Ако некој има таква моќ, досега ќе беше завршена работа не само со Иран, туку со сите држави.
САД пренасочија ресурси накај Средна Америка, ама не треба да се заборави фактот дека пред Иранско-Израелската војна во Јуни, САД префрлија голем број на воена опрема и персонал на Блискиот Исток, голем дел од таа опрема и персонал е останата таму.
Не би рекол дека се изненадени, туку дека глумат изненадени, со цел да го задржат факторот изненадување при евентуална интервенција. Мое мислење.
За другиот аспект, гледам дискусија за моралноста на нападите, протестите... Мислам дека е смешно да се зборува дека државата како ентитет има некаква емпатија кон било што. Постои само интерес и начини на остварување на истиот. Како тоа ќе биде изведено, дали ќе умрат милиони луѓе или ќе биде киднапиран само еден, комплетно не ја допира државата тоа. Така да дискусија за лицемерие, емпатија или не знам што кај државниот ентитет е однапред промашена тема.
Другата страна, народот, или дискутантите тука, дали на некој му е гајле за некој таму на другата страна на светот, исто така мислам дека е во најмала рака небитно. Искористено тука за да се плука (пропаганда?) по одреден народ/држава, кога буквално полоши работи се случуваат паралелено.
Ете, примерот со Палестинците, кој патем и самиот е пропаганда дека се случувал геноцид или не знам што. Дури и да е така, збор не се спомна за масовните убиства во Судан кои се случија пред некој месец, или за огромните убиства предизвикани од глад во Јемен пред некоја година. И тука мислам дека треба да заврши секоја дискусија со секој што ќе го спомни едното, а не другото, како човек. Особено ако со години вергламе за едно исто, игнорирајќи многу полоши работи кои се случувале паралелно.
Да не навлегувам непотребно, ќе има плачки.