвесно го правиш тоа. :)
Ајде кажи јасна теза, и ќе ја дискутираме. Не јас и ти, туку сите ние овде. Или дискутирај ги изнесените тези а мојата барем треба да ја знаеш со сите повторувања што ги направив... И скроз можам да те обвинам за истото што си го напишал. Релативизираш и избегнуваш јасно да се соочиш со овие две основни работи:
- ако ова се спонтани државни удари, пардон протести, тогаш што е со тајмингот и со вооружувањето? во безбедносно стегната држава како Иран само преку граница може да се донесе оружје, посебно пламенофрлачи и пешадијско оружје.
- САД секаде каде што направиле државен удар потоа таму хорор се дешава, така ќе биде и во Иран некогаш ако им успее истото

И шти сакаш да кажеш со тоа „Немам ни агенда ни коњ во тркава“, дека ние имаме? Што, Ајатолахот нѐ плаќа па имаме skin in the game? Несвесно или свесно го кажуваш тоа? :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom