Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го претстави првиот беспилотен бомбардер и го нарече „амбасадор на смртта за непријателите на човештвото“.
Ахмадинеџад на преставувањето на леталото изјави дека тоа е конструрано за да ги заплаши непријателите односно да ги „држи непријателите парализирани во нивните бази“ и за одбранбени цели.
Леталото е долго четири метри, а промоцијата на леталото “каррар“ се пренесуваше и на државната телевизија.
Иран произведува свои летала од крајот на 80-те години на минатиот век.
Извор: Сител ТВ
