Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пробај стави му ип рачно да видиме дали пак ќе губи и стави ги днс од гугл.
 
Да не знае некој како да решам проблем со udp port 16000 неможам да играм онлајн на одредени гејминг платформи, ми вика дека е блокиран, пробано е преку рутер и firewall, enabled е ама пак исто.
 
Имам прашање, бидејќи реновирам, пуштив кабли низ станот во црева, е сега откако ги ставив видов дека кабелот за MAXTV што е планиран е FTP, а не UTP, е сега дали ќе може истиот да се искористи или ќе треба да го менувам?

Sent from my ELE-L29 using Tapatalk
 
Треба да направам исплата од една една страна што работев нешто на интернет и сега ми бараат банкарски код (bank code) каде можам да го најдам ова ?
Од банката листот што ми го дадоа сите податоци ги има само ова не.
 
Здраво на сите.Ми стигна уцена некаква дека ке објавеле што како сум гледал по нет,како ме снимале со камерата од компјутерот и телефонот и сите мои снимки ке ги прателе по блиски роднини,пријатели и јавно ке ги објавеле доколку не им уплатам 3500$ :D
Е сега прашањето ми е од каде ми го имаат пасвордот,ми го пишале у заканувачката порака?
Автоматски споено мислење:

Се извинувам ако прашањево не е за оваа тема
 
Здраво на сите.Ми стигна уцена некаква дека ке објавеле што како сум гледал по нет,како ме снимале со камерата од компјутерот и телефонот и сите мои снимки ке ги прателе по блиски роднини,пријатели и јавно ке ги објавеле доколку не им уплатам 3500$ :D
Е сега прашањето ми е од каде ми го имаат пасвордот,ми го пишале у заканувачката порака?
Автоматски споено мислење:

Се извинувам ако прашањево не е за оваа тема
Овие ги нарекуваат sextortion e-mails, не се штетни но најчесто првото видување е страшно затоа што ќе си го видиш твојот пасворд.
Што се случува?
Да речеме си се регистрирал со меил и пасворд на некој сајт. После одредено време, хакери добиваат пристап до базата на податоци на тој сајт и ги собираат сите регистрирани e-mails и лозинки. Потоа ги продаваат на Deep web или некогаш дури и ги објавуваат јавно.
Потоа, се наоѓа некој што креира бот/скрипта што автоматски ќе испрати ваква заканувачка порака до секој меил од листата, вклучувајќи го и пасвордот.
Доброто од оваа порака е што ќе знаете дека некој ви го собрал тој пасворд, и ако го користите било каде, да го смените.
Исто така не е лошо да се отиде и на странава
и да си ги внесете вашите меилови за да видите дали имало упад во некој од сајтовите кај што сте биле регистрирани.
 
Нов претплатник сум на оптички интернет на А1. Го имам следниот рутер HG8145В5. Сакам да пристапам до компјутер преку урл со publuc ip адресата.
Се обидов да поставам port forwarding на рутерот и да отворам порта пример 8080 на ip адресата каде што е компјутерот до кој сто сакам да пристапам од надвор пример 192.168.100.5.
Кога ја отварам преку пребарувач http://192.168.100.5:8080 успева да пристапи од сите уреди кои што се закачени на рутерот, но од надвор не успева.public ip адресата што ја дава кога ке пишам my ip na google е 92.53.xx.xx Дали ова е мојата public adresa со која треба да успер да се пристапи?
Вака http://92.53.xx.xx:8080 не успева.
Во рутерот има уште една ip адреса
од овој тип 100.73.xx.xx. Со неа успева да се пристапи само локално, мислам дека е локална на рутерот?Пробав и со други порти,но повторно истиот проблем.
Подесувањето го направив на следниот начин:


Ќе мозе да ми помогнете како да пристапам од надвор? Што грешам?Што може да е проблемот?Благодарам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom