Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам што правеле тие од службата на т-хоме што доаѓаат да монтираат, но тие кабелот што на другиот крај ми е поврзан во смарт лцд тв, овде во рутерот е поврзан во лан 4, и истиот тој кабел е разделен на два дела по бои на жиците. Овде во лан 4 жиците се со боја: зелена, бела и црвена, а тој другиот дел од кабелот што го ставам во лан 1 каде претходно стои компјутерот, жиците се со боја: кафеава, бела и плава. Еве слика колку што може да се забележи тоа.

16898xf.jpg

Може некој да ми објасни што направиле и што сакале да постигнат?

Инаку другиот дел од кабелот со жиците плава. кафејава и бела ако го ставам во друга порта, лан 2 на пример тогаш смарт тв не ги препознава ставките и се појавува ова објаснување -

b6swt1.jpg

Смарт тв има интернет само ако другиот дел од кабелот го ставам во лан 1, но при тоа морам да го извадам кабелот од компјутеорт и така нема интернет на двата уреди истовремено.

Портите 3 и 4 од т хоме обично се за тв а портите 1 и 2 се за интернет,Се разбира тоа се менува.Кај тебе кога ќе приклучиш кабел од порт 2 на компјутерот ти дава нет или ..?
 
Еве сега пробав, не дава интернет во порта 2. а пишува дека сум конектиран, не ми е јасно. кога сакак да отворам страна не ми ја вчитува.
 
Да немаш менето нешто proxy settings или пак да не си менувал на статичка ип или днс сервери..btw ако мозес пробај дали и јна др. компјутер исто со тој кабел од порта 2 не дава нет.Ако не дава врти на контакт центарот на т хоме и барај екипа да дојде да ти го среди проблемот нели затоа ги плаќаме толку скапо.Бројот е 0800 12345.
 
Ништо не сум чепкал, они така го наместија. Апсолутно ќе им се јавам само да поминат празнициве. Фала на одговорот на моето прашање, поздрав и среќни празници.
 
Имам близу интернет, за студенти шо е и ми дадоа само модем. Е сега земав рутер од макс адсл што го користев претходно. Ги приклучив сите кабли и ми ја даде мрежата и телефонот ми се поврза директно на мрежата шо ми беше на рутерот. Значи поврзано е и пушува connected на телефонот(Сепак нема интернет) а на лаптопот пишува no internet access. Чаре некое, кај што е светилката на рутерот за интернет има и телефонче, да не мора да имам и телефон за да го корситам рутерот на макс адсл, или нешто друго е проблемот. Чаре?
 
Јас мислам дека неможеш да го користиш истиот рутер за друг опертор затоа што се кодирани колку што памтам.
Мене ме интерсира како да најдам листа на e mail адреси на институции и доктори ?
 
Skam da napravam download na evropski curriculum vitae za da go popolnam samosto mi izleva stranica od word so nepoznati karakteri vo smisol ne format na cv,... dali nekoja programa ima so jas ja nemam sto e rabotata ???
 
Го немаш фонтот. Ако можеш симни во пдф и копирај го во word
 
Зошто вака ми прави проблем chorme-от и mozilla-та? (видете го белото околу и сите оние страници (пред се форуми) кои се поставени во средина ми ги става се полево)
MzF5yKa.jpg

A048Yys.jpg

1Mhhh1r.jpg
 
Имам близу интернет, за студенти шо е и ми дадоа само модем. Е сега земав рутер од макс адсл што го користев претходно. Ги приклучив сите кабли и ми ја даде мрежата и телефонот ми се поврза директно на мрежата шо ми беше на рутерот. Значи поврзано е и пушува connected на телефонот(Сепак нема интернет) а на лаптопот пишува no internet access. Чаре некое, кај што е светилката на рутерот за интернет има и телефонче, да не мора да имам и телефон за да го корситам рутерот на макс адсл, или нешто друго е проблемот. Чаре?
Модемот ти е ограничен на една MAC адреса да се конектира (типично за близу). Пробај друг лаптоп спој на тој модем нема да има интернет. Чаре е да во рутерот најдеш опција за клонирање на МАC адреса "MAC clone" и таму да ја напишеш рачно МАC адресата од компјутерот каде имаш интернет. MAC адреса е слично како IMEI број на телефоните, те индетификува на нет по уредот.
 
Зошто не ми работи printscreen па сега, едвај chrome го направив...Работеше до вчера, не знам што му е :toe:
 
Како да симнам музика од Youtube со подолго времетраење, пример 50 минути, саат и нешто.... има такви конвертери? најдов само до 20 минути .... значи не видео туку само музиката ми треба од миксеви...
 
Зошто не ми работи printscreen па сега, едвај chrome го направив...Работеше до вчера, не знам што му е :toe:
Ова не е Интернет и мрежи, ама ајде :D Каква тастатура имаш и пробај со Snipping tool. Скоро исто е, само влечеш со маус колкава површина сакаш. После директно сними како слика.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
Ова не е Интернет и мрежи, ама ајде :D Каква тастатура имаш и пробај со Snipping tool. Скоро исто е, само влечеш со маус колкава површина сакаш. После директно сними како слика.
Незнаев каде точно да го сместам (мислев дека е до хромот) ама со сами апдејти на виндоусот се среди, како и да е фала

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom