Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
За некои луѓе нормално е да не дискутираат (патем, на јавен форум, која иронија), кога освен Лорд Бебо и Дполитикс твитови, други факти и не поседуваат, и соочени со вистината, демек сега ќе игнорираме... Најубаво е така, залепи му етикета, нафовец, ваков таков, навреди, а после цвичите ко кутриња кога ќе ви вратат...
 
За тие што научија дека 2+2 се 4, сега нека пробаат да израчунаат 2+3 колку е..
Screenshot_20260119_135643_Instagram.jpg
 
Авиони за електронско војување (Е-18) меѓу кои и најмодерното чудовиште EA-37B се донесени последните ден-два на Блискиот Исток.

RC-135 за електронско разузнавање стигнат пред еден ден.
E-11 BACN за за комуникации исто.

Карго и ВИП летови на релација Европа-Блиски Исток (веројатно евакуација на дипломатски персонал)

MQ-4C и RQ-4B (разузнавачки дронови) постојано летаат околу Иран.

IRGC ќе биде прогласена за терористичка организација наскоро.

Пакистан движи тенкови кон Иранската граница (Балочистан).

Темни облаци над Иран.
 
Штом носач на авиони доплови во Персискиот залив, не би требало да има напад врз Иран.
Обратно да беше (да ги евакуираа сите пловила), тогаш ќе беше изгледен нападот.

Пошто тој носач ќе стане нуркачка атракција во моментот кога ќе почне војната.

Но знаејќи дека Трамп во последнава година дефакто е непресметлив... Свашта може да се деси, и ништо добро за никој. Иранците јасно кажаа дека овојпат нема да има „дилови“ за „лимитирани“ напади. Било каков напад ќе биде третиран како почеток на војна и ќе биде одговорено со сѐ што имаат. А имаат многу, посебно од краток и среден домет. Носачот и придружната флотила ќе бидат уништени за кратко време, буквално сеедно колку ПВО имаат истото ќе биде сатурирано. И сето тоа се евтини проектили и дронови со краток домет. Базите во регионот ќе бидат нападнати со цел да се уништат (не само да се демонстрира можност за такво нешто, како досега). Државите кои ќе дадат дозвола за користење нивни бази и воздушен простор, исто ќе бидат цел на напади (веројатно ќе бидат одбрани лесни цели како рафинерии, и нападнат со евтини проектили како за почеток).

Иран веќе буквално ги затворија дипломатските канали. Тоа е јасна порака. Идат на сѐ или ништо и нема повеќе да играат кабуки театар за Трамп и олигарсите... А нафовците овде ќе видат зошто претходниот напад врз Иран помина без никаков одговор дури и од најбазично ПВО.

И пак ќе кажам, скраја да е да се деси било што од ова.

Автоматски споено мислење:

Авиони за електронско војување (Е-18) меѓу кои и најмодерното чудовиште EA-37B се донесени последните ден-два на Блискиот Исток.

RC-135 за електронско разузнавање стигнат пред еден ден.
E-11 BACN за за комуникации исто.

Карго и ВИП летови на релација Европа-Блиски Исток (веројатно евакуација на дипломатски персонал)

MQ-4C и RQ-4B (разузнавачки дронови) постојано летаат околу Иран.

IRGC ќе биде прогласена за терористичка организација наскоро.

Пакистан движи тенкови кон Иранската граница (Балочистан).

Темни облаци над Иран.

сите шпиони ви се елиминирани, џабе силење сега. Без шпиони џабе ви е.
 
Последно уредено:
Чекај сеа нели Американците ја избришаа нуклеарната програма на Иран, како така сега доаѓаат да шират демократија поради истата? Наредниот напад ќе бил полош од првиот, ајде да видиме која рандом пустина исклучително важна нуклеарна база ќе ја бомбардираат овој пат.

Сарказам на страна мислам дека каснат со реакцијава, моментот беше кога протестите беа на почетокот али ќе видиме што смислил 47.

G_v_EkvW4AA4Szw
 
Во моментов Израел го има сето можно ПВО на Сад и Нато во и околу нив стационирано .

Говори доволно дека Иран е безмоќен и дека во Јули не претрпеле штети.

Интервенцијата на Сад беше екзит стратеџи за Бени. Пошто Хаифа во бришан терен ќе ја претвореа. Не пак рафинериите што почнаа да им ги гаѓаат.
 
Во моментов Израел го има сето можно ПВО на Сад и Нато во и околу нив стационирано .
Носачот на авиони има доволно ПВО за тоните ирански краткодометни проектили и дронови?
 
Некои ќе треба да бришат профили за некое време на Кајгана... Оххх колку само време ќе ги нема од форумов....
 
Некои ќе треба да бришат профили за некое време на Кајгана... Оххх колку само време ќе ги нема од форумов....
Ќе има чудење и неверување.
Ама кога се живее во алтернативна реалност, секогаш е така.

Примерот со Хезболах е сеуште свеж.
Хезболах се спремаше за реприза на 2006та.
Израел се спремаше за уништување на Хезболах.
Многу лесно може да се направи споредба на Хезболах 2006та и Хезболах 2024та.
Хезболах 2024та е неколку кратно помоќна организација. Истиот заврши многу неславно.

Примерот со војната Израел-Иран во Јуни 25та е уште поблиску.
Елиминирано раководство, елиминиран воениот врв, елиминирана (уназадена) нуклеарната програма, разнишани столбовите на корумпираниот режим... и сеуште некој мисли дека може нешто да му направат на "малиот" Израел.
 
Да,да.. Сведоци бевме на она „Путин, за три дена ќе си пие кафе на Мајдан“..

А реалноста е дека кафето олади, Путин заглави 2,5 години во Бахмут.
 
Додека сте со кристалната топка, кажете и резултати за НБА за утре. Никад во живот не сум уплатил „ливче“ ама вака на сигурно би уплатил.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom