Без оглед дали користам Yahoo или MSN messinger, постојано со еден ист соговорник(со другите кои се на листа немам ваков проблем) се случува да мои или негови реплики не стигнуваат. На пр. во дното од прозорчето гледам "xxx..xx is typing a message" или соговорникот исто така, а кога ќе се притисне "Enter"(Send) пораката се качува горе, но не стасува кај коресподентот, исто и неговата. Да напоменам, ова се случува и со исклучен firewall, имам пробано и со друг оперативен систем поразличен од Windows XP (Линукс Убунту 5.10) и иста приказна. Соговорникот вели дека и кај него функционира се беспрекорно во конверзација со други коресподенти.
-Има ли некој идеја во што може да биде проблемот?
Ова навистина ми создава голем проблем во комуникацијата, пробав и со комплентно наново инсталирање на оперативен систем, и повторно без резултат.