Пророкот
Ќе ме биде...
Како и да постапат, ќе биде покољ и кластерфак.
Ќе си каже човек - не се ваљда толку глупи. Ама тоа паѓа со самото тоа што воопшто почна војнава. Господ да ни е на помош ако ова го прават заради касус бели за нуклеарен напад. И тоа е сулудо, ама барем има некаква сулуда логика (каква што е нивната). Иран очигледно ги има развиено тие најбазичните нуклеарни бомби (глави) како што беа употребени во Хирошима.
Велиш дека не се „до толку глупи„?
Не е стварта дали се глупи или не (а се глупи, прилично...), но проблемот е што треба да влезеш во менталниот склоп од американските протестанти, кои одамна имаат заборавено што е „добро„ а што „зло„, небитно што се колнат во Светото Писмо.
Кај американските протестатни важи прагматизмот и простото есапење „што вложувам-што добивам„.
Така, ако есапот им вели дека копнена офазнива е исплатлива, небитно колку американски будали ќе загинат, а преку офанзивата ќе го постигнат она кое го намериле, за нив не е проблем колкумина ќе загинат (а за загинатите никој нема да плаче, оти американската војска е збирка од „социјални случаи„, ретко од фамилијарни луѓе...).
За САД, крајниот исход е битен, а тоа е ставот дека се „исклучителен народ„, дека токму тие се „новиот Израел„, дека тие се носителите на „слободата„, на „американскиот сон„, на „човековите права„...и томе слично...и дека по секоја цена мораат да излезат како победници против Иран.
Суетата им е немерлива...
Автоматски споено мислење:
Израел тврди дека нема нуклеарки, не е потписник на договори за неширење нуклеарно оружје и не прифаќа инспекции на своите нуклеарни постројки.Зошто Израелците имаат право на нуклеарки, а не Иран?
Она што важи за „гоимите„ не смее да важи за „одбраните„.
Последно уредено:



