- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.169
- Поени од реакции
- 1.332
Иран има докази дека Бин Ладен е мртов подолго време
09 мај 2011 20:51 GMT Извор: dnevnik.hr
Иранските и руските медиуми ја објавија изјавата на ирански министер кој тврди дека убиениот лидер на терористичката Ал Каида, Осама Бин Ладен, бил починат многу пред акцијата на американските командоси.
Иранскиот разузнавачки министер, Хеидар Молесхи, изјавил дека Техеран има докази за тоа дека Осама Бин Ладен починал од болест многу пред акцијата на САД, во која тој наводно е убиен, пренесува агенцијата ФАРС.
Американскиот претседател, Барак Обама, на 2 мај објави дека најбараниот светски терорист е убиен во пакистанскиот град Аботабад, и дека него го убиле американски командоси во брза и тајна воена операција.
„Ние имаме прецизни информации за тоа дека Бин Ладен починал од болест пред многу време“, рекол Молесхи. Доколку американската разузнавачка служба и војската навистина го убиле Бин Ладен, зошто него покажат неговото тело и зошто го фрлиле в море?“, прашува Молесхи.
Телото на Осама Бин Ладен е погребано во море, за помалку од 24 часа од убиството, а ДНК тестот потврдил дека се работи за лидерот на Ал Каида. Сепак, Белата куќа нема да објави фотографии, бидејќи, како што вели гласноговорникот, Џеј Карни, не сакаат да поттикнат насилство и непотребна пропаганда.
http://www.makfax.com.mk/255468/iran_ima_dokazi_deka_bin_laden_e_mrtov_podolgo_vreme