Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Германци ќе градат фабрика за био-дизел кај велешко Оризари

biodiesel1-300x292.jpg
Категорија:
Македонија
rating_off.gif
rating_off.gif
rating_off.gif
rating_off.gif
rating_off.gif
(нема гласови)
Објавено: јуни 6, 2012 во 20:25
Вкупно: 49 прегледи
Автор: БезПардон.Мк
Сподели на Facebook
Германски инвеститори се заинтересирани за градење на фабрика за производство на био-дизел гориво во индустриската зона кај велешкото село Оризари. Мено Мулер, еден од двајцата германски инвеститори потенцираше дека нема да произведуваат штетни гасови и нема да се загадува животната средина.
„Ние работиме со зелена еколошка технологија, која подразбира потполно чист производствен процес со заштита на животната средина според европски стандарди“, рече Мулер. На прес-конференцијата беше истакнато дека тие очекуваат за месец до два да ги добијат потребните документи и да почнат да ја градат постројката која би требало да биде готова за шест месеци, а нејзината вредност се проценува на 12 милиони евра. Од инвеститорите беше истакнато дека постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек и за тоа веќе разговарале со надлежните во општина Велес од каде ја добиле првичната поддршка за изградба на фабриката.
„Имавме информативни средби и со граѓаните на Велес, со жителите на селото Оризари и населбата Превалец и ја очекуваме нивната поддршка“, потенцира вториот инвеститор, Антон Корчак, кој вели дека инвестира во Македонија затоа што неговите корени се од велешко. Со отварањето на оваа фабрика првично ќе се отворат 30 работни места, но постои и можност за зголемување на вработените.

http://www.time.mk/read/d028f641ef/f6683b693c/index.html
 
СУТАШ СТАРТУВА СО ПРОИЗВОДСТВО ОД СЕПТЕМВРИ

getImageThumbnail.axd
Инвестиции во повеќе од двојно зголемување на капацитетите за производство на млеко и млечни производи во фабриката на Сведмилк, 100 нови вработувања во првата фаза, изградба на краварски фарми, фабрика за производство на сточна храна и за рециклажа и производство на енергија. Со ваков амбициозен план турската млекарница Суташ го најавува влезот на македонскиот пазар. Откако пред два месеци завршија преговорите за превземање на производствениот погон на пропаднатата млекарница Сведмилк, од менаџментот на турskaтa компанија соопштуваат дека завршени се формалностите за превземање на фабриката, со што се отвара вратата за реализација на плановите на македонскиот пазар, a стартот на производството го најавуваат за септември.
"Нашата цел е го зголемиме присуството на повеќе пазари, освен Македонија и земјите од регионот. Освен капацитетите во Скопје планираме нашите производи да ги пласираме во, Албанија и Косово како и на пазарите во Европа. За да го реализираме тоа планираме со инвестициите кои што ќе ги направиме да го зголемиме капацитетот на преработка на млеко од постечките 70 милиони литри годишно, на 175 милиони литри“ изјави Мухаррем Јилмаз, председателот на Групацијата Суташ. За таа цел планираат да соработуваат со универзитети, производители, со другите соработници од секторот , како и со Владата на Република Македонија.
“За една година бројот на директните вработувања на Суташ во Македонија ќе изнесува над 100 лица , а кога инвестициите ќе се завршат очекуваат тој број да ја достигне 250. Кога ќе се земе во предвид дека секторот на млечните производи создава индиректно вработување и во секторите како што се земјоделство, сточарство, логистика и услуги оваа инвестиција на Суташ ќе вроди значителни резултати од аспект на вработувањето и на поделбата на доходот“ изјави Јилмаз.
По завршување на потребните подготовки во фабриката за млечни производи на Суташ во Скопје од компанијата најавуваат дека со производство ќе се започнат во текот на есенскиот период.
Суташ, лани оствари промет од 650 милиони евра. Компанијата е сконцентрирана во секторот за млеко и млечни производи со своето 37 годишно искуство на пазарот за млеко и млечни производи на Турција. Нуди 69 вида на производи во 6 категории. Суташ кој има капацитет на преработка на 750 милиони литри млеко годишно во центрите за обука, фармите за одгледување на приплод, фабриките за сточна храна, фабриките за млечни производи и во капацитетите за рециклажа и производство на енергија, што ги има изградено, ообезбедува директно вработување за околу 4.000 лица.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85002/sutash_startuva_so_proizvodstvo_od_septemvri.aspx
 
немаме ние врска од животот бе, други ни се криви. сите знаеме дека странците тука дојдоа за да намалат производствени трошкови со тоа што имаме ефтина работна рака.....а и да не се праиме дека сета а разбираме џонсон и џонсон......бараа машински техничари три пати на оглас и неможеа да најдат а им се фалевме со квалификувана рабтна рака........школството ни е лошо и тоа не е од сеа од пред 15 години се растури.....кој ни е крив сеа.....екплоататори имало и ке има....не иде некој туа за нас да ни е арно........:D
 
Капитал репортажа: Кои странски инвеститори градат фабрики во Бунарџик?
БУНАРЏИК КОНЕЧНО СЕ ГРАДИ!

“Капитал“ имаше ексклузивна можност да види до каде е изградбата на фабриките кои минатата година поставија камен-темелник во слободната зона во Бунарџик и колку од нив ќе почнат да произведуваат до крајот на годината. Прва од најавените фабрики којашто почна пробно производство е Кемет електроникс, а за месец и половина се очекува да стартува со производство и Текнохозе. Од новите фабрики засилени градежни активности има руската фармацевтска компанија Протек. Џонсон Мети, кој пред еден месец започна со изградба на втора фабрика, веќе ги постави темелите. Белгискиот производител на автобуси Ван Хул, кој последен најави изградба на фабрика во Бунарџик, веќе работи на расчистување на теренот и за еден месец да почне со изградба на погонот. Забавување на градежните активности има единствено индиски Мадерсон груп, којшто се уште ги нема поставено ниту темелите, иако меморандумот за инвестирање беше потпишан минатата година

Освен фабриките на Џонсон контролс и Џонсон Мети, во слободната економска зона Бунарџик од пред неколку недели со пробно производство започна американската компанија Кемет електроникс. Со тоа, оваа компанија стана трет странски инвеститор кој извезува од Бунарџик.
Полека, но сигурно технолошки индустриски развојната зона Бунарџик од празна полјана почнува да се полни со фабрики.

“Капитал“ имаше ексклузивна можност да види до каде е изградбата на фабриките кои минатата година поставија камен-темелник за изградба на производствени погони во Бунарџик и колку од нив ќе почнат да произведуваат и да извезуваат до крајот на годината.
Освен фабриката на Кемет електроникс, која веќе е изградена, од новите фабрики засилени градежни активности има руската фармацевтска компанија Протек, која во август минатата година постави камен-темелник. Кај Џонсон Мети, кој пред еден месец започна со изградба на втора фабрика до постоечкиот производствен капацитет во Бунарџик, веќе се поставени темелите. Италијански Текнохозе, кој требаше да почне со производство во февруари, се уште ја монтира опремата во погонот што го купи од државата, а старт на производството најавува за еден ипол месец. Белгискиот производител на автобуси Ван Хул, кој последен најави изградба на фабрика во Бунарџик, веќе работи на расчистување на теренот за да може за еден месец да почне со изградба погонот. Забавување на градежните активности има единствено индиски Мадерсон груп, којшто се уште ги нема поставено ниту темелите, иако меморандумот за инвестирање беше потпишан минатата година.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, вели дека до крајот на годината најмалку три од фабриките коишто градат во Бунарџик ќе почнат со производство и извоз. А до крајот на годината очекува уште неколку нови странски инвеститори, коишто се во фаза на донесување одлука за инвестирање.

КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС ЗАПОЧНА СО ПРОБНО ПРОИЗВОДСТВО ВО БУНАРЏИК

Третата фабрика којашто почна да произведува во Бунарџик е американската компанија Кемет електроникс. Иако изградбата на фабриката с$ уште не е завршена, во еден дел кој е опремен со неколку помали производствени линии веќе неколку недели се произведуваат филтер-проводници, коишто се користат во машинската индустрија и во електроиндустријата.
Засега, во фабриката работат околу 15 лица, а до почетокот на август, кога се очекува и да стартуваат со производсво и кога целосно ќе биде монтирана производствената опрема, во првата фаза ќе бидат вработени до 100 лица. Од нив 30 веќе се во Италија на обука.
Гил Гомез, менаџер за проектирање на фабриката на Кемет електроникс во Македонија, ексклузивно за “Капитал“ открива дека пред неколку недели започнале да произведуваат во фабриката во Бунарџик, а стартутваат со производство на само еден производ.
Погонот е целосно изграден, само се чека да пристигнат машините и опремата, кои по монтирањето веднаш ќе се стават во погон.
“Очекуваме да пристигнат неколку нови производни линии од Италија во наредните две недели, а до крајот на јуни е планирано целосно да биде монтирана опремата. Планот на Кемет е да пресели во Македонија дел од производствените линии од фабриките од Германија, Италија и од Мексико“, објаснува Гомез.
Тој го најавува официјалниот старт на производството во Бунарџик за почетокот на август, до кога ќе бидат завршени сите градежни и оперативни работи во фабриката.

“Донесовме тим од стручни лица од Велика Британија, коишто го следат производството и поставувањето на опремата и вршат обука на вработените. Деловите коишто тука ги произведуваме се наменети за Филипс и за Сименс, со кои Кемет има договор, иако засега се произведуваат мали количини“, објаснува Гомез. Тој потенцира дека процесот на стартување на производството е сложен. Треба да ги обезбедат сите документи, обука на вработени, да го поврзат системот и потоа да почнат со производство.
Фабриката којашто е изградена зафаќа парцела од 11.000 метри квадратни, ќе произведува електронски уреди за европските пазари, а предвидено е да вработи 200 луѓе. Вкупната инвестиција на американската компанија во Македонија е проценета на 12 милиони евра. Меморандумот за инвестирање беше потпишан во јуни минатата година. Со ова Кемет електроникс е третата фабрика во Бунарџик којашто започна со производство во Македонија.

ЏОНСОН МЕТИ ДОГОДИНА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ПРОИЗВЕДУВА КАТАЛИЗАТОРИ ВО ВТОРИОТ ПОГОН

Џонсон Мети, која веќе две години произведува катализатори во фабриката во Бунарџик, пред еден месец започна со изградба на втора фабрика во зоната, веднаш до постоечката. Вкупната инвестиција во вториот производствен погон изнесува 60 милиони евра, а се очекува да биде завршена до јуни следната година. Со тоа, британскиот инвеститор планира двојно да го зголеми постојното производство во Македонија. Почетокот на производството е планирано за почетокот на септември 2013 година. Генералниот директор на Џонсон Мети, Џатин Такрар, вели дека одлуката да реинвестираат во Македонија ја донеле поради зголемената побарувачка на катализатори, која ја очекуваат од следната година, кога стапува на сила нова регулатива за контрола на штетните емисии на лесни и тешки возила кои ги наложува Европската унија. Вели дека е задоволен од условите за работа коишто ги имаат странските инвеститори во Македонија, а единствениот проблем со којшто се соочуваат е долгата процедура за добивање дозвола за работа на странци...
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85175/bunardzhik_konechno_se_gradi!.aspx
 
Овој текст заслужува нова тема а не само пост во една генерална тема, овој текст би им го посветил на сите јадачи на бурек за тоа дека ништо не се гради во бунарџик и дека ништо не се случувало таму.....овој текст е чист демант на сите такви мислења на форумот, вклучувајќи ги тврдењата дека владините Road Show немале ефект...
 
WOOOOOOW инвестициски бум .... на секој ќош гледам има фабрика сите се вработивме ...ма немој да ме јебеш бре...
па уште градоначалникот на битола некни гледам дава изјава дека не само шо ќе сме немале невработени туку ќе требало да увезуваме работници од странство:tapp: а во онаа нива шо викаат дека е индустриска зона Жабени има само скакулци и ниедна фабрика
не бидете смешни!!!
 
mnogu dobro napisano, HAHAHAAAA
 
Не го ни прочита текстот цел а јадеш бурек, ај што немаш врска од економија и мислиш дека за неколку години нема да има ни еден невработен во државата дека така иде тоа преку ноќ се , ова е текст за Бунарџик а не за цела Македонија, а дека има фабрики што работат во Бунарџик и тоа големи МНК и и дека се градат и нови фабрики тоа е факт што не може да го демантира никој да дури ни еден форумџија како тебе што јаде бурек......
 
инвестиција е кога ќе дојде некоја компанија шо ќе вработи 1000 луѓе, а не е инвестиција ако некој отвори нужник на сред ливада и ќе каже дека отворил фабрика
 
Абе ако сака и клозети и нужници нека отвараат, само да се има работа. И не е само инвестиција да отвориш работни места. Си има тука и други давачки,даноци. Од мене сите фабрики,погони или како сакате наречете ги имат целосна подршка. Во ова кризно време секое 1евро е добредојдено.Секое 1но вработување е плус за економијата. Камо среќа овие 20години да се отвараа вакви нужници. Мислам дека далеку подобра ќе беше ситуацијата. Се согласувам дека е ова се можеби мали инвестиции, но подобро нешто, него ништо. Се надевам дека сето ова е знак за подобро.
П.С. Сеуште чекам сечење ленти, на ланските фрлени лопати
 
Деца работа нема да ве папа Меца 2 милиони трговци има кај нас кој на кого попрво да му продаде нешто

А буџетот ни е ко закржлавена манекенка
 
Нема Македонија инвестициски бум, од проста причина што светов е зафатен со голема економска криза и рецесија. Во такво едно економско опкружување, никој не инвестира и сите оние што имаат пари, истите ги чуваат.

Сепак многу почитувам што Владава работи на привлекување инвестиции и што ги сведе даноците во РМ на минимум.Само така, во иднина, кога ќе се надмине финансискава светска криза, ќе дојдат инвеститори во Македонија. Според мене треба уште повеќе економски промотори, меѓутоа истите да добиваат процент од инвестициите што ќе ги донесат, а не да работат за плата. И секој кој ќе донесе инвестиција во РМ да добие некаков финансиски надоместок за својот труд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom