Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
IMG_1321.jpeg

Просек 0.5-0.6% од населението протестирало.
 
Последно уредено:
Велиш кралот бил продолжена рака на западот и тие биле задоволни со него.
Да прашам дали знаеш тогаш зошто му направиле ревољуција?
Би било интересно да се знае причината нели ;)

За тие што не знаат, еве зошто го вратиле.

Проблемот е овие што коментираат цело време за политика, ги гледаат работите црно-бело. Да Америка ги еба Сирија, Либан, но ги еба и Иран на времето. Заборавате дека и исламистиве ги донесоа они. Ако Америка еднаш била во криво, не значи дека секогаш се на лошата страна. Еве во овој пример имаме страна што се залага за секуларна држава и друга страна кои се исламисти. Секој разумен човек би ги поддржал првите, не е битно Русија или Америка на која страна се.
Значи до сега ги ебеле ама им се здожалило сега па решиле да не го прават тоа повторно? Вистина геоплотикава базирана на човечка емпатија им е.
 
Dude, не живеам во САД, а со @Justae Verum не се согласувам барем со половина од неговите гледишта и ставови. :D

Ванлок никако да сфати зошто не ми се дискутира со него. Ми поставува три прашања. Уредно му одговарам на сите три прашања. Очекувано, тој не се согласува со моите гледишта, што е нормално. Ми враќа одговор на сите три прашања, и кога завршува со тоа, не може да се воздржи а да не го напише последниот параграф, во кој добронамерно ми укажува колку не разбирам. И ако ја продолжиме дискусијата, тој и понатаму добронамерно ќе ми укажува дека сум игнорантен, дека не се разбирам, дека треба да се вратам на темите за фудбал, и така натаму.

Кој сега не сака да разговара со неистомисленици, јас или тој? Се што Ванлок треба да направи, е многу просто: остави се од коментари за тоа колку другите не разбираат, и уживај во дикусијата. Бездруго, ако навистина разбираш повеќе, другите членови тоа ќе го увидат низ дискусијата, без ти да го потенцираш тоа на секоја страна.

Инаку живееме во комплициран свет и нормално е да имаме различни гледишта. Секој што инсистира на „има само една вистина“ е длабоко во офсајд. Некои луѓе имаат проблем со моите ставови затоа што не можат да ме сместат во ни еден од рововите во кои се закопани и се борат меѓусебно. Кампот што не сака евреи на пример, и кој се залага за правата на опресираниот народ во Палестина, има когнитивна дисонанца кога се работи за правата на опресираниот народ во Иран. Затоа што не им одговара да падне од власт една апсолутно ужасна диктатура која го финансира хезболах и го помага хамас, кои се непријатели на нивните непријатели. Тоа е еден ментален ров, тие се во него и нема излегување од тоа. И затоа сега ќе читаме како протестантите во Иран биле 1%, дека била обоена револуција и според тоа би било убаво ако ги испоубијат сите.

Само некој што не се закопал во рововите е во состојба да го каже очигледното: Да, обоените револуции во принцип се лоша работа. Дали се полоши од исламска диктатура? Hell, no! Еве еден ментален експеримент: замисли го цел свет како денешен Иран. Од нација со славна историја, до хиџаби и морална полиција. Тие луѓе едноставно не сакаат да живеат така повеќе. Доста им е. Да не им беше доста, немаше да излегуваат во таква бројка голораки. Не одат против пендреци туку против куршуми. Затоа што тоа што го живеат не се издржува повеќе. Мислиш дека 5 века османлиско не научило нешто...

Така да, мојот став за Иран е изграден одaмна: Иран треба да биде ослободен од теократската диктатура и треба да им се помогне на секаков начин да го остварат тоа. Имам право на ваков став, нели?
Dude јас повлеков паралела меѓу тебе и Јуже само за тоа дека сте двајцата проеврејски настроени и дека нзс-то не само кај вас двајца туку кај секого што се преселил у САД е дека по автоматизам мора да ги брани Израел и евреите. Еве сегда дознав дека не си у САД но предходно живееше таму ако не се лажам.

Мене исто така што Цобе, ти и останатите ме ставате на иста страна со Ванлок е само заради заедничките антиеврејски ставови. Јас си кажав дека 4 пати сменив страна во Украина од 2014 до денес. Сега дури сум повеќе анти ЕУ и и ги сожалувам глупине Украинци отколку што навивам за Русите.
За Израел - Палестина ти пишав и на темата таму дека се што напишав беше антиизраел а не пропалестина. Не знам (знам) зошто мнозинството гледате црно - бело. Ако си за овие мора да си против тие, а ако си против тие тогаш си за тие. Затоа на Цобе или на кого и да беше му пишав дека политиката не е фудбал па се знае или Барса или Реал , или црно или бело. Овде постои цел спектар, 50 нијанси на сиво. Бираш дали Путин нежно да те ебе, дали Трамп јако да те ебе или Фон Дер Лајен и Макрон да ти се нудат да ги ебеш. Затоа и Путин ваљда си направил математика Венецуела и Иран да ги одебе за Украина.
Интересот е пред се а не другарства и заземање страни.

За Иран конкретно пишав погоре и може прочита дека целосно го делам со тебе ставот дека сакам слобода на народот особено од тоа исламското перење мозок. За тоа дека се ова е потпалено од надвор и дека е обоена револуција е. Дека незадоволството на народот се користи , секако. Дека на крај искрените борци за слобода и жртвите дека ќе бидат заборавени и искористени за други цели , ќе бидат.
Се ова се случуваше у Украина на истиов начин. Затоа пишав ако навистина се ослободи Иран и се воведе парламентарна монархија или пак стане демократска република, секоја чест. Ама со оглед на тоа дека се ова се дешава кога САД и Израел јавно се изјаснуваат дека треба Иран да се распадне, дека им финансираат терористи од комшии да го разгоруваат огнот, сигурен сум дека ќе завршат како Либија, Сирија , еве сега и Венецуела каде што ќе има вечна граѓанска војна меѓу верски, политички и национални фракции.
А Иран е доста разнолик по ова прашање.
 
Велиш кралот бил продолжена рака на западот и тие биле задоволни со него.
Да прашам дали знаеш тогаш зошто му направиле ревољуција?
Би било интересно да се знае причината нели ;)
Не можев веднаш да го најдам, еве го сега интервјуто.

Автоматски споено мислење:

Фала Ванчо.. знаеме.. не ни треба Лорд Бебо за малку историја!
Ако знаеш тогаш не се однесува на тебе, нели?
 
Незнам зошто имаш осеќај дека биле против САД. Го слават Доналд Трамп како нов претседател на светот.
Јас историски бев про ЕУ и САД. Од двете ми е преку тасе. ЕУ е дно, без додатен коментар. САД е терорист. Венецуела, Гренланд. Секој ден нешто ново, нема крај на нивните глупости и смачени ми се веќе.
Читам сабајле во САД, на момче од 22 години му го поскапеле спрејот за Астма од 55$ на 600$ во 24 часа, тој одлучувал помеѓу лекот и дал да плати кирија. Платил кирија. Умрел за два дена. Оваа земја има *ТОЛКУ МНОГУ* внатрешни проблеми на кој треба да работи и да ги реши пред да си земи за право да му попува на светот и да оркестрира геноцид врз него. Упорно се зборува за Геноцид на Србија врз Косово и Босна. Никој не зборува за тивкиот геноцид на Албанците врз Македонците. Во тие градови каде од 2001ва живеат Шипој, нема Македонци. Ако ова не е геноцид, што е?
И ти ли против најстарата демократија на Светот!
Ова не ке да е на добро.
Околу момчето имав дискусија со нашив што там живее му говорев за ова ме убедуваше во спротивното почна да вреѓа и го турив во корпата со цревна содржина.

Околу геноцидот, не е геноцид тоа што пишуваш
Има точна дефиниција за тоа што е геноцид во ОН.
И тоа е уништување на генетскиот материјал односно убивање на сите. (најнов пример Газа)
Тоа што ти го пишуваш е ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ.

Проблемот е овие што коментираат цело време за политика, ги гледаат работите црно-бело. Да Америка ги еба Сирија, Либан, но ги еба и Иран на времето. Заборавате дека и исламистиве ги донесоа они. Ако Америка еднаш била во криво, не значи дека секогаш се на лошата страна. Еве во овој пример имаме страна што се залага за секуларна држава и друга страна кои се исламисти. Секој разумен човек би ги поддржал првите, не е битно Русија или Америка на која страна се.
Добро.
Дај пример за позитивен однос на САД кон некоја држава или народ (да се во право), јас не знам ниту за еден позитивен?!?
 
Они мислат дека само они имаат интернет

Не ми е јасно само х-от со што не се согласува..
Не! Они "забораваат" дека не сме деца на форумов, а машала нашите генерации знаат малку историја!
Се понашаат со ова твитовиве ко они да се миленијалци, или пробуваат да допрат до миленијалци.. така некако.. како Bud Light со Дилан Мулвани :rolleyes:
И после се чудат зошто контра-ефект имаат!
 
За тие што не знаат, еве зошто го вратиле.

Добро, и зошто мислиш дека само ти го знаеш тоа? Сега истото сакаат да го направат само преку син му на тој што го бутнаа

Тоа што они правеле со мито итн е попримено и од режимот и научиле и они како треба.
Ама не, они поштени биле, така вие ги правите со реакциите.
Дури и Иранците се свесни за тоа

Зошто Путин го подржава овој режим воопшто, ќе одговори некој?
 
И тоа е уништување на генетскиот материјал односно убивање на сите. (најнов пример Газа)
Тоа што ти го пишуваш е ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ.
Македонија и нејзиниот народ се педа земја. Тенка е границата меѓу етничко чистење и Геноцид во нашиот случај.
 
Значи до сега ги ебеле ама им се здожалило сега па решиле да не го прават тоа повторно? Вистина геоплотикава базирана на човечка емпатија им е.
Не нив не ги боли кур за Иран, само за нивните интереси. И така овие држави се усвет од Америка, ништо не им влијае каква идеологија имаат. Но исламистите во никој случај не може да бидат добри. Они на "среќа" ја поддржуваат подобрата страна. Тоа што Русија беше со Асад, а овие со исламистите, не ги прави Русите секогаш на вистината страна. И Путин ги користи мороните, не дека го заболе цеф и него, ако може и по смена на власт би бил со Иран. Не е се црно-бело, добро и зло како вие што гледате.
 
Па добро утро. Гео политика која веќе векови се практикува. Ете го Пакистан кај што бетер и од Иран се. Па не гледам да пишувате жалопојки.
Ама океј. Моментално пикот е на Иран.

Можеби Иран треба сам да си расчисти? Бидејќи еднаш веќе беше делувано од надвор па еве како се одвива. Слично како и дузина други земји кои некој друг им наложува што да прави.
Круцијално е за една држава да може да си ја брани својата независност и сувереност. Штом тој сегмент недостасува тоа веќе не е држава. Што и во практика го имате. Доведува до распад систем.

Прашање само Афганистан и Ирак се помалце исламистички моментано или да?

Многу демократско либерални прдежи говорат дека слободите на човекот се поважни од сувереноста и незавиноста. Е тука е нитното бидејќи без второво тогаш државата или општеството престснува да функционира во тој случај. Безброј пати е докажно дека без сувереност-> распад систем, надворешна контрола. Но и без слобода на поединецот се доведува до опресија и нестабилност. Па сега прашањето е узурпирање на сувереноста или тврдата рака на државата. Без разлика дали е во случајов исламска или претходно социјалистичка во другите земји. Без сувереност на една земја, неможе таа преку своите структури и примена на сила да воспостави ред во едно општество. Преку кој човекот ќе може да ја искаже својата воља и да живее во еден систем наречен држава. Во случјаов во племенски заедници ги вратија уредувањата на Либија, Сирија, Афганистњн, Ирак и тн. Поради онеспосубувањето на државите да ја одбранат својата држваност. Во случајов од надворешен агресор и внатрешни вана би трансформери, педери и несфати кои мислат дека во Германија се. Патем ела дојди и во Германија наруши ја сувереноста оа ќе видиш како државниот апарат ќе те избрише од матична листа на родени. Никогаш слободите на човекот нема да можат да бидат над државниот апарат. Секија силна држава на прво место им е сувереноста. Се друго е е квази или банана држава. Како пример Јордан, Оман и такви бутур исто така исламски држави ама бидејќи се потчинети на добро познати актери не се буцкаат многу многу. Да не заборавиме Катар и С.Арабија што прават со човековите права. Ах бе.
 
Немој жити се!
Ти си нашиот Зеленски тука!
А фати за некој да навиваш, одма тој наеба...
Seth Meyers Lol GIF by Late Night with Seth Meyers

Уништени се твоите брат. Голи оток сигурно се веќе.
 
И ти ли против најстарата демократија на Светот!
Ова не ке да е на добро.
Околу момчето имав дискусија со нашив што там живее му говорев за ова ме убедуваше во спротивното почна да вреѓа и го турив во корпата со цревна содржина.

Околу геноцидот, не е геноцид тоа што пишуваш
Има точна дефиниција за тоа што е геноцид во ОН.
И тоа е уништување на генетскиот материјал односно убивање на сите. (најнов пример Газа)
Тоа што ти го пишуваш е ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ.

Добро.
Дај пример за позитивен однос на САД кон некоја држава или народ (да се во право), јас не знам ниту за еден позитивен?!?
Епа зашто тогаш ја поддржуваш власта во Иран која е поставена токму од нив?

Па добро утро. Гео политика која веќе векови се практикува. Ете го Пакистан кај што бетер и од Иран се. Па не гледам да пишувате жалопојки.
Ама океј. Моментално пикот е на Иран.

Можеби Иран треба сам да си расчисти? Бидејќи еднаш веќе беше делувано од надвор па еве како се одвива. Слично како и дузина други земји кои некој друг им наложува што да прави.
Круцијално е за една држава да може да си ја брани својата независност и сувереност. Штом тој сегмент недостасува тоа веќе не е држава. Што и во практика го имате. Доведува до распад систем.

Прашање само Афганистан и Ирак се помалце исламистички моментано или да?

Многу демократско либерални прдежи говорат дека слободите на човекот се поважни од сувереноста и незавиноста. Е тука е нитното бидејќи без второво тогаш државата или општеството престснува да функционира во тој случај. Безброј пати е докажно дека без сувереност-> распад систем, надворешна контрола. Но и без слобода на поединецот се доведува до опресија и нестабилност. Па сега прашањето е узурпирање на сувереноста или тврдата рака на државата. Без разлика дали е во случајов исламска или претходно социјалистичка во другите земји. Без сувереност на една земја, неможе таа преку своите структури и примена на сила да воспостави ред во едно општество. Преку кој човекот ќе може да ја искаже својата воља и да живее во еден систем наречен држава. Во случјаов во племенски заедници ги вратија уредувањата на Либија, Сирија, Афганистњн, Ирак и тн. Поради онеспосубувањето на државите да ја одбранат својата држваност. Во случајов од надворешен агресор и внатрешни вана би трансформери, педери и несфати кои мислат дека во Германија се. Патем ела дојди и во Германија наруши ја сувереноста оа ќе видиш како државниот апарат ќе те избрише од матична листа на родени. Никогаш слободите на човекот нема да можат да бидат над државниот апарат. Секија силна држава на прво место им е сувереноста. Се друго е е квази или банана држава. Како пример Јордан, Оман и такви бутур исто така исламски држави ама бидејќи се потчинети на добро познати актери не се буцкаат многу многу. Да не заборавиме Катар и С.Арабија што прават со човековите права. Ах бе.
Кај сум пишувал жалопојки? И во Пакистан и во Сирија и во Иран и секаде сум против исламистите. За жал за Пакистан и останати куротресини од држави не ни има надеж. Во Иран има еден куп што се бунат уште пред западот да почне да ги поддржува.
Прегледај го приврзокот 466630

Просек 0.5-0.6% од населението протестирало.
Па и ние бевме против промена на името, па не излезе пола држава на бунт, зашто власта апсеше. Така и овде, ги апсат и тепаат, нормално нема сите да излезат. Впрочем гајле ми е дали и мнозинство поддржува. Калифати и шеријат не треба да постојат никаде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom