Иран направи беспилотно летало

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
t1larg.drone.afp.gi.jpg


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го претстави првиот беспилотен бомбардер и го нарече „амбасадор на смртта за непријателите на човештвото“.

Ахмадинеџад на преставувањето на леталото изјави дека тоа е конструрано за да ги заплаши непријателите односно да ги „држи непријателите парализирани во нивните бази“ и за одбранбени цели.

Леталото е долго четири метри, а промоцијата на леталото “каррар“ се пренесуваше и на државната телевизија.

Иран произведува свои летала од крајот на 80-те години на минатиот век.

Извор: Сител ТВ
 
А тенкот сигурно ќе го наречат Ноќна мора за нерпијателите на човештвото... ајде бе мизерија, се смее цел свет со Иран ради една будала!
 
Шит! Сега непријателите на Иран треба да се плашат од „амбасадорот на смртта за непријателите на човештвото“. :kesa: :pos2:
 
Сега ке видиме штрајкови по Иран од професорите од школите за бомбаши самоубијци.Повеќе не се потреби, технологијата ги победи....:smeshko:
 
амбасадорот на смртта за непријателите на човештвото..

Kaко лош превод од мтв1 звучи.
 
Сеа ќе го лансираат накај Скопје, само смејте се вие.
 
Махмуд Ахмадинеџад денеска го претстави првиот беспилотен бомбардер и го нарече „амбасадор на смртта за непријателите на човештвото“.

[/URL][/QUOTE]

Нек им објасни некој на Иранците дека не може да биде бомбардер од 4 метра. Кога во тие 4 метра ќе стават мотор, гориво и електроника, радари и опрема... нема да остане место за бомба.
 
Нек им објасни некој на Иранците дека не може да биде бомбардер од 4 метра. Кога во тие 4 метра ќе стават гориво и електроника, радари и опрема... нема да остане место за бомба.

Плус навреме ќе биде прогласено за „персона нон грата“.
 
Немам коментар за ова "чудо", затоа и кога ја отворив темата не напишав ништо. Едноставно иранците направија "ремек дело" со UAV авионов со дизајн на германците од втора светска војна...Оф мори мајко до каде оди човечката глупост....?

PS: Може некој да ми каже каде ќе стојат бомбите?
 
Вели тој претседателот... Дека летало 300 Км сеа за сеа (ако не се лажам) ама они моќни биле, ќе напраеле да лета и 700 па дури и 1000. Е, штом стигнале до 1000 лесно ке стигнале и до 35 000 Км.... Проста математика. Просто неверојатно :)))
 
Иран напредува во полето на технологијата, добри се... уште малку и ќе дојдат на ниво на пред-нацистичко општество. Џаст кидинг...
Она горе колку што видов е најверојатно беспилотно летало - ракета за една употреба. Кој ѓавол знае колку е маневрибилен...

--- надополнето ---

Нек им објасни некој на Иранците дека не може да биде бомбардер од 4 метра. Кога во тие 4 метра ќе стават мотор, гориво и електроника, радари и опрема... нема да остане место за бомба.

Нема да има радари и електроника... добро е што дотуркале доттука...
 
Ахмадинеџад на преставувањето на леталото изјави дека тоа е конструрано за да ги заплаши непријателите односно да ги „држи непријателите парализирани во нивните бази“ и за одбранбени цели.

Убаво си кажа дека леталото е само за заплашување за да непријателите не тргнат од базите, а ако тргнат ќе го срамнат цел Иран.
 
Сеа ќе го лансираат накај Скопје, само смејте се вие.........

.........Со средство за прскање против комарци..........Може да лета 300 километри, таман од тука до Охрид.Тие па ќе помислат дека некој скопски „хомич“ се обидува да им го загади енѕерото па ќе пробаат со зоља од кајче да го соборат.....
Во секој случај и ова што го постигнале Иранците е напредок.Е сега се гледа дека е ограничено со технологија, чим има 300 км. домет тогаш им преостанува уште работа.Само овој Ахмадинеџад е торко, треба да се фокусира на други работи а ако се фокусира на воената технологија неговата држава по урнекот на СССР и Грција ќе се распадне; ќе отиде банкрот.

П.С.
Информациите ви се погрешни, може да прелета и до 1000 километри, не ширете дезинформации:

Mahmoud Ahmadinejad (right) pulled away a sheet to reveal the "Karrar" drone Iran has unveiled what it says is its first domestically built unmanned - or drone - bomber.
President Mahmoud Ahmadinejad said the plane could serve as a "messenger of death", but that its key message was one of friendship.
Iranian state TV later showed the "Karrar" aircraft in flight.
It said it had a range of 1,000km (620 miles) and could carry two 250-pound (115kg) bombs, or a precision bomb of 500 pounds.
http://www.bbc.co.uk/news/world-middle-east-11052023
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom