Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Linksys WRT54GL со Томато софтвер, значи кога ке снема на wifi интернет, ама на кабел си има, и морам да исклучам рутерот за да дојде на wifi пак, што е проблемот?
Го наместив на секој саат да ми се ресетира рутерот, него има ли опција пример штом снема интернет пример на 1мин автоматски рестарт да си прави рутерот или нема, јас барав ама неможев да најдам.
 
Имам проблем со кабелскиов интернет, значи све си работеше океј и пред неколку дена му текна дека не ми го прифаќа lan-кабелот, среди со enable,ама наредниот ден пак истиот проблем, па после покажа дека е до драјверот update бара. Океј го апдејтиравме и пак истиот проблем, кога и да пробам да се конектирам ми се покажува ова :
dm-0141355293814.png

Пробавме и со други кабли, истото пак, сега после апдејтот го препознава кабелот,ама ми се појавува error цело време.
Има некаква надеж да се среди, само да не го носам во т-мобајл на чување еден месец пошо ми треба лаптопов и интернет општо,а не ми се исплаќа sun wireless картици да земам?
 
Значи имам само еден лаптоп. Модемот ми е само за интернет. Е сеа поврзам го модемо и рутеро арно ама нема неможам да се конектирам на WiFi. Кога го поврзам рутеро со лаптопо тогај имам конекција. Како може да се конектирам на WiFi без лаптопо да биде поврзан со рутеро. На близу (мислам) тие кабли и сра*а се поврзани со тој ресиверот за тв, но бидејќи сум на телекабел немам никаков ресивер ни ништо. Помош некоја?
 
треба да го поврзеш прво со кабел лаптопот и рутерот и затим да креираш ви-фи мрежа, тоа се прави ке напишеш у брусерот 192.168.0.1 или .1.1 на крај зависи од рутерот ти пишува на него од доле на нелпницата и ке креираш мрежа
 
Кога гледам фудбал на флеш ми сецка.Пробав некои совети со деактивација на хардвер аселерејшн на плеерот така беше мислам.Неќе пак,а и комп. не е нешто брз.Совет или некое програмче?
 
Постојано ми паѓа интернетот, на секои 5 минути. На troubelshoot ми го појавува ова на сликата . Ова почна откако сменивме рутер. Пред да го смениме рутерот, модемот се расипа и беше екипа да го смени и го сменија и мрежниот кабел ( бидејќи според нив тој што го имаме бил тенок) Ставија нивни подебел кабел ама на крајот е пак тој претходниот наставан со изолир. Дали може да е проблемот со тој кабел? Untitled.png
 

Attachments

  • Untitled.png
    Untitled.png
    37,2 KB · Прегледи: 12
  • Untitled.png
    Untitled.png
    37,2 KB · Прегледи: 12
здраво, ако пишувам во грешка тема сори, али не најдов посебна тема мислам за ибеј..
не сум купувал никогаш онлајн, па сега сакам да порачам едно палто, ке ви ставам линк и кажете дали цената е 53$ со се шипинг и то.. максимално 53$.. и сега тоа GroBe има 46 и 44.. што број да порачам? висок сум 175, 70 кила.. не ги разбирам овие големините, ако сака некој нека помогне, и за колко време ке ми стигне.. Поздрав
http://www.ebay.com/itm/Adidas-FC-B...Herren_Jacken_Mäntel&var=&hash=item486ee2f68b
 
Како да го решам проблемот со proxy серверот, цело време ми појавува proxy server isn't responding и го средувам преку опциите во интернет експлорер. Има ли некое трајно решение да не го правам ова секој пат?
 
Имам 2 статични и еден лаптоп. На лаптопот и едниот статичен кој е поврзан со интернет кабел интернетот е одличен. За разлика од статичниов на кој имам усб wi-fi стик интернетото е ужасен ама буквално ужасен. Споро отвара, некогаш не ни пушта воопшто, предходно симнував со 6 мб/с сега со 500 кб/с :facepalm:
Фрката е што кабелот намерно го ставив на другиот компјутер зошто е постар и сјебан цел па не може да се поврзе со бежичен интернет и мораше на овој подобриот.

Читам нешто на нет доста луѓе имаат ваков проблем, интернет драјвери курци палци и повеќето како што читам не им се средило ништо посебно.

Некое чаре да го средам проблемов колку толку додека не сум земал нов кабел и да си поврзам ко човек да не се нервирам за глупости.
 
Имам фајл во cbr. од 140mb и треба да го префрлам во pdf. Сите онлајн конвертери што ги најдов се ограничени на 100mb. Помош, чаре? Фала.
 
Имам фајл во cbr. од 140mb и треба да го префрлам во pdf. Сите онлајн конвертери што ги најдов се ограничени на 100mb. Помош, чаре? Фала.
Пробај го ова програмче, не сум го користел ама би требало да е ок.
 
Пробај го ова програмче, не сум го користел ама би требало да е ок.
Не го бива овој друже... Како и да е, завршив работа. Ако некому му треба online file converter без лимит (регистрирањето е бесплатно!) -- https://cloudconvert.org/
 
здраво, користам интернет од One, до вчера без проблем гледав клипови на јутуб во HD, а сега кога ќе ставам HD т.е. 720p одма после 3 секунди ми закочува и споро се полни.
до брзината мислам дека не е, истата си е како што си беше и торенти баш пробав да симнувам и торентите ми се симнуваат со истата брзина ко до вчера
7702078y.png

7702077r.png


хмм, чаре некој да не знае ?
 
здраво, користам интернет од One, до вчера без проблем гледав клипови на јутуб во HD, а сега кога ќе ставам HD т.е. 720p одма после 3 секунди ми закочува и споро се полни.
до брзината мислам дека не е, истата си е како што си беше и торенти баш пробав да симнувам и торентите ми се симнуваат со истата брзина ко до вчера
7702078y.png

7702077r.png


хмм, чаре некој да не знае ?

Направи си тест дали ISP-то ти прави throttle. Еве тука http://broadband.mpi-sws.org/transparency/bttest.php одбери Flash video(e.g. YouTube) и Start testing
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom