Имам еден проблем, мислам дека може да се реши, само што не сум 100% сигурен дали може така како што јас мислам, зашто никогаш не сум пробал, па ако пробал некој, слободно нека ме упати што поточно да направам.
Вака:
На еден другар му се сјеба модемот (Motorola Surfmodem SB5101) оние што ги даваат за кабелски интернет, и сеа сакам да му однесам друг модем и пак да си има интернет (само привремено пошо го однесе овој да му го опраат).
Колку што знам, кабелскиве оператори прво ја регистрираат MAC адресата на модемот кај нив, и после САМО преку тој модем може да зимаш интернет. Ако ставиш друг модем, треба да идеш таму или да ти дојдат да сменат нешто во врска со MAC адресата (дали да ја регистрираат кај нив како друга или незнам).
Е сеа, другаров има и рутер, мислам дека е Linksys, и мислам дека може некако да се клонира претходната MAC адреса од претходниот модем или нешто слично.
Значи, што се треба да направам (ако може) за да му однесам друг модем и тој да си има интернет БЕЗ ДА СЕ ЈАВУВАМ по кабелскиве оператори, да ми мењаат глупости, без да доаѓаат и такви ствари, зашто ова ми треба за околу 10 дена да биде вака. После ќе си биде пак на стариот модем.
Некој да знае нешто поточно за ова како да ми помогне?
Фала :smir: