Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Оваквиот инвестициски БУМ ќе ја претвори МКД во гето на ефтина работна рака- очекувајте ги и кинезите наскоро да ги преселат своите ф-ки во Македонија- оти поисплатливо ќе им е, и не туку им се радувајте многу, многу на ваквите инвестирања.
 
Да ама овие по фабриките што ќе работат им даваат и јадење затоа можат да преживеат. ;)
 
Во Битола планирале втора фабрика на Кромберг и Шуберт.А новата германска амбасадорка:
Платите се ниски, ама и продуктивноста е ниска :facepalm:

Госпоѓо амбасадорке, пробај со едно полнење гориво во Ауди А8 да патуваш од Скопје до Берлин.
 
Во Битола планирале втора фабрика на Кромберг и Шуберт.А новата германска амбасадорка:
Платите се ниски, ама и продуктивноста е ниска :facepalm:

Госпоѓо амбасадорке, пробај со едно полнење гориво во Ауди А8 да патуваш од Скопје до Берлин.
...никогаш не ми успеало да го одгатнам критериумот по кој кај нас како амбасадори обично праќаат гуски, сомнителни ликови или пијаници у задња фаза...:):):)
 
...никогаш не ми успеало да го одгатнам критериумот по кој кај нас како амбасадори обично праќаат гуски, сомнителни ликови или пијаници у задња фаза...:):):)
Небитна држава, па нереализираниот и исфрустрираниот кадар кој ако го чуваат во министерство само би им правел проблеми, го праќаат за да го тргнат од глава. Или некое партиско пиунче кое ја задолжило партијата ама нема капацитет за директорување никаде.
 
Во Битола планирале втора фабрика на Кромберг и Шуберт.А новата германска амбасадорка:
Платите се ниски, ама и продуктивноста е ниска :facepalm:

Госпоѓо амбасадорке, пробај со едно полнење гориво во Ауди А8 да патуваш од Скопје до Берлин.
Па ќе планираат кога има офци, ако не се пријавуваат стотици кандидати за едно работно место ќе неммат мотивација за втора фабрика
 
Ова е најдобрата придобивка на нашата влада

Темната страна на компанијата ДуПонт, инвеститор во прилепско

ДуПонт е американска компанија и трет по големина производител во светот на: хемикалии, агрохемикалии, полимери, електроника и генетски модифицирани семиња.ДуПонт има свои производствени капацитети во повеќе од 70 земји.По ЕксонМобил и Деј, ДуПонт е трет по големина производител на хемикалии.

Компанијата ДуПонт е основана во 1802 година од страна на Елеутхере Ирене Ду поинт де Немур.Ирене ДуПонт имигрирал од Франција во САД за време на Француската револуција и неколку години подоцна во САД ја основа компанијата.Оваа компанија првично се занимавала со производство на барут.Од 1811 година ДуПон е најголем стабдувач на барут на американската војска, со што автоматски за време на Американската граѓанска војна се позиционира како најголем снабдувач на барут.Во периодот од 1902 до 1912 година ДуПонт го проширува своето производство на бездимен прав и динамит.За време на Првата светска војна 40% од експлозивите што се користат од страна на светските сили се обезбедени од страна на ДуПонт.

Во 1902 година ДуПонт губи судски спор со владата поради монополизирање на бизнисот со експлозив, па поради таа судска одлука ДуПонт мора да основа уште две компании и тоа “Atlas Powder Company” и “Hercules Powder Company”.Во тој период ДуПонт ги основал и првите две индустриски лабаратории со цел да ја подобрат својата воена пушка.Во 1914 година ДуПонт инвестираат во автомобилската индустрија.Периодот од 1920 до 1935 година ДуПонт го откри синтетичкиот каучук, најлонот, тефлонот и полиестерот.

Во текот на Втората светска војна 1941-1945 година ДуПонт станува најголем производител на воените резерви, а исто така ДуПонт одигрува важна улога во Менхетен проект и производството на првите атомски бомби кои што беа фрлени во Хирошима И Нагасаки.За време на истата војна ДуПонт произведува огромно количество на експлозив со што остварува вртоглав профит.Од 1950 до 1970 година ДуПонт на пазарот излегува со уште неколку нови суровини како што е ликрата,пепмасеп, кевлар и други суровини.Во 1981 година ДуПонт влегува во “војна” со наддавање во компанијата Сиграм која што има акции во Конко, која што е една од главните американски компании а нафта и гас.Во 1999 година ДуПонт ги продава своите акции на нафтеното претпријатие “Филипс”.

Во 1999 година ДуПонт станува компанија која што е најголем производител на хибридни семиња кои што се користат во производство на генетски модифицирана пченка и соја.На светско ниво ДуПонт е меѓу четирите компании кои што произведуваат 100% генетски модифицирани семиња и 60% од светските пестициди се водат како нивни производ.Мансанто, Сингента и Баер се останатите три водечки компании во овој “бизнис” .

Монсанто и ДуПонт се длабоко вкоренети во повеќе владини структури низ светот.

ДуПонт плаќа милиони долари на лобисти кои што би ги бранеле политиките на компанијата.Според некои податоци ДуПонт минатата година потрошиле околу 4.8 милиони долари за лобирање.Доколку се погледнат имињата на храна лобистите на компаниите ДуПонт и Монсанто ќе забележиме дека лобистите се лица кои работеле или работат за Владата.

Компанијата ДуПонт низ годините е следена од голем број на скандали, но вистински земјотрес за оваа компанија е обвинението против еден од наследниците поради тоа што првично бил обвинет за силување на својата три годишна ќерка, а неколку години подоцна бил обвинет исто така и за силување на својот 2 годишен син.

Од неодамна оваа компанија заедно со “Етанол Јуроп Ренјувеиблс” од Ирска најавија инвестиција во прилепскиот крај, односо во Мариово.Според првичните министерот за странски инвестиции Бил Павлоски станува збор за инвестиција вредна над 250 милиони долари, а реалцијата ќе почне во 2016 година.Оваа инвестиција опраќа и изгадба на рафинерија за целулозен етанол во Прилеп, но и обработка над 15.000 хектари напуштено, деградирано државно земјиште кое се наоѓа во Мариово, предвидени се 1000 вработувања.

Во литературата е наведено дека пченка stover , Panicum virgatum, Miscanthus трева, трупци од дрва и нуспроизводи од тревници се некои од популарните целулозни материјали за производство на етанол.

Останува нејасно како ќе биде тоа регулирано во Македонија поради тоа што во земјата е забрането увоз, производство и пуштење во промет на генетски модифицирана храна додека државата не стане членка на ЕУ.

Голем број форуми во државата и здруженија кои што се против ГМО реагираат на овие нејаснотии околу увозот и производството на потребните суровини за производство на целоулозен етанол.Познавачите на оваа проблематика сметаат по последниот развој на настаните со Дупонт, тоа претставува влегување на ГМО на мала врата.Не се работи само за намената на ГМО производите туку и за контамининација на прородните посеби преку кросполенизација, плус загадување со задолжителните хибдидни пестицити кои што се задолжителни при производството на овие генетски модифицирани организми.

Како пример за негативните последици од производството на ГМО е дадена Аргентина, земја во која што компанијата “Монсанто” која што исто се занимава со производство на ГМО има своја инвестиција.

Застрашувачки фотографии се појавија на интернет од аргентинци за кои што лекарите констатирале дека се заболени поради пестицидите кои што се користат при производство на ГМО.


Камила Верон

Двегодишната Камила Верон има тешки пореметувања на внатрешните органи кои што се тесно поврзани со нејзиниот инвалидитет.Според мајката на 2 годишната Камила причина за болеста на нејзината ќерка е контаминираната вода во околината каде што живеат поради интензивното запрашување со отровни хемикалии.


Аиса Кано

Алиса Кано живее во селото Авиа Тераи во аргентинската провинција Чако.Таа на своето тело има големо број на влакнести бенки кои што докторите никако не можат да си ги објаснат.Иако оваа болест е невозможно да се дијагностицира, докторите се сложиле дека станува број да вид на вродена мана која што е последица на агрохемикалија која што се користи при производство на ГМО.Уште пострашен е податокот дека во оваа провинција е тоа што е голем ризикот секое четворто дете да се роди со деформитет.

Фабијан Томаси

Поранешен работник на една од плантажите за ГМО, 47 годишните Томаси ја покажува состојбата со неговото тело.Работатната обврска на Томаси била да ги полни прскачите за вода кои што во ниеден момент не смееле да останат без хемикалии.Тој тврди дека никогаш не бил оспособен за работа со пестициди.Кај него е дијагностицирана полинеуропатија.За време на своето работење на плантажите тој припремал милиони литри на отров без никаква заштита, ни нараквици, ни маски или било каква посебна опрема која што спречила негово заболување.

Дали во Република Македонија ќе се воведат некои посебни мерки и стандарди за да не дојде до слична ситуација како овие случаи во Аргентина останува да видиме, до сега Владата го нема објаснето тој дел од инвестицијата.

sharing-caring.png

 
http://republika.mk/?p=336716

Самопрогласените наследници на македонската револуционерна организација буквално ја распродаваат земјата за едно евро по квадрат, а бидејќи голем дел од купувачите ќе бидат турци, џабе потрошени 100 и кусуир години борба, па плус на се кај му ја даваш земјата практично беспари, па уште и со години му даваш секакви повластици за да може он да прави профити и да користи ефтина работна рака.
 
Радио Слободна Европа:
03.11.2014
http://www.makdenes.org/content/article/26671875.html

Слаби резултати во привлекувањето странски инвестиции
Во првите осум месеци од годинава во Македонија влегле околу 176 милиони евра странски инвестиции, што е за 11 милиони евра помалку од истиот период минатата година.
Власта воедно постојано се фали дека Македонија има добра бизнис клима, а како потврда за тоа ги нагласува извештаите на меѓународните организации. Но, бројките засега не и одат во прилог. Последните податоци на Народна банка покажуваат дека во земјава во првите осум месеци од годината влегле околу 176 милиони евра странски инвестиции. Споредбено со истиот период во минатата година има пад од над 11 милиони евра.....
„И ако се гледа статистички, може да се види дека генерално во светот, отприлика странските инвестиции во една земја се движат некаде до 10 проценти од бруто домашниот производ во просек, значи 10 проценти од БДП во Македонија е тука некаде околу 400 милиони евра, значи ако го достигнеме тоа, можеме да бидеме среќни, значи ако толку достигнеме, тоа е отприлика лимитот што може да го направиме“, вели професор Сашо Арсов.
Џабе владината стратегија и постојано мантрање: ‘‘Странски инвестиции, странски инвестиции, странски инвестиции.... и курчење со тоа!
Дури и да се остварат (што не е многу извесно) 400 милиони годишно..... бидејки ни тие не не ‘‘перат‘‘!
Ееее море дунстери! Така се правело држава!?
 
Последно уредено:
Овие па сите со турски услов.
Еве нешто за кое не ви требе турцки

Британската „Ендава“ нова инвестиција од два милиони евра и 450 вработувања
Новата странска инвестиција, британската „Ендава“ ИКТ компанија со седиште во Лондон, за развивање софтвери, во Република Македонија ќе отвори нови 450 работни места во наредните три до четири години, а во првата фаза ќе инвестира над два милиони евра.

Џон Которел, извршен директор на британската „Ендава“, по денешната средба со премиерот Никола Груевски изрази исклучителна благодарност до Владата и другите институции и ИТ компании во земјава за поддршката и нивниот голем интерес за проширување на овој бизнис во Република Македонија.

- Од 40 градови во Европа го избравме Скопје затоа што постои брз раст на ИТ секторот, забрзаниот економски раст и високообразованиот кадар, рече извршниот директор Которел, на заедничката прес – конференција со директорот на Агенцијата за странски инвестиции Висар Фида, додавајќи оти бил импресиониран од условите кои ги нуди нашата држава, а им биле презентирани и на средба со вицепремиерот Зоран Ставревски и директорот Фида.
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=644627#.VFvpYmfU_Vp

Нема адреса на која треба да се прати CV, дали тоа значи дека се партиски веќе примени кандидатите, а ова само формално?
 
http://www.najdirabota.com.mk/vacancy.aspx?vacancy=644627#.VFvpYmfU_Vp

Нема адреса на која треба да се прати CV, дали тоа значи дека се партиски веќе примени кандидатите, а ова само формално?

Клик. Еве постар оглас од нив каде бараат сметководител, имаат наведено емаил адреса. Пушти и прашај ги дали си ан вистинското место.
 
Клик. Еве постар оглас од нив каде бараат сметководител, имаат наведено емаил адреса. Пушти и прашај ги дали си ан вистинското место.
Jobs.Skopje@endava.com

Првпат гледам голема буква во имеил. Дали ова е некаква мамка за меилот да не ти стаса на адресата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom