Иран има докази дека Бин Ладен е мртов подолго време

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.332
Иран има докази дека Бин Ладен е мртов подолго време

09 мај 2011 20:51 GMT Извор: dnevnik.hr

7a54d02a-cd63-4633-aff9-689d15274174

Иранските и руските медиуми ја објавија изјавата на ирански министер кој тврди дека убиениот лидер на терористичката Ал Каида, Осама Бин Ладен, бил починат многу пред акцијата на американските командоси.

Иранскиот разузнавачки министер, Хеидар Молесхи, изјавил дека Техеран има докази за тоа дека Осама Бин Ладен починал од болест многу пред акцијата на САД, во која тој наводно е убиен, пренесува агенцијата ФАРС.

Американскиот претседател, Барак Обама, на 2 мај објави дека најбараниот светски терорист е убиен во пакистанскиот град Аботабад, и дека него го убиле американски командоси во брза и тајна воена операција.

„Ние имаме прецизни информации за тоа дека Бин Ладен починал од болест пред многу време“, рекол Молесхи. Доколку американската разузнавачка служба и војската навистина го убиле Бин Ладен, зошто него покажат неговото тело и зошто го фрлиле в море?“, прашува Молесхи.

Телото на Осама Бин Ладен е погребано во море, за помалку од 24 часа од убиството, а ДНК тестот потврдил дека се работи за лидерот на Ал Каида. Сепак, Белата куќа нема да објави фотографии, бидејќи, како што вели гласноговорникот, Џеј Карни, не сакаат да поттикнат насилство и непотребна пропаганда.

http://www.makfax.com.mk/255468/iran_ima_dokazi_deka_bin_laden_e_mrtov_podolgo_vreme
 
И од кај па сеа овие открија дека он одамна бил мртов, што не ја објавеле самите таа вест уште од претходно ако знаеле...
 
И од кај па сеа овие открија дека он одамна бил мртов, што не ја објавеле самите таа вест уште од претходно ако знаеле...
Ха ха, ова му доаѓа како јасновидцине или како и да се викаат, откако ќе се случи нешто после кажуваат :icon_lol:
 
И од кај па сеа овие открија дека он одамна бил мртов, што не ја објавеле самите таа вест уште од претходно ако знаеле...

Затоа што таа вест ќе им одговараше на Американците, а Иран тоа не го сака.

Целата приказна за убиството на бин Ладен е една голема фарса, а сценариото дека тој е починат подолго време е најверојатно точното сценарио.
 
САД трубеа наоколу дека сеуште е жив, за да имаат причина (и дозвола од народот) да продолжат со циркусот наречен “борба против тероризмот“ (т.е. контрола на опиумот во Авганистан).

Иран криеше затоа што веста ќе имаше негативно влијание врз децентрализираната т.н. Ал Каеда, која Иран на велико ја спонзорира и дозволува хероинот да минува преку неа, за да го убива “неверничкото“ западноевропско и амерско “ѓубре“ со својата дрога (во замена за пари со кои се купува оружје за Џихад).

На Барак Хусеин... ова де, Обама бин Ладен... на амерскиот претседател мислам, како и да се вика, му шепнало некое пролетно ластовиче, дека војната за дрога повеќе не е исплатлива, па повлекувањето ќе започне со што ако не, смртта на умот на измислената Ал-Каеда.

И тако ми сви сретни шта смо помозили Амери, радујемо се, као демократи, на смрт несуден криминалац убијен без оружје у рукама, војна завршена, тероризам побеѓен, а Барак Хусеин поново од Наташа Беквалац.
 
Комедија, Пакистан Обсервер тврди дека Бин Ладен е убиен во 2001ва - и тоа после компликациите на болест на белите дробови. :pos2:

Ќе има тепање меѓу Америка и Пакистан како што ми изгледа работава.

http://www.washingtontimes.com/news/2011/may/10/boehner-us-pakistan-make-or-break-moment/


После Пакистан на ред е Кина и трета светска војна тогаш нема да ти биде толку многу смешно...
 
Како не бе. Како и сликите од тестирање на 100 ракети за кои после се испостави дека со фотошоп истите 3 ракети ги местеле. Иран ми е симпатичен (и сакам да направат нуклеарка) али претеруваат понекогаш.

Иран криеше затоа што веста ќе имаше негативно влијание врз децентрализираната т.н. Ал Каеда, која Иран на велико ја спонзорира и дозволува хероинот да минува преку неа, за да го убива “неверничкото“ западноевропско и амерско “ѓубре“ со својата дрога (во замена за пари со кои се купува оружје за Џихад).

Само да те поправам, Ал-Каеда и Иран се смртни непријатели. Иранците се Шиити и се мразат со Сунитите (Арапите и т.н. Ал-Каеда) повеќе него со „неверниците“ бидејќи неверник може да „поверува“ а еретик е еретик. Барем според нив.

Али зато на Хезболах му помагаат и тоа на големо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom