Иран демонстрира сила!

  • Креатор на темата Креатор на темата no.one
  • Време на започнување Време на започнување
Животот на еден припадник на IDF вреди многу, ама пак 7:1 е 7:1. Можеби имало и подобри односи (во корист на Израел) ама и ова е според општи норми, барем според графата жртви - победа.

Напротив, никогаш соодносот на жртви нема врска со победата, никогаш. Ако беше така тогаш Германија победила во Прва и Втора Светска војна а Конфедерацијата победила во Американската граѓанска војна. И двете наведени убиле повеќе одколку изгубиле војници (па и цивили за Германија) а на крај изгубиле.

- Ирелевантно, во врска со случајов, бројот на жртвите (600-900 на едната и 121 на другата) и целите на инвазијата. Ова е нешто што има врска со некои макро перспективи. Во врска со случајов - не.

Инвазијата 2006 имаше цел да го уништи Хезболах. Хезболах моментално во 2011 е битен фактор во Либан и има 14 места во парламентот, региони каде ни Либанската војска не може да влезе непоканета и подршка од народните маси (пред се Шиити али и други) што значи дека се појаки него 2006.

Имаат и повеќе оружје него тогаш.Или да се изразам (парафразирано) со зборовите на пензиониран Израелски офицер „ако се тепаат боксер од лесна и од супертешка категорија и лесниот не изгуби тоа е пораз за супертешкашот“

Хезболах не е уништен, значи Израел не успеал во намерата.

Е ова е точно и ако некој сака да бара победа на Хезболах, тука објективно ќе ја најде - во неисполнувањето на целите на офанзивата.

Егзекли

Но сепак, фактографски се случи следново. Израел влезе во Либан и го бомбардираше цело време. Потоа си излезе. Ова, плус жртвите ја прават пластично, израелската страна воен победник. Од друга страна, за цело време на конфликтот (и пред него, па и нешто по прекинот на оган) Израел беше ракетиран, но штетата од тоа не е ни приближно иста како штетата што ја претрпе земјата од која дејствува Хезболах (од бомбардирањето и окупационите сили).
Да тврдиш дека воено, на терен, Хезболах е победник е нереално.

Хезболах е победник од проста причина што не е уништен, Израел мораше да се повлече од Либан, Ракетирањето на Израел не прекина до повлекувањето, ако сакаат пак ке почнат.

И секако пак ке кажам сега Хезболах е политички фактор во Либан

Единствено може да се каже дека Хезболах победи, затоа што Израел си зацрта цели кои не ги оствари. Ако целите не ги земеме во предвид, голите факти на бојното поле зборат друго. Едната страна беше окупирана, претрпе поголеми жртви и материјална штета, од другата.

Поголем дел од уништената инфраструктура беше во сопственост на Моронити и Сунити, Шиитите се најсиромашната и најзапоставена група во Либан кои со децении немале друга перспектива од раѓање многу деца и нивно воспитување во духот на Хезболах.Совршен материјал за герила.

Веројатно слатко се смееле на бомбардирањето на нивните традиционални непријатели.

Ќе се сложам со тебе дека целите се битни и од тој аспект можеме да каежме дека Хезболах победил.
Тоа е исто ко што не учеа дека Сутјеска или Неретва се победи. Да, ако се земе во предвид дека целта на Германците не беше исполнета, но сировите бројки во битката (жртвите) зборат друго.

Прва и основна цел на секое герилско движење е да не биде уништено. Жртвите како што кажав се ирелевантни. Русите за 16000 мртви убиле 2 милиони Авганистанци и пак морале да киднат на крај.

Римјаните во војната со Ханибал изгубиле далеку повеке војска од Картагенците но имале доволно да ги сменат и на крај се знае кој станал Империја а кој го снемало.

Тука доаѓаме до тоа да се испитуваме околу важноста на целта на операциите. Секако дека тоа е најбитно, но сакам да потенцирам дека можат сосема објективно да се гледаат настаните и од друг агол, без да се каже - сум згрешил.
Погоре болдираното ме наведува да помислам дека во случај на војна со Иран (со каков и да е интензитет и карактер), нема Хезболах да биде главниот колатерален проблем, колку и да се напињаат. Едно е да сака некој да ги уништи и се бранат на сопствен терен, а друго е они да почнат да преземаат иницијатива (што нема да биде ништо друго освен она нивно соло ракетирање од рандом локации).

Не, извини можеби лошо се изразив, нема да биде главен проблем но сепак како дестабилизирачки фактор не е ни за занемарување. Прв пат и Сунити и Шиити ке имаат ист непријател во исто време......

Нема да е одлучувачко али ке нервира во секој случај. И тоа многу.

Плус сигурно Иран нема да може така ноншалатно да ги помага и да праќа припадници на гардата да се тепаат у Либан, пошто нели ќе биде малку зафатен.

Апсолутно точно. Но ни сега ни порано не можел лесно да ги помага. Но ке може да помага на Моктада ал Садр во Ирак чија организација е базирана на стилот на ХЕзболах и ако се сеќаваш добро ја разлупаа Ирачката армија во Багдад кога требаше (новата И. армија) да покаже што знае.

Моктада сега е во парламент.

- ова не го ни коментирам. Ако сакаш да се вреѓаме - кажи. :p

Таман работа да се вреѓаме. Едвај искочи дебата:p нормална и културна. Само го кажувам моето мислење дека Хамас е како ретардираниот помал братучед на шампионот во уличен фајт Хезболах. Плус збиени се на мала територија и немаат стратешка длабочина. Хезболах ги задржа сите свои позиции во 2006 и интерната инфраструктура му беше недопрена.

Последниов дел од твојот пост веќе заоѓа во еден од корените на проблемот со Иран, а тоа е фактот што западот (читај САД), ги подржува Саудијците како идни главни фаци во целиот исламски свет. Може на Американците им е доста поеднставно они (Саудите) да бидат главни на целата разулавена багра од Мароко до Индонезија, па после они со нив (преку нив) да нметнуваат решенија. Тоа е вака грубо кажано.
Иран е пречка за ова (една од пречките, можеби најголема).

Саудијците со своите Вахаби дегенерици му штетат на целиот Муслимански свет и што побрзо се уништи таа креатира од кралство подобро за цел свет а посебно за Арапите кои можеби така ке доживеат ренесанса.

Неќам Иран да има нуклеарно оружје. Знеш зашто? Затоа што веруј и Саудијците ќе сакаат. И вероватно, ќе имаат некакво право да го бараат тоа. А они, 100 пути поише неќу да имаат нуклеарно оружје одколку Иран.

Абе неќу ни јас, али реално гледано тотално имаат право да имаат нуклеарки, тоа право јас им го подржувам. Само така нема да им донесат „демократија и слобода“ како во Ирак и Авганистан.

Иран имал демократска и напредна власт под премиерот Мосадик. Британија и Америка го кинат во пуч и го носат Шахот. Нормално Шахот како и секоја марионета ги остава договорите кои биле пред Мосадик (кој сакал да ги измени) и доаѓа момент кога Иранците сваќаат дека Бритиш Петролеум годишно од Иранска нафта прави пари како Иран за 40 години.

И јебига пука филм - Ајатолах - Садам напаѓа со благослов на западот (и истокот) - Иран се радикализира и имаме ова што го имаме.

Иран е неосвоив.

Освен со нуклеарен геноцид
 
Секоја демонстрација на сила од страна на Иран ги прави Саудијците се позависни од САД. Верувам дека нив у суштина им е по страв од Иран неголи од Израел.
На Викиликс нели неодамна излегоа транскрипции кои укажуваат на прикриени политичко-дипломатски притисоци врз САД од страна на КСА, да интервенираат у Иран.
 
Ништо нема да биде..
 
Сосема си во право. Израел само сака да преживее на територијата која ја држи и да го задржи Ерусалим. Немаат намера да се шират.
А Иран од друга страна.............
 
Сосема си во право. Израел само сака да преживее на територијата која ја држи и да го задржи Ерусалим. Немаат намера да се шират.
Оттука, лаички претпставувам дека КСА би била за што побрзо решавање на иранскиот проблем (секако по саудијски терк), додека Израел најрадо би го оставиле вака.
Причината е во наклонетоста на другите Муслимани. Израел е ултимативен противник. Помалите фактори од муслиманска провиненција, кога е во прашање соочување со Израел, ќе бараат секогаш закрила (политичка и економска) кај поголемите фактори. Такви фактори кои отворено даваат закрила (при соочување со Израел) се два на број - КСА и Иран. Оние кои се навалуваат накај Иран, нормално, се под многу мало или никакво саудијско влијание. Кога Иран би го немало.... "само еден голем батко ќе има да не брани од лошите Евреи". Нема да има каде се иде на друго место за помош.
Затоа нив им е важно побргу Иран да го нема (како јак играч, ако ништо друго), а Израел е супер за нив да постои. Не го водат лудаци и може колку толку, преку САД да се влијае таму. Може да се преговара со нив. И знаат дека, на пример, мала е веројатноста од чиста мира да им текне да ја нападнат да речеме КСА со нуклеарки. Израел им е супер на КСА за плашење на Муслиманите од регионот кои ќе сакаат да глумат независност или да покушаат да мислат со своја глава.
А Иран од друга страна.............
...оди во насока на ширење на своето влијание кај луѓето во регионот (групи, организации, држави...).
 
Секоја демонстрација на сила од страна на Иран ги прави Саудијците се позависни од САД. Верувам дека нив у суштина им е по страв од Иран неголи од Израел.

Во Сауди постои Шиитско малцинство, а сите Шиити без разлика од каде се, во Иран гледаат покровител.

Саудиска сега сака да има своја нуклеарна програма за да му парира на Иран што е повеќе од страшно.
 
Moj предлог е кој од вас не го гледал последното ( мислам дека беше) продолжение на Zeitgeist ќе видат дека САД, ниту ја загуби Виетнамската војна, ниту во Ирак и Авганистан. Тие војни треба само да се одржат долго време, а не и да се добијат. Како резултат на тоа е дека САД е најголемиот воен профитер во историјата и во исто време ѓи прават финансиски од нив зависни, овие источни земји. Ако немаат корист нема секогаш да се во војна. Тие се подготвени да жртвуваат свои војници, но и свои цивили ( како кога си ги срушија кулите близначки). Војните на истокот се водат за нафтата, не за слобода. А, тоа дека НАТО не може да победи по некоја од тие држава е глупост. Можат да ги срамнат за 24 часа ( овие со динамит и минофрлачи да не им се спротивстават), ама после кој ќе им биде изговорот за тоа што ги експлотираат природните богатства на овие земји.
Предлагам да го погледнете документарецот и ќе сфатите дека ништо не е онака како што изгледа.
 
Остави го Зејтгејст, на тој филм НАМЕРНО лажат. Сигурно имале пристап до сите факти, но некои намерно не ги прикажале, а има и ситуации во кои лажат. Така да не верувам воопшто на тој филм.
Освен последниот дел, кога зборуваат за иднината на човештвото, таму во целост се согласувам. :)
--- надополнето: Jul 1, 2011 7:27 PM ---
Сосема си во право. Израел само сака да преживее на територијата која ја држи и да го задржи Ерусалим. Немаат намера да се шират.
А Иран од друга страна.............

Иран од друга страна.... не го развива нуклеарното оружје за да го уништи Израел. Го развива нуклеарното оружје за да ја "уништи" С. Арабија.
 
ама додека го фатат...американчиња има да полнат дупки.....

Koi dupki be? Sto lupas, kolku zaginaa vo afganistan i irak americki vojnici a kolku afganistanci i iracani, znaes? I pak dvete zemji se pod kontrola na SAD.
 
Koi dupki be? Sto lupas, kolku zaginaa vo afganistan i irak americki vojnici a kolku afganistanci i iracani, znaes? I pak dvete zemji se pod kontrola na SAD.
па нормално дека ќе гинат....еден цитат од 9тата чета.....НИКОЈ, НИКОГАШ НЕ УСПЕАЛ ДА ГО ОСВОИ АВГАНИСТАН! НИКОЈ, НИКОГАШ
освен ако не водат wireless војна...
Исламската Република Иран има право како и секоја суверена и независна држава да прави што сака дома...можам да ти наредам јас тебе да садиш цвеќиња во дворот? не...
Американциве не се привилегирани да бидат најдобри
 
Sto sakas pogolemo osvojuvanje od ova sto sega e vo afganistan, se e diktirano od amerika. Rusija so drugi celi vlegla vo afganistan, niv im bla potrebna samo teritorija za testiranje novi oruzja, nisto drugo.

Islamskata moze da sadi cvecinja no nema dovolno sila kako rusija, kina, indija, da se sprotistavi na amerika. Imas pravo sekoja drzava ima pravo na svoja teritorija da pravi sto saka. No sekako, ce se soglasis deka amerika kontrolira dve tretini od svetov so sila i pari.
 
Авганистан не е освоен....кој те лажи?
во еден пост на една тема напишав..Никој до сега не успеал да го покори Авганистан. Никој, Никогогаш!
има доволно сила да сади цвеќиња дури и да му подари цвеќиња на западот.
тоа да дека контролира со пари, ама и парите не се вечни
 
Neznam sto podrazbiras pod kontrola, ama im go smenija pretsedatelot, im gi crpat prirodnite resursi, kontroliraat aerodromi, granici. Vo slucajov parite se vecni, zosto ako amerika objavi bankrot cel svet ce propadne - domino efekt, vece videno vo 2008.
 
исто така поплнуваат дупки....тие ќе си заминат а ќе ги остават Авганистанците сами......
 
исто така поплнуваат дупки....тие ќе си заминат а ќе ги остават Авганистанците сами......

Vidi sega ako smetame kako vojna a bese vojna, koja strana ima povece zagubi vo covecki resursi?

Jas ne gi branam amerikancite samo sum realen, i se vodam po faktite.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom